Правиме опклада дека не била голема?Може да правиме опклада дека не ја прележала ни малата. Со сигурност ја прележала кокошјата, за тоа не прифаќам опклада.
Постои еден јаз кај знаењето помеѓу луѓето за овие 3(три) различни болести.
Првата , Големата сипаница(Great Pox) ја предизвикува бактеријата
Treponema pallidum и е венерична болест(Ова е дадениот назив од историски гледен аспект и е општо прифатен и од западната медицина и општество ). Од ова никој не се вакцинира и мал дел од населението ја "прележува".
Втората, Малата сипаница(small pox) ја предизвикуваат 2 варијанти од ист вирус(
Variola major and Variola minor), соодветно на нив се и симптомите и последиците од болеста. Вакцинацијата од оваа болест е ЗАДОЛЖИТЕЛНА, иако последен случај од истата е забележан во 1972 година, а истата е прогласена за истребена.
Третата, кокошја сипаница, скоро сите ја имаме прележано, иако постои вакцина за истата, не познавам некој да ја има примено(од практични причини). Причинета е од
varicella zoster virus . Интересно е да се напомене дека вирусот останува во телото и при намалување на имунитетот предизвикува херпес(неколку вида)