Спортот како утеха за сиромаштијата!

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе Заптијо Заптијо, аман веќе со овие твои теми во кои нонстоп продаваш некаков НеоКомунизам ! :facepalm:
На секоја можна тема те приметувам дека само кукаш и плачеш и предаваш НеоКомунизам ......... сите не мачи безработицата и немаштијата, некого повеќе, некого помалку, но тоа незначи дека треба нонстоп 24/7 да плачеме и кукаме и да отвараме теми на кои ќе продаваме Неокомунизам и ќе плукаме по се и сешто !
Сите теми ги упропастуваш со твоето цимолење и плукање, а пак темите што ги отвараш се крајно незанимливи и сите се горе-доле исти(продавање НеоКомунизам) !
Секоја им чест на спортистите(кошаркари и ракометари), тие се наши најдобри амбасадори !
Б.Т.В. САД се богата држава, па пак имаат квалитетен спорт и спортисти, исто така и многу други развиени земји во светот имаат квалитетни спортски тимови, така да не мешај човече баби и жаби !
Престани да го користиш форумов за предавање на твојот НеоКомунизам, овој форум не е политички форум, овдека се дискутира за најразновидни теми и области од животот, плус повеќето подфоруми и теми на форумов немаат благе везе ниту со економија, а уште помалку со политика !
 
Муабетов не ти држи вода. Што да кажат дечки што навиваат за клубови од типот Манчестер, Барса, па еве и јас што навивам за Надал. Може Грујо направил некој договор со челниците на клубовите и со тренеров на Рафа се со цел дистракција од македонската економија. Туку ај модерно е, подзамрчете малку инаку не ја бива.
 
Авторот на темата има начнато една мошне интересна национално-општествена тематика, ама за жал ја има усрано на пола пат.

:(

Македонија денес многу ме потсетува на општеството опишано во романот "Храбар нов свет" на Олдос Хаксли.

Вистината денес е удавена во море од ирелеванција. Медиумското тело не преплавува со бесмислени работи:таблети за слабеење, квизови со брзи пари, хороскопи, озборувања за јавни личности, чаршиски измислици, турски серии, нонсенс невладини организации, реалити шоуа...

Медиумите во државава работат според терк да ни го оттргнуваат вниманието од вистинските проблеми, не депривираат од информации, а во исто време ни даваат толку многу серии, програми, податоци, што само не редуцира кон пасивност и егоизам.

Никој денес не чита книги. Како одат годините се плашам дека ќе станеме тривијална култура преокупирана со сликата за себе, х(б)оливудски филмови и секс.

Жртви сме на сопствениот безкраен апетит по работи кои што ни го одвлекуваат вниманието. Иако звучи банално, ова претставува плодна почва за тиранија.
 
Уште за време на Римската империја, власта ја разработила таа шема, позната како panem et circenses. Леб и игри.

и со векови, до сега, се покажала како успешен рецепт. И !?

ооох колку сте ги испреувеличиле и измешале работите. Во животот не е се во парите и богатлукот...

Гледате во сосема спротивната страна од спортот... Токму оној Бразил кој е споменат во првиот пост, економски и социјално се разви (во мал) дел благодарние на спортот.

Точно, луѓето го преферираат спортот за избегнување на секојдневните срања, затоа што во животот мора да има такво нешто. Животот е синтеза на работа и задоволство. Мора да има рамнотежа таму. Доколку нема задоволство во животот, и има само работа, тогаш се враќаме милениуми назад во робовладетелството.

А спортот е само дел од оние работи кои предизвикуваат задоволство без да платиш за тоа. (секако ова „да платиш“ не го сфаќајте буквално)

Но разбирам, секогаш има мрчатори, кои не дека се толку анти-спорт, туку се wannabe smartass, сакаат да се направат паметни, они не се ко нас обичниве смртници...

Крај краева, спортот е еден ОГРОМЕН бизнис насекаде во светот... али добро, вие (ние) не сме навикнати на тоа...
 
Прво, глупавоста на темава не може да се спореди со некоја друга на форумов. Го држи високото прво место на спортскиот пиедистал.
Е сега, кога ќе размислите дека преку спортските успеси постои можност државата да просперира и економски и културно ќе сватите дека и те како сите би имале корист. До тогаш, дреми дома и навијај за Челзи, Милан и остали или уопште не навиај и туфкај се за кавгата со женати зашо не ти дала да ја ебнеш.

А по дифолт, многу е јасно дека ваквите теми ги отвораат луѓе кои воопшто не се занимавале со некаков спорт па не можат да ја разберат еуфоријата која се создава.
Ако разберете некоаш океј, ако не плачете, шо да ви речам.
Ајт.
 
Англија и Германија секогаш се меѓу светски велесили и во фудбал и на економски план. Да беше спортот утеха за сиромашните, зашто ондак сите светски развиени држави инвестираат во спортови (посебно фудбал, како најбитна споредна работа на светот) и се борат да бидат секогаш барем во полуфинале? На светски и европски првенства, баш побогатите држави речиси секогаш се во топ.
Муабетов врска си нема со животот. Спортот е страст, пасија, нешто што те исполнува, те издувува.
Сеа ми текна... а ГОЛФ бе? Па сите милијардери играат голф (не е битно што е за мене е глуп спорт), порано во Велика Британија сите благородници знаеле поло или крикет. Тенис? Па на Вимблдон во први редови само луѓе од ’големото добро утро’ можеш да видиш.
И плус, спортот го промовира здравиот начин на живот. (нормални, фер-плеј спортиски) Подобро деца да играат фудбал, кошарка, тенис, ракомет, отколку да дремат ЦЕЛ ден пред компјутер.
Го претерувате со теориите на заговор, понекогаш.
 
Јас во знак на револт кон државата секогаш сакам да изгуби нашата репрезентација...
Офф лелееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее,човеку немој да бидеш толку мизерен жити све.
 
Мене единствено ме нервира тоа што и овде успејаа да протнат политика и да ќарат гласови. Кошарката ја гледав, и стварно се радував за успехот, ама откако заклучив што се работи и како некој неповикан пробува да се прави добродушен, кренав раце и повеќе не се интересирам. Само им посакувам успех на спортистите. Толку.

баш ме интересира што е заклучокот... :)
 
А и да... јас кога имам проблеми, сакам да се опуштам со музика...
По логикава... музичариве се КРИВИ ЗА СЕ! Намерно ми го одвлекуваат вниманието!! Срам да им е!! :vozbud:
 
Офф лелееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее,човеку немој да бидеш толку мизерен жити све.

Сите сме по малку исполитизирани, од едната или од другата страна, ама вакви типови и типки ко Заптијата Стојков, Везилката и сл. се крајно исполитизирани, па тие дури и самите себеси си се мразат ! А тоа е навистина одвратно чувство !
На секоја тема упорно продаваат НеоКомунизам и 24/7 цимолат и кукаат .............. и јас несум некој голем патриота, па и не сум некој спортски тип, но едно морам да признаам, за прв пат во животот навистина сум почуствувал еуфорија и кога играа кошаркариве и кога играа ракометариве, секоја им чест на спортистиве, а овие само нека продолжат да си предаваат НеоКомунизам и да си плачат по форумов, ко божем некого го заболе Стојко за цимолењето и кукањето на Заптијата и сличните како него !
 
Мене не ми смета ништо но треба да сфатиме дека ракометарите се херои исто како и градежниците кои работат под тешки услови и се борат за парче леб.

Значи професија е професија е сега Заптија лошо се изрази или можеби сакаше да каже дека политика се меша таму кај што не и е местото .Го знаеме тоа Заптијо

Не треба ништо да се меша Митот за предавници или херои е тешка пропаганда и маркетингшки трик исто како Бриколаж и Нептун .

Значи наравоучение секоја професија мора да се цени и сака и да бидеме сложни како што навиваме да ги подржуваме луѓето околу нас . Без хипокризија

Поздрав
 
Јас имам една теза која е сигурно елаборирана од некој попаметен од мене дека во сиромашна држава се базира целокупното живеење на надеж, затоа и во тие општества доминираат и просперираат религиите, кладилниците, игрите на среќа, врачеви, шамани итн, итн.
Овде на спортот и во сиромашните земји да речам му се придава преголема важност од причина што е само надеж дека утре- други ден ќе бидеме рамо до рамо или дури и подобри од вакцинираните Скандинавци и Баварци.
 
^ ама ај тоа настрана, и да е така, и да е спортот утеха за сиромаштијата, не ги сфаќам што тука има негативно !?

Пишав, мора во животот луѓето да си припуштат и нешто што им причинува задоволство. И да не е спортот, човекот ќе прави нешто друго...

А што е спортот толку негативен спрема другите !? Еве, ај, ако не глеа спорт 1 саат нека има полови односи, нека остава поколение пошто тоа е корисно нели. Но и преголемо поколение може да доведе до лоша економска состојба. Ако има секс со заштита па, тука каде е продуктивноста !? Пак се сведува на лична сатисфакција, сатисфакција каква што пружа и спортот.

Може забегав и ја со примеров, али тоа е... не можеме да станеме роботи човече.

Се фаќате за сосема банални работи и ги преувеличувате...
 
^ ама ај тоа настрана, и да е така, и да е спортот утеха за сиромаштијата, не ги сфаќам што тука има негативно !?

Пишав, мора во животот луѓето да си припуштат и нешто што им причинува задоволство. И да не е спортот, човекот ќе прави нешто друго...

А што е спортот толку негативен спрема другите !? Еве, ај, ако не глеа спорт 1 саат нека има полови односи, нека остава поколение пошто тоа е корисно нели. Но и преголемо поколение може да доведе до лоша економска состојба. Ако има секс со заштита па, тука каде е продуктивноста !? Пак се сведува на лична сатисфакција, сатисфакција каква што пружа и спортот.

Може забегав и ја со примеров, али тоа е... не можеме да станеме роботи човече.

Се фаќате за сосема банални работи и ги преувеличувате...

Не мислев дека е нешто негативно, напротив јас уживам во националната еуфорија кога ќе учествува репрезентацијата и ќе има резултат без разлика кои се причините за тоа. Дадов само моја констатација зошто се придава поголема важност на спортот кај нас генерално.
 
Сите сме по малку исполитизирани, од едната или од другата страна, ама вакви типови и типки ко Заптијата Стојков, Везилката и сл. се крајно исполитизирани, па тие дури и самите себеси си се мразат ! А тоа е навистина одвратно чувство !
На секоја тема упорно продаваат НеоКомунизам и 24/7 цимолат и кукаат .............. и јас несум некој голем патриота, па и не сум некој спортски тип, но едно морам да признаам, за прв пат во животот навистина сум почуствувал еуфорија и кога играа кошаркариве и кога играа ракометариве, секоја им чест на спортистиве, а овие само нека продолжат да си предаваат НеоКомунизам и да си плачат по форумов, ко божем некого го заболе Стојко за цимолењето и кукањето на Заптијата и сличните како него !
Тоа е брат,уште па и напишал Бразил таму не се радувале на шампионските успеси,цел бразил славел до неповрат на тие успеси.
Tие херои што ги наброил на секое дете во бразил му биле херои и идоли.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom