ај еден пример, со прашање, кога веќе дојдовме до тука:
Замисли вака. Се вработуваш во сендвичара, нормално како за привремена работа. Газда ти вика 8 000 почетна плата, ти викаш OK. Арно ама, прво имаш две недели обука, нормално неплатена обука, а му викаш дека имаш искуство и тоа потврдуваш со документ дека имаш работено во сендвичара, ама работата е дека кај него немаш работено... мање битно.
Во текот на обуката, меѓу другото, секој ден те потсетува да кратиш повеќе, да ставаш помалку ќечап и мајонез во сендвичите, и тоа по 10 пати, еееееееј.
Стално ти доаѓа негова пријателка, и како и секој ден, ти вика "стај ми повеќе мајонез", ти нормално уз насмевка и викаш "добро", ама раце ти се тресат, дека газда ќе ти вика пак (се гледа на камера се').
Како ќе одиграш? Оваа ќе му се пожали, ќе поминат тие две недели обука, може да те шутне без грам совест, поради твојата грешка, поради мајонезот. И низа низа низа барања на муштериите.
Ами, што се случува ако некој ти направи промет од 400 денари, а ти му речеш дека го следува само една мала лажица ќечап????
Наредба од газдите, а?
А ако те слушне газдата?
А ако се пожалиш во министрество за труд?
А ако останеш на улица за една лажица ќечап, а?