Нит сум спомнал кабала нит сум спомнал гностицизам, но ко спомна не знам дали знаеш дека Стариот завет на кој се потпираат христијаните и на чии темели стои Новиот завет не е признат од евреите како веродостоен превод на петокнижието. Значи христијаните се потпираат на превод на света книга на евреите кој превод самите евреи го отфрлаат како неточен и несоодветен! Библијјата е воглавном компилација и интерпретација на туѓа религија, не секогаш точно преставена препишана и преведена
Изгубени во преводот...
--- надополнето: 4 април 2012 во 17:40 ---
Исус одговори Нели денот има 12 сати...
Јован 11:9
Кажи ми постар превод, оригинал или верзија од Септуагинтата? На било кој јазик. Постои? Ајде сега книгите или компјутерите в раце па на домашна работа. Тука почнаа муабети у стилу "рекла казала".
За второто: Кој е прв, кој е трет, кој е деветти, кој единаесетти час по библијата (нели преведено на наш начин на мерење)? Иначе системот за кој што зборува Христос е по Римски начин и се пресметува поинаку.
--- надополнето: 4 април 2012 во 17:58 ---
Во моментот кога беше распнат Христос беше големо чудо како што објаснив и првата ноќ се однесува на тоа помрачување за кое говорев предходно. Стихот кој го вадиш ти од контекст нема никакво значење за тоа што вели Христос ден а што ноќ. Во тоа време не се мерело времето како сега. Јона беше пример за Христос, и никој со точност не наведува колку часови од првиот или-и третиот ден кој го поминал во утробата на китот. Го симболизира слегувањето на Христа во Адот. Јона не беше спасител, ниту можеше да спаси некого од утробата на китот. Затоа, наместо да ги броиш часовите на денот и ноќта треба да се даде акцент за тоа големо и несекојдневно чудо кое се случило - за време на полна месечина да се случи затемнување на сонцето бидејќи Земјата се наоѓа меѓу Месечината и Сонцето. Поинаква е таа ноќ, и ноќта која ја имаме секојдневно.
--- надополнето: 4 април 2012 во 18:03 ---
Да не заборавиме дека Септуагината е превод од седумдесет евреи познавачи на законот. Напипана е поради потребата на евреите од дијаспората кои го заборавиле хебрејскиот. Септуагинтата била канонска книга за евреите и сега ти велиш дека не важи? Бидејќи е преведено на најточен начин дека месијата ќе дојде преку дева? Па јасно... како ДЕН од 14 часови