Колумната на Венко Андоновски

Статус
Затворена за нови мислења.

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Да? А од кај знаеш кај му била тетоважата на месарот? Може кога се наведнувал по саламата му се симнале пантолоните па се видела... Што вели науката за тоа?
Венко му ја видел тетоважата...Така да мора да била на видно место и голема. Што е лош знак.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.078
Поени од реакции
23.529
а колку би земал еден невработен магистар.
по таа логика што треба месарот да го отера у три пм само затоа што подобро се снашол во животот.
и месарот и си ја работел својата работа, госпожата си барале пеку леб погача. така да и овај е човек па може да му пукни филмот.
а пошто психијтрите се скапи, си рекол ај да си ја олеснам душата со онака неформален муабет. не гледам ништо лошо во тоа освем ако имате проблем со неформални чамче муабети.
или сте премногу на ниво па вие не правите такви муабети. строго професионално само.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Стефус, пред 30 години тетоважите беа асоцијација за криминал. И мислам на тетоважи од типот SOИJA :)
Денес тетоважите се уметнички дела. И не треба да си научник да го заклучиш тоа.
Да сум јас работодавец, поверјатно би вработила некој што се покажува каков што е, отколку некој што ќе одлепи на стари години.
Студијата е од 2006 не пред 30 години и ноаѓа 12 пати поголем криминалитет кај луѓе со тетоважи на видни места. Дека се менува тоа можеби но ретко кој би си истетовирал на лице или врат без да е во најмала рака шлакнат. Инаку е многу тешко да најдеш работа ако имаш истетовирано свастика на чело.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Професорот напиша дека 40.000 денари се плата повисока од неговата. Значи, зема помалку од 40.000 денари, и ако ја избришеме веројтатноста дека зема 0 денари, тогаш неговата плата се движи од 1 до 39.999 денари... 1000 евра се 61250 денари... ве молам “докторе“!
За Венко не знам, но за некои професори на Економски сигурен сум дека земаат повеќе од 40 000. Тука не вклучувам приходи од книгата која што ја издаваат секоја година и сите мораат да им ја купат за да можат да присуствуваат на испит, ниту пак тоа што не се појавуваат на предавања пошто си имаат нешто хонорарно или пак се членови на различни комисии и одбори од фирми. Но ете бидејќи Венко реши да ни објасни за непрофесионализмот на нижата класа, може да почне и својата фела да ја обработува како тема.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
а колку би земал еден невработен магистар.
по таа логика што треба месарот да го отера у три пм само затоа што подобро се снашол во животот.
и месарот и си ја работел својата работа, госпожата си барале пеку леб погача. така да и овај е човек па може да му пукни филмот.
а пошто психијтрите се скапи, си рекол ај да си ја олеснам душата со онака неформален муабет. не гледам ништо лошо во тоа освем ако имате проблем со неформални чамче муабети.
или сте премногу на ниво па вие не правите такви муабети. строго професионално само.
Те молам Владе, човекот имал само лош ден. Овде сите се професионалци сосе Венко и неговата колумна. Во превод Венко има право на лош ден, месарот нема, пошто нели првиов вложил 22 години во образование.

Настрана тоа, брат ми има дури две тетоважи, едната скандалозно се наоѓа на неговата подлактица. Да го терам да ја вади ласерски дур е време, иначе ризикува да стане истетовиран лигуш.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.078
Поени од реакции
23.529
Те молам Владе, човекот имал само лош ден. Овде сите се професионалци сосе Венко и неговата колумна. Во превод Венко има право на лош ден, месарот нема, пошто нели првиов вложил 22 години во образование.

Настрана тоа, брат ми има дури две тетоважи, едната скандалозно се наоѓа на неговата подлактица. Да го терам да ја вади ласерски дур е време, иначе ризикува да стане истетовиран лигуш.
и обавезно од хепатитис да се провери, и веќе кога е таму нека ѕирни да не има кинеска и црнечка крв. пошто како викаат
тој што лажи, тој и кради и вошки има. а чим има тетоважа па уште и две најверојатно има и хепатититс. сигурно бил и во затвор.
а да кажиму дека за месар ич нека не се надева. нема да купват месо од кај него:)
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
...Прво, ќе се тужевме преку тим експерти околу точноста на одговорот. Ако е за инает, јас сум поголем инаетчија од вас.
Одговорот дека Пинокио е направен од „дрвена сперма“ не е целосно неточен...

--- надополнето: 6 април 2012 во 13:30 ---
Венко му ја видел тетоважата...Така да мора да била на видно место и голема. Што е лош знак.
:facepalm::facepalm::facepalm:
Во кој век живееш ти? Очигледно не си се помрднал од пред тастатура па расудуваш од она што си го прочитал на интернет што важело за минатиот и поминатиот век.
Ако имаш тетоважа демек поголеми се шансите да си криминалец и што ти знам друго. Поголеми ГЛУПОСТИ и СРАЊА немам прочитано.
Скоро секој трет што го знам има некаква тетоважа, а ни под разно не е поврзан со некакви криминални дејствиа, туку напротив, образовани и пристојни дечки и девојки се.
И јас имам тетоважа на подлактицата па не сум имал проблеми ниту со законот за плукање по улици, а камоли за нешто поголемо.
Од постовите што ти ги гледам можам да заклучам дека ти живееш во некој твој замислен свет далеку од реалноста, па колку побрзо се вратиш во реалноста толку подобро за тебе.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Сите расправии на темава ме потсетија на една негова друга колумна Да се убие најдобриот.
Народот, пак, е посебна приказна. Збирна, анонимна множина без морал и одговорност кон убавото и доброто. Народот избираше (преку телефонски гласови), не жирито. Истиот народ што во јуни ќе гласа за политичките партии и за власта на која ќе и ја довери својата судбина. И што ќе одбере? Сигурно нема да го одбере најдоброто – тоа го покажа и со отфрлањето на Нико. Народот сака идоли, шупливи кипови, не сака богови. Она што е најдобро никогаш не победува. Сенека на едно место во „Блажениот живот“ вели: „Кога станува збор за човечките работи, тие не се така добро поставени за да подобрите нешта им се допаѓаат на поголемиот дел луѓе; напротив, мноштвото е показател на најлошото“.
Занемарете го македонски идол, само како компарација е употребен. И овде Венко е дрзок и донекаде навредлив спрема народот и навистина не се сеќавам дали беше изложен на линч. Како и да е..

Според мене беспотребно е за субјективна колумна човек да ставите на гилотина. Имате избор, читате или не читате (недај боже да морав да го читам Латас). Секако имате и избор дали ќе мрчите или не. Она што јас имам да го „измрчам“ :icon_lol: е дека премногу се замарате за баналии, и остај тоа, туку и ептен персонално ги доживувате.
И мислам дека премногу буквално сте ја сфатиле колумнава.

пс: А за генерализација (сите месари се со средно и слични други генерализации) ќе ве упатам на Сусаро, ќе ви објасни од каде доаѓа и зошто е потребна (y)
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
--- надополнето: 6 април 2012 во 13:30 ---

:facepalm::facepalm::facepalm:
Во кој век живееш ти? Очигледно не си се помрднал од пред тастатура па расудуваш од она што си го прочитал на интернет што важело за минатиот и поминатиот век.
Ако имаш тетоважа демек поголеми се шансите да си криминалец и што ти знам друго. Поголеми ГЛУПОСТИ и СРАЊА немам прочитано.
Скоро секој трет што го знам има некаква тетоважа, а ни под разно не е поврзан со некакви криминални дејствиа, туку напротив, образовани и пристојни дечки и девојки се.
И јас имам тетоважа на подлактицата па не сум имал проблеми ниту со законот за плукање по улици, а камоли за нешто поголемо.
Од постовите што ти ги гледам можам да заклучам дека ти живееш во некој твој замислен свет далеку од реалноста, па колку побрзо се вратиш во реалноста толку подобро за тебе.
Мене искуството ме учи дека тетовирани луѓе се помалку образовани, посклони кон криминал, и поглупи или барем откачени. Посебно ако имаат големи тетоважи на видни места. Од моите пријатели речиси никој нема тетоважи.
Се разбира нема ништо во мастилото на тетоважата што те прави таков најверојатно е до културата која е поврзана со тоа. Може се менуваат работите но тетоважа не ме асоцира на нешто позитивно. Дури и самата идеја ми е глупа... Мој поглед на работите.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Мене искуството ме учи дека тетовирани луѓе се помалку образовани, посклони кон криминал, и поглупи или барем откачени. Посебно ако имаат големи тетоважи на видни места. Од моите пријатели речиси никој нема тетоважи.
Се разбира нема ништо во мастилото на тетоважата што те прави таков најверојатно е до културата која е поврзана со тоа. Може се менуваат работите но тетоважа не ме асоцира на нешто позитивно. Дури и самата идеја ми е глупа... Мој поглед на работите.
Aко твоето искуство е од времето на дедо Ное, а очигледно е, тогаш да, во право си.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.382
Поени од реакции
4.201
Многу дрндање се удри на форумов а верувам дека малкумина само имаат разбрано што сака да каже Венко. Изгледа многу ликови се препознаа во месарот па се нафрлија Венко. Тоа е така затоа што повекето од нас се или како месарот или еден ден може да станат како месарот и тоа ги плаши па го правдаат а никој не се плаши дека еден ден може да стане како Венко, не дека не сака ама неможе и затоа разбрал- неразбрал плукај по тоа што неможеш да бидеш, плукај по генијалците оти никогаш нема да станеш генијалец. Па кој од вас господо плукачи го има снесено или можи да го снеси јајцето на Венко!? Ако во оваа вукојебина МК во последните 20тина години нешто вреди на полето на книжевноста тоа е Венко, нема друго... се е квазиинтелектуалци и пичкин ветар магистри и доктори кои на завод чекаат некој мајкоебач да ги викни на државна работа оти самите не се способни ни во носот да си бркнат не пак да смислат нешто и сработат и гревот да им го бери тој што им дава титули магистри и за тие да! тие и не заслужуваат повеке пари од сечачот на салами и најчесто и тоа и го работат и плачат како тоа тие многу образовани ете работат по маркети за 200 евра! па бујрум снесете го јајцето на Венко и тогаш секој ке рече дека вистина образованието ви вреди и заслужувате повеке! и да, не сите гниди од професори, ама професори и интелектуалци од калибарот на Венко, репрезенти на државата, секако дека заслужуваат повеке од било кој сечач на салама и тажно е да бидат платени исто. Што работиш ти и колку си платен?- сечам салама, си го прчам курот и земам 40.000,00. а што работиш ти? јас пишувам романи, научни трудови, го бранам македонскиот јазик и идентитет, цел живот ми е учење и земем 40.000,00 денари? па тоа е неправда луге
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Затоа реков, еден угледен и ценет професор не смее да пишува вакви колумни ни под разно, па макар и случката била измислена. Со ваквите колумни тој само ја продлабочува дискриминацијата меѓу народот, која одамна постои во нашите кругови, а професорот како една образована личност треба да се бори истата да се искорени, а не само да долева вода на огнот.

Гледате на пример како колумната негативно влијаела врз нашиот Стефус-Рефус кој тврди дека луѓето со тетоважи не само што се глупи и со ниско образование, туку имаат и хепатит Ц.

Јас лично не се најдов навредена заради тетоважата на некој "тетовиран лигуш", колку што ме навреди дискриминацијата на луѓето со средно. Се на се, целата колумна ја начнува проблематиката на нашето општество која и те како треба да се дискутира, меѓутоа истата е напишана на еден многу навредлив начин така што голем број на луѓе осетила директна лична навреда читајќи ја, а тоа не ми се допаѓа.

И уште нешто... Венко осеќа надмоќ над месарот и пишува супериорно во врска со него исто како што и ние овде чувствуваме надмоќ над Венко и го ставаме едно ниво под нас. Значи сите ние секогаш се ставаме едно ниво над другиот, но повторно ќе напоменам, Венко може да се става над нивото на нашите политичари, доктори на науки и специјалисти ама тоа не смее да го прави врз обичниот граѓанин.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
......јас пишувам романи, научни трудови, го бранам македонскиот јазик и идентитет, цел живот ми е учење и земем 40.000,00 денари? па тоа е неправда луге
Заборави да пишеш "си го прчам курот".
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Што работиш ти и колку си платен?- сечам салама, си го прчам курот и земам 40.000,00. а што работиш ти? јас пишувам романи, научни трудови, го бранам македонскиот јазик и идентитет, цел живот ми е учење и земем 40.000,00 денари? па тоа е неправда луге
А што работиш ти?

И зашто побогу некој што цел ден е на нозе, има попуштени вени и едвај чека да седне нема право да зема плата колку и некој автор седнат во фотеља што посакал да напише книга?

... се прашувам кој повеќе си го прчи
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom