Пеколот е синоним за страдање, а освен мазохистите, никој друг сам не би избрал опција да помине вечност во таква состојба на постоење. Мислам дека тоа е доволен аргумент дека пеколот не е избор на оние што наводно ќе бидат таму, туку е класична казнена мерка.
Што се однесува до тоа дека самите постапки на човекот, а не бог ќе го однеле во пеколот, тоа се коси со заклучокот кој го донесовме пред малку, и според кој однесувањето на детето (креацијата) е последица од умешноста и способноста на родителот (креаторот).
--- надополнето: 7 април 2012 во 01:13 ---
Тогаш зошто да го сметаме за пекол?
Ако некој добил тоа што посакувал, и ужива во таа состојба, на кој начин тоа е пекол за него?