The Hunger Games (Игрите на гладните)

Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Значи првата книга ја прочитав на македоснки, втората и третата на српски затоа пто бев малку нестрплив. Сите се одлични. Книгите ги имате во Топер и цените беа околу 400 денари за една книга. Јас првите две ги пролитав минатото лето, третата ја прочитав пред еден месец.

Со нетрпение го чекувам филмот, ама сакам да го гледам на квалитетна снимка. Филмот сеуште не е пристигнат во Македонија, на америчките листи е прв по гледаност. Гледам го има на торенти, ама не е тоа филингот. Прашав во кино Рамстор, ама немаа конкретен одговор, освен тоа дека имало голем интерес за филмот. Тука имате повеќе информации за филмот:
http://www.imdb.com/title/tt1392170/

Како што гледате пред извесно време го сменив и аватарот. Ако имате било каква ингормација за тоа кога ќе дојде филмот тука, споделете ја.
 
Член од
28 март 2012
Мислења
23
Поени од реакции
16
Јас имам информација, од човек што ги прашал во Рамстор, дека нема да го донесат филмот.. -.-
а инаку и јас чекам квалитетна снимка, доколку не можам во кино да го изгледам, и баш сега проверував, сеуште нема некоја подобра снимка на торент... -.-
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Battle royale much?
Овој серијал е плагијат на Battle royal,манга со иста приказна за деца заробени за остров со ултиматум да се испоубијат меѓусебе,само еден да остане жив.
Коментарите кои ги цитирав ме натераа да го побарам Battle Royale и да го изгледам (времето не ми дозволува да читам уште една книга моментално) и сфатив што сакале да кажат MrChalo и Max Legend...
Сузан Колинс дефинитивно ја има прочитано книгата на Коушун Таками, а откако го изгледав филмот се поверојатно ми е дека го начекала филмот на некоја телевизија, наместо приказната за реалните шоуа и гладните деца од Африка што им ја нуди на публиката како идеја за приказната.
Едноставно, Тhe Hunger Games и Battle Royale се премногу слични, а од годината на издавање на книгите и филмовите, на секој ќе му е јасно кој кого копирал.
Само едно нешто ќе кажам: што ти е Америка, значи...
 
Член од
28 март 2012
Мислења
23
Поени од реакции
16
Не можете да зборувате со сигурност. Денеска има толку многу книги, што некој да можи да ги провери сите мислам дека ќе најди стотици книги со иста тема. Сигурна сум дека постојат многу други книги за кои што не знаеме, а се многу слични на Игрите на гладните. Не велам дека не ја украла идејата, ама можно е да и се родила идеја откако изгледала реални шоуа, а мене искрено не ме интересира многу како ја добила идејата, битното е дека напишала феноменална трилогија. Ја почитувам жената како писателка, затоа што напишала нешто што успеа да ме фасцинира, а во тоа успеале само уште две други писателки JKRowling и Richelle Mead.
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Не можете да зборувате со сигурност. Денеска има толку многу книги, што некој да можи да ги провери сите мислам дека ќе најди стотици книги со иста тема. Сигурна сум дека постојат многу други книги за кои што не знаеме, а се многу слични на Игрите на гладните. Не велам дека не ја украла идејата, ама можно е да и се родила идеја откако изгледала реални шоуа, а мене искрено не ме интересира многу како ја добила идејата, битното е дека напишала феноменална трилогија. Ја почитувам жената како писателка, затоа што напишала нешто што успеа да ме фасцинира, а во тоа успеале само уште две други писателки JKRowling и Richelle Mead.
Деца што се убиваат меѓу себе, протагонист што одбива да ја игра играта така како што организаторите му „свираат“, две вљубени души кои се обидуваат да се заштитат меѓусебе за време на играта, двајца победници (кои случајно се вљубени еден во друг) остануваат живи на крајот... ring a bell?
Не, не постојат многу други книги на таа тема, освен можеби некои аспекти кои се гледаат во The Long Walk на Стивен Кинг. Меѓутоа, темата за меѓусебно убивање на човечки суштества, уште позната како гладијаторство, постои уште од античко време. Работата е кој прв ја има повторно актуелизирано и „побрутализирано“ со тоа што ставил деца, наместо возрасни луѓе. Е, овде веќе може да се дебатира и да се дискутира.
Дали Сузан Колинс напишала нешто фасцинантно или не-баш-толку-фасцинантно исто така е дискутабилно, затоа што овде веќе станува збор за вкусови. Според мене (како што споменав и во првиот пост) ѝ фали оној X-фактор кој за мене писателот го прави добар. Можеби знае да си ги организира идеите, да го осмисли заплетот и слично, но ТОА нешто што за мене го прави писателот добар или лош ѝ фали на Колинс. Би се осмелил да кажам дека Стефани Мајер (авторката на The Twilight Saga) го има тој X-фактор, и покрај тоа што жената очигледно нема поим како да си ги организира идеите и да осмисли добар заплет на книгата (што повторно не можам да ја наречам добра писателка).
Роулинг веќе е друга приказна и мислам дека доволно има кажано за неа за да не се споредува со писателките кои што веќе се погоре споменати.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Фантастична трилогија, останав без зборови на крајот од првиот дел, вториот дел е продолжение на приказната од првиот и најава за вториот, исто фантастичен. Но третиот дел- е тука веќе, крајно разочарувачки. Те води, патуваш, патуваш... за на крај нишо да не испадне али ајде.. нема везе, во глобала е добар али можела да смисли по фасцинантен крај. Јас си го променив крајот по мое, така да сега почна да ми се свиѓа:icon_mrgr:. Да видеме што ќе биде со филмот, ма да прочитав доста добри критики, како азпазување на детали од книгата, добар избор на глумци и уште подобра глума. Доста добро биле изведени арените (што мене ми беше премногу битно), премногу добри ефекти, Lion Gate продукција, така да, не верувам дека ќе ме разочара... чекам торент:)
кога ќе најдеш торент, те молам прати ми во порака ;)
 
Член од
28 март 2012
Мислења
23
Поени од реакции
16
Би се осмелил да кажам дека Стефани Мајер (авторката на The Twilight Saga) го има тој X-фактор, и покрај тоа што жената очигледно нема поим како да си ги организира идеите и да осмисли добар заплет на книгата (што повторно не можам да ја наречам добра писателка).
Не ми е јасно кој ти е тој Х-фактор што Мајер го има а Колинс не. Бев фан на Самрак еден период, ама сега кога ќе ги читам пак книгите, не ми е јасно што сум видела во нив.. стилот на пишување е.. па, за деца од10ина години. Ама добро рече, се работи за вкусови. За мене, Колинс го има тој Х-фактор што ти го спомнуваш, али очигледно кај мене и кај тебе тој Х-фактор се разликува и тоа многу.
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Не ми е јасно кој ти е тој Х-фактор што Мајер го има а Колинс не.
Знае да си игра со зборовите и знае да пишува, иако неорганизирано (како што споменав порано). Колинс не знае да си игра со зборовите како што треба, па затоа некои делови од трилогијата ми беа здодевни.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
филмот ќе биде доста добар. Едвај чекам.
 
Член од
28 март 2012
Мислења
23
Поени од реакции
16
Знае да си игра со зборовите и знае да пишува, иако неорганизирано (како што споменав порано). Колинс не знае да си игра со зборовите како што треба, па затоа некои делови од трилогијата ми беа здодевни.
Јас го мислам спротивното. Баш Колинс знае да си игра со зборови а не Мајер. Дури и кога бев огромен фан на Самрак, во книгите на некои моменти ми било многу досадно, а во Игрите на гладните, ни еден единствен момент не ми било досадно. Ако за тебе повторувањето на 4-5 збора насекое во четири книги (velvet, dazzling smile, glitter...не ми текнуваат други во моментов ама книгите од пред 3-4 години ми се читани) е играње со зборови, за мене не е. Стилот на пишување на Мајер не ми се допаѓа воопшто, едноставно ми се смачи од читање на прелесна литература.
 
Г

Гучи

Гостин
Ги има на англиски во нашиве книжари? Ако не, ги има сите 3 во пакет на амазон.ком. 38 долари се со се шипинг, ако го интересира некој :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
кога ќе најдеш торент, те молам прати ми во порака ;)
Би требало да искочи за месец- два, ако забораам да ти пишам, прати ја замунда, секогаш искачаат торенти со добар квалитет.
 
Член од
28 март 2012
Мислења
23
Поени од реакции
16
А книгите на Колинс и Мид се тешка литература?! o_O
Хахаха НЕ! Не ни реков така. :) Убаво си кажав, ми се смачи од читање ПРЕлесна литература, а од Мајер таква е. Никогаш не реков дека книгите на Колинс и Мид се тешка литература. :)
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Од толку многу што бев со очекувања за филмот, на крај добив само едно :confused:
Само што го изгледав и искрено очекував мноооогу повеќе!!!
Мислам дека доколку некој ја нема прочитано книгата, а го гледа филмот ќе се чувствува изгубен... не знаејќи што се случува. Јас дека ги имам прочитано сите 3 книги и знаев што е и како е, а во спротивно мислам дека ќе се чудев. Некако не е изразено убаво, нема многу емоции, нема многу зборење, нема... Да, го нема тоа што може да се долови преку книга, но и преку филм, а посебно преку овој очекував многу повеќе од понуденото...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom