Ричард I
Richard I of England
Richard I-er d'Angleterre
Владеење 6 јули 1189 – 6 април 1199Крунисување 3 септември 1189
Претходник Хенри II
Наследник Јован
Регент Елеонора Аквитанска;
Сопруг Беренгарија од НавараТатко Хенри II
Мајка Елеонора од Аквитанија
Раѓање 8 сптември 1157
Погреб Фонтеврутска катедрала, Франција
Ричард I (8 септември 1157 – 6 април 1199)(англиски: Richard I of England; француски: Richard I-er d'Angleterre) бил крал на Англија во периодот од 1189 до 1199 година, од династијата Плантагенет. Тој бил син на Хенри II и Елеонора Аквитанска.Во 1190 година, тргнал во Третата крстоносна војна, заедно со францускиот крал Филип II Август и германскиот император Фридрих Барбароса. Во Светата земја пристигнал во 1191 година, но не успеал да го врати Ерусалим во христијански раце[1][2]. По неговото враќање, австрискиот император Леополд V го заробил во близина на Виена. Од заробништво бил пуштен во 1194 година бидејќи платил сума од 100.000 нарки.
Во времето кога тој бил отсутен, неговиот брат се обидел да го зазеде престолот. По враќањето, Ричард му простил, прогласувајќи го за свој наследник. Во 1194 година тој започнал воен конфликт со Франција. Загинал во опсадата на Шелиз.
--- надополнето: 8 април 2012 во 15:05 ---
По оваа победа, во периодот од 1180 до 1183 година се појавиле повторно конфликти помеѓу Ричард и неговиот татко. Ричард одбивал да го признае принцот Хенри Младиот за престолонаследник на тронот. Во 1183 година, браќата на Ричард ја нападниле Аквитанија, чија цел била да го принудат Ричард кон послушност. Но Ричард, заедно со своите сили успеал да им се спротистави на своите браќа. Заробените во битката биле погубени од страна на Ричард. Принцот Хенри Малиот починал во 1183 година, па конфликтот накратко се ставил во мирување. Следниот поголем конфликт се случил во 1186 година, кога починал уште еден брат на Ричард, Готфрид. Така, Ричард станал најстар син и со тоа станал наследник на престолот. Сепак, сѐ уште бил во конфликт со својот татко.
Во 1188 година, Хенри имал намера Аквитанија да ја предаде на својот најмлад син Јован. Главно поради ова, Ричард бил принуден да создаде сојуз со францускиот крал Филип II Август. Како замена, Ричард му гарантирал на францускиот крал дека ќе му ја отстапи Нормандија и Анжу. Освен тоа, тој дал и заклетва дека ќе стане вазал на францускиот крал и дека доколку стапи на англискиот престол, ќе организира крстоносен поход. Така, тој успеал со помош на Франција да го победи Хенри II. По овој пораз, англискиот крал бил принуден да го назначи Ричард за наследник. На 6 јули 1189 година починал Хенри II, а Ричард на англискиот трон се качил на 3 септември 1789 година
Крстоносна војна
Со освојувањето на Ерусалим од страна на Саладин во 1187 година, Ричард започнал да собира финансиски средства за својата главна норманска војска. За да придобие поголеми финансии, тој ги покачил даноците, распродавал кралски имоти и земји. Тој за крстоносен поход се договори заедно со [Филип II Август]. За Светата земја се упатиле во 1180 година, а Фридрих Барбароса пак отишол од друга насока.
Сицилија
Во септември 1190 година тој пристигнал на Сицилија. Кралот Гулјиелмо II починал во 1189 година. Негов наследник требало да биде Констанца Сицилијанска, која била верена за германскиот император Хенрик VI. Но, Танкред I се побунил и станал крал на Сицилија. Тој имал голема подршка од папата и народот во земјата, но имал големи проблеми со своите роднини. Во целиот тој конфликт се вмешал и самиот Ричард. Неговата сестра, Јована, била сопруга на кралот Гулјиелмо II. Тој захтевал да Танкред го препушти сицилијанскиот трон на неговата сестра.
Така во Сицилија избиле нереди помеѓу локалното население. Во 1190 година, населението од Месина побарале крстоносците да ја напуштат Сицилија. На тоа Ричард одговорил со освојување на Месина на 4 октомври 1190 година. По освојувањето на Месина следувале големи грабежи над населението. Тој во Месина ја поставил својата база, каде се задржал до 1191 година кога дошол до договор со Танкред. Според договорот:
- Јована била ослободена и добила наследство
- Ричард и Филип го признале Танкред за крал на Сицилија
- Ричард го прогласил Артур од Бретанија за свој наследник
- Ричард му дал меч на Танкред, за кој сметал дека е Ескалибур, мечот на Артур
--- надополнето: 8 април 2012 во 15:06 ---
Акра
На Кипар, Ричард добил воена помош од страна на Ги Лизињан. Лизињан бил крал на Ерусалим, но Ерусалим бил под управа на муслиманите. Во јули 1191 година тој заедно со крстоносците ја Опсада на Акра|зазеле Акра. Тој овде дошол до конфликт со Леополд V од Австрија, па така Леополд го напуштил крстоносниот поход. многу бргу по ова тој влегол во конфликт и со Филип II Август, за прашањето околу Кипар. По ова, крстоносниот поход бил напуштен и од страна на Французите. Ричард останал сам.
Тој поседувал 2.600 заробени муслимани. Тој бил принуден Кипар да го предаде на Темпларите, а тие пак повторно го дале на Ги Лизињан. Ричард го прифатил Конрад Монфератски за крал на Ерусалим. Но многу бргу по ова, Конрад бил убиен од непознати причини. Ричард ја зазел Акра со одлична тактика, но заминувањето на францускиот крал му задало голем удар од кој крстоносците не можеле повторно да се воздигнат. Ричард бил принуден да се повлече, бидејќи знаел дека нема големи шанси за зазимање на Ерусалим. Од друга страна пак Филип и Јован започнале да ги зазимаат териториите на Ричард.
Во крајна сметка, тој со Саладин постигнал договор според кој ѕидините на Аскалон требало да бидат срушени, а на христијаните им било дозволено да влегуваат слободно во Ерусалим.
[уреди] Заробништво во Австрија
Лошото време го присилил на Ричард да се засолни Крф, кој бил под управа на Византија. Византискиот император му бил лут на Ричард поради неговата анексија на Кипар, па затоа тој морал многу бргу да го напушти островот. По патот, лошото невреме придонело да неговите бродови бидат уништени. Поради тоа тој бил принуден да се вратил во Англија по копнен пат, минувајќи низ централна Европа. Во 1192 година, тој во близина на Виена бил заробен од страна на австрискиот император Леополд V, кој го обвинувал поради убијството на Конард.
Леополд го предал на германскиот император Хенрик VI. Тој барал откуп од 150.000 марки, кои пари во тоа време претставувале двегодишен приход на англиската круна. Мајката на Ричард започнала да собира средства за откупот, конфлискувајќи злато, сребро, имоти, цркви и слично. Конечно, на 4 февруари 1194 година бил ослободен.
--- надополнето: 8 април 2012 во 15:07 ---
Во Светот станал Познат по Својата Голема Храброст и пожртвуваност во борбата против Неверниците !!!