за минимален ефект откриен, мислев на оние кои го можат, за што ти не веруваш, за научни истражувања не сум запознаен толку. иако според повеќе научни истражувања имало резултати кои укажувале дека постои минимален ефект, ама ефектот не бил доволен за да се потврди постоењето на телекинезата.
http://en.wikipedia.org/wiki/Psychokinesis#Notable_witnesses_to_PK_events. Воглавно се сведува на недоволен број докази (што не значи дека ги нема воопшто), имало повеќе научници кои ете биле „наивни“ да го испитуваат тоа.
луѓето како Radin и други парапсихолози и психолози се далеку од било што што е блиску до науката. За разоткривањето на повеќето феномени на телекинеза се објаснети со помош на физичките закони како psi wheelot и како резултат на трикови од научното општество. Артиклот од wikipedia на кој ми посочуваш на крај има една завршна реченица :
"Anecdotes such as these - stories by eyewitnesses outside of controlled conditions - are considered insufficient evidence by the majority of scientists to establish the scientific validity of psychokinesis"
Што значи ова? Анегдотална евиденција е евиденција која никогаш не е поддржувана во науката како валидна зошто е подложна на многу грешки и искривувања кои доаѓаат како резултат на меморијата на сведоците која е лесно променлива при дејство на психички фактори кои помагаат да лошо се интерпретира феноменот.
Затоа ни еден сериозен научник не ги зема овие "докази" како релевантни.
Michael Coleman и други слични автори кои се спомнати како учесници на експериментите со телекинеза не се научници. Пробај место да ја земаш евиденцијата која потврдува постоење на телекинеза од страна на сумњиви парапсихолози и слично, прочепкај на интернет за евиденција дека не постои телекинеза и зошто, спореди ги двете страни и види што е порелевантно. Confirmation bias се предрасуди кои се јавуваат како тенденција да се потврди своето гледиште и барање на докази само за да се потврди својот поглед на светот. Еве гледај вака, светот не е лошо место за живеење и без астралната проекција, самовилите и моќите за телекинеза. Свесен сум дека сите луѓе длабоко во себе веруваат дека се посебни и надарени со способности кои се над природното и дека поседуваат телекинетички способности, како и дека се избрани за "посебна мисија" на земјата. Непостоењето на феномени како телекинеза итн. не го прави светот полошо место за живеење и слично, сите ние сме интелигентни и посебни без такви надприродни способности. Повели уште ти важи понудата од Ранди.
http://www.skepdic.com/randi.html
Влијанието на мислите (жал ми е ако премногу буквално го сфаќаш тоа како мислите излагаат како електрични напонски сигнали низ воздухот) врз реалноста може да се поврзе и со квантната физика, а и следниов експеримент наведува на тоа:
Research with random number generators has been influenced by signal detection theory, viewing the effect of PK as weak but real "signal" hidden in the "noise" of experimental results. An effect too weak to be demonstrated in a replicable experiment would still show up as a statistically significant effect in a large set of data; кој пак ете иако ефектот бил значаен, не бил доволен за официјално да се потврди.
Brian Josephson
oauthored a 1991 scientific paper that agreed with the theories of earlier published researchers that consciousness and the creative mind could have a role in affecting the statistical outcomes of quantum phenomena.“
Ете имало респектабилни научници кои сериозно се занимавале со тоа, ама претпоставувам во твоите очи се лековерни и наивни и се занесуваат со „спиритуалности“ некакви. Затоа реков не избрзуј да го прогласиш за факт. Свеста може да влијае од материјата, затоа што материјата е феномен предизвикан од свеста, а не обратно - меѓутоа ова е цела филозофија, да не навлагаме во тоа.
Вака, појавите кои се појавуваат во микро космосот како резултат на доаѓањето на светлината од посматрачот до телото и кои менуваат одредени работи кај партиклот, како принципот на Хајзенберг, одредувањето на положбата на електронот зависно од тоа кој го надгледува, кутијата со мачка бла бла..јадара јадара, сите тие феномени кои се прилично реални важат за микро космосот, но не се манифестираат во макро космосот на чие ниво се наоѓаат невроните на мозокот, предметите итн, кои се покоруваат на Њутновите закони на физиката.
http://en.wikipedia.org/wiki/Signal_detection_theory
ова не е никако поврзано со тоа што е направено со рандом генераторите на броеви за кои постоеше митот дека цифрите кои се произведуваат се резултат на мисловните бранови кои луѓето ги емитуваат кога се наоѓаат во огромен број на одредена локација. Оваа мизинтерпретација која не зема во предвид други фактори како радио бранови, многу мрежи кои се бежични и мобилни телефони на едно место како и рандомнесот врз основа на кој генераторот ги прави бројките, се јавува како резултат на погрешното толкување на законот за големи бројки и апофенија.
http://www.skepdic.com/globalconsciousness.html
http://www.skepdic.com/refuge/radin1.html
http://en.wikipedia.org/wiki/Law_of_large_numbers
Brian Josephson
http://en.wikipedia.org/wiki/Brian_David_Josephson
многу сериозни научници можат да навлезат во сферите на парапсихологијата и другите мистични сфери од различни емотивни причини кои не се поврзани со нивната обученост во практикувањето на научниот метод. Кога одреден научник како господинот Brian, ќе почне да поддржува верувања за кои нема ама баш никакви показатели дека се точни, го губи научниот кредибилитет. Научниците се луѓе како и сите нас и не се имуни на погрешни верувања.
Еве уште еден експеримент од квантна физика, за кој не велам дека е поврзан со темава директно, ама има некои додирни точки, и ете би ме интересирало твое толкување
ова не е ништо ново и не знам како ова влегува во топикот на телекинеза, за што би сакал ти да ми објасниш. Постојат фактори кои не се познати поради кои електроните одбираат различен пат. Ова важи за микро космосот а не за макро космосот и никако не е поврзано со феноменот на телекинезата, туку со феноментот на прекршувањето на светлината од страна на посматрачот што влијае на микро светот. Такви микро партикли можеш теоретски да поместиш во простор без гравитација, со оглед на тоа дека твојата маса ќе е поголема од нивната и ќе ги привлече накај тебе со тоа што ќе го искривиш просторот. Дури и цело дете со помала тежина од тебе можеш да го привлечеш со твојата маса. Во нашиот случај каде што земјата е со поголема маса од нас, таа нас не привлекува итн.
Се на се, не мораш да веруваш, но не мора и со потсмев да пристапуваш кон тоа. Мене ми се случило - сум успеал, не знам зошто мислиш дека те лажам и која би ми била користа од тоа, и ако лажев зошто немаше да лажам дека сум можел да влијаам кон поголеми предмети и слично. А и зарем толку глупави би биле сите тие на кои сум им покажал па да ми веруваат без причина, или сум успеал до толку да ги измамам. За разлика од тоа - телепатија ми се има случена 2 пати - спонтано, така да верувам и во тоа, но не можам да кажам ништо повеќе околу тоа.
Не тврдам дека лажеш, само дека си во заблуда која е резултат на твоите подлабоки верувања во астралниот свет, спиритуализмот, чакри итн. И да, верувам дека луѓето на кои си им докажал дека поседуваш телекинеза се заблудени, ти веруваат, или пак не ти веруваат ама незгодно им е да ти кажат, некои е се ни заинтересирани, некои веруваат во тоа исто како и ти и гледаат ствари....тоа не е чудно, напротив, многу често луѓето веруваат во неточни работи кои се резултат на потпирањето на нашите ни оддалеку перфектни перцепции. А за телепатијата, никогаш не си искусил телепатија да можеш да комуницираш со човек без да зборите итн. Претпоставувам дека си помислил на некој, и си го видел зад тебе или ти се јавил, и пошто искуството ти било емотивно и импресивно си го запамтил, заборавајќи ги искуствата кога си помислил на некој а не ти се јавил што се многу почести. Погоре во law of large numbers linkot ќе најдеш подобро објаснување околу тој феномен.
Иначе феномени на телекинеза кои се огромни можам да ти презентирам во огромен број од различни илузионисти почнувајќи со Uri Geller и завршувајќи со Derren Brown.
Секој феномен на телекинеза кој ќе го видиш е објаснет и може да се реплицира од било кој илузионист. Затоа не можеш да најдеш телекинеза испитана во лабораториски услови а не е анегдотална, не за џабе чичо Ранди нуди кеш.
И не ми се ова аргументи некакви за да те натерам да веруваш - џабе е со таков став како твојот. Чисто дискутираме.
Секако бе друже затоа служи форумов.