Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Денешен Утински весник, донесува напис дека политичарите молчат околу „ 50 % “
Ако имате време погледнете:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B608BC3F8CF6084B97554D09EE9C77DD
Забораваш дека политичките партии се трговски друштва кои работат во име на народот , а за своја сметка. А овде се работи за бизнис, чист монополски бизнис. Кога би се имало добри намери би се инсистирало на две основни работи: демонополизација и прецизно мерење на купената стока..до ниво на киловат.
Демонополизација би се реализирала со издвојување на преносот т.е. цевниот систем како јавни претпријатија во сопственост на општините и задолжително делење на топланите како ентитети и нивно продавање на берза со комплетна дерегулација на производството на топлина.
Произведувачите на топлина тогаш ќе можат конкурентски да го користат преносот и да ја продаваат својата стока според пазарна цена.
Ако и тогаш не најдат сметка, банкротираат.
Вакви луксузи како централно греење се проблематични , ако народ НЕМА ПАРА...
Од друга страна , очигледно замислената сегрегација и бркање на луѓето од нивните огништа е позната работа во капитализмот, но тоа треба ЈАСНО И ГЛАСНО ДА ИМ СЕ КАЖЕ НА ЛУЃЕТО..., а не Хаџи Мишев и пајташи да ги дерат ко овци, тврдејќи дека тоа им е од Бога дадено право...;)
 
Имаш трансакциска, нема ни да осетиш ...бар тоа сега е лесно со трансакциските.

Имаат луѓе трансакциска ама и палка имаат :icon_lol:. Нема во полицискиот извештај тројца маскирани со палки кај извршител затоа што се нема пријавено :icon_lol:.
 
Забораваш дека политичките партии се трговски друштва кои работат во име на народот , а за своја сметка.
Овие твои зборови се за жал трагична вистина, мислам дека со нив сите се сложуваме.
Проблемот со греењето и општо енергетиката го гледам во тоа што ние немаме национална стратегија. 100 евра месечно, цела година, бара Топлификација за греење на еден стан, а тоа не се мали пари ниту во Германија ниту во Италија.
Месечната сметка за греење на стан, не сме да надмине 1200 - 1500 денари., А види што прави Топлификација.
 
Топлификација повеќе не дозволува исклучување од парно
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=56&eventId=47897&page=1
Додека не се донесе нов правилник би требало да важи стариот. Но Топлификација и се е можно.

Ти не смееш да се исклучиш од Топлификација, но затоа ако Топлификација посака да те исклучи, тоа одма ќе го стори. Имаат ли овие некои обврски спрема граѓаните, или државата им загарантирала наплата без оглед дали испорачува топлина или не?
Пред 5 години еднострано ја исклучи нивната топлана во Битола и ги остави Битолчани без греење. Ќе плаќаме колку ќе посакаат, немаме право да се исклучиме, ако они посакаат можат еднострано да те исклучат. Во која друга држава има вакви закони?
Седумстотини семејства од Битола од синоќа останаа без парно греење. Топлификација Битола ги исклучи од мрежата оти нема мазут за работа.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=27982&egId=14
 
против уставен е овој закон ако го донесат... сепак да не заборавиме дека е сега за сега само ПРЕДЛОГ ЗАКОН... што не значи дека нема да го донесат... и напротив народов треба повеке да се буни за да има фајде некое, пошто како шот гледаме политичариве си ќутат...

инаку еве конретно, утре идам на презентација на системи за греење и алтернативи начини на греење поединачно или колективно, на 2 згради на куќните совети односно на собир на станари... едната е во 17ч а другата е во 19ч... едноставно лугето се организирале и одлучиле ЦЕЛИ ЗГРАДИ да исклучат... е ај нека им земат сега 50% ако можат? ете ви го чарето и решењето...
 
Пред неколку часа на Сител е објавена изјава на Председателот на Регулаторната комисија, дека дури во септември ќе објават дали тие што се исклучиле треба да плаќаат 50%.
Ако имате време погледајте:
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/...-dali-i-kolku-ke-se-plaka-za-isklucheno-parno
 
во бугарија плаќале 15%.... ма ни тие не треба...
 
... едноставно лугето се организирале и одлучиле ЦЕЛИ ЗГРАДИ да исклучат... е ај нека им земат сега 50% ако можат? ете ви го чарето и решењето...

...па како што стојат работите, откажувањето на „услугите“ од топлификација од страна на цели објекти летово ќе земе замав...
 
Во Утрински е објавен напис околу плаќањето на 50%
Погледнете ги и коментарите - изгледа некој се пишувани од вработени во Топлификација:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=096226326086664F8E670BF64065AAE0
Треба да размислиме каква тактика да подготвиме. Намерно ќе ја одолговлекуваат одлуката до септември, за да не стават пред свршен чин.
 
Немојте да бидете наивни,уште сега оние што се исклучиле од топлификација нека си повикаат бравар за да ги отстрани цевките што поминуваат низ нивен имот,а топлификација нека си бара чаре од каде ке ги спроведе кон оние што решиле да се греат и понатака.
 
Исклучен сум од Топлификација одамна. Доколку сега почнат да ми наплатуваат 50% од сумата, бидејќи комшиите ми го греат станот, под број еден се селам од МК. Ама бидејќи нема да се преселам, ќе пробам да ги зафркам на финта. Бидејќи тоа што го тврдат они ќе биде прифатено како теорема (вистина која не може да се докаже), значи следствено на тоа, и јас ги греам двата стана што допираат со мојот, бидејќи се греам на парно на струја, од октомври до април не го гасам. Ќе побарам од Топлификација да им даде на нив 50% попуст бидејќи јас ги греам нивните станови, со што директно ги намалувам трошоците на Топлификација, според нивната теорема. После, ќе си се договорам со комшиите, двата стана да ми ги покриваат на мене тие 50%, што поделено на 2 е 25%. Така да, доколку за секој стан сумата е иста, бидејќи сите услови се исти, они ќе плаќаат по 75%, а јас ништо. Поздрав Топлификација:)
 
Пред неколку часа на Сител е објавена изјава на Председателот на Регулаторната комисија, дека дури во септември ќе објават дали тие што се исклучиле треба да плаќаат 50%.
Ако имате време погледајте:
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/...-dali-i-kolku-ke-se-plaka-za-isklucheno-parno

а дотогаш ко што чув од луѓе - не им дозволуваат да се исклучат:eek:
--- надополнето: 7 април 2012 во 21:18 ---
Исклучен сум од Топлификација одамна. Доколку сега почнат да ми наплатуваат 50% од сумата, бидејќи комшиите ми го греат станот, под број еден се селам од МК. Ама бидејќи нема да се преселам, ќе пробам да ги зафркам на финта. Бидејќи тоа што го тврдат они ќе биде прифатено како теорема (вистина која не може да се докаже), значи следствено на тоа, и јас ги греам двата стана што допираат со мојот, бидејќи се греам на парно на струја, од октомври до април не го гасам. Ќе побарам од Топлификација да им даде на нив 50% попуст бидејќи јас ги греам нивните станови, со што директно ги намалувам трошоците на Топлификација, според нивната теорема. После, ќе си се договорам со комшиите, двата стана да ми ги покриваат на мене тие 50%, што поделено на 2 е 25%. Така да, доколку за секој стан сумата е иста, бидејќи сите услови се исти, они ќе плаќаат по 75%, а јас ништо. Поздрав Топлификација:)

;)

a7eda389.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom