Само што се вратив од црквата, за жал не можев подолго да се задржам, ја затвораа....Она што го видов, во најмала рака беше чудно.. Златните бои и црвените се како сега да се цртани.. Но само неколку часа претходно не било така. А знам дека не беше така и порано, не влегувам прв пат во оваа црква, добро ја познавам..Се приметувала промената , ако подолго се задржиш да следиш...
Дефинитивно нешто се случува. Не се сметам за голем верник , но знам дека чуда се случуваат. Проблемот е во нашата перцепција на вакви работи. Кога све гледаме од призмата на материјалното и од поглед на технологијата. Па ќе видиме коментари од типот на влијание на хемија, физика, метеорологија...Ќе ги игнорирам „зелените“ коментари од типот дека тоа е заради заграден простор, наплата на паркинг, верски маркетинг и сл.
Ајде да почекаме стручнита лица да излезат со рационално објаснување за оваа појава....Баш сакам да го чујам нивното мислење...
До тогаш, подобро да не користиме сарказам и зафрканции на оваа тема....