Te prasav kako se gledase na trojstvoto (ako vo takvo nesto se veruvase i vo vremeto na Isus i ako i Isus na toa gi ucel) koga Isus bil mrtov na tri dena ?
Еве „...библиски цитат...„ (што би рекле протестантите..) од кој е повеќе од очигледно дека Христос ги учеше своите ученици на Троичноста Божја:
„...Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името од Отецот и Синот и Стетиот Дух...„.(Матеј, 28.29).
Значи, сега сме „на чисто„ дека и Христос учел за троичноста Божја!
А што се однесува до делот од прашањето, каде велиш „...како се гледаше на тројството...„, одговорот е следен: Бог Е Троичен и неразделив. Он не се дели по ниту еден основ! Така, кога Христос, беше погребан со своето тело во камената гробница, духот Христов:
- беше во Рајот, во петокот, по распетието, заедно со покајаниот разбојник од крстот (види во Лука, 23.43),
- беше во пеколот, во саботата (наредниот ден), за да им го пренесе евангелието на душите од упокоените праведници,
- воскресна телесно, во неделата наутро.
Во текот од тие денови, исто како и пред нив, Христос беше во ипостасна заедница со Синот Божји, т.е. Синот Божји бил/Е цело време заедно со Христа, човекот. Затоа, Христа Го нарекуваме и Богочовек: и Бог, ради Синот Божји и човек, ради Исуса Христа, човекот.
--- надополнето: 4 април 2012 во 09:23 ---
Од друга страна, за да бидеш ирационален, доволно е да веруваш во божества.
Световната историја (не само црковната!), ни‘ сведочи дека СИТЕ историски познати народи и цивилизации, имаа и религии, и никој за нив не рече дека се глупи, затоа што биле и религиозни! А нивните цивилизациски домети, делумно/руинирано, се‘уште постојат, на кои се‘уште се воодушевуваме, за разлика од денешните цивилизациски домети, кои се сведуваат на тоалетна хартија за еднократна употреба!
И сега, се родил некојси таму Маркс, на кого ниту една религија и ниту еден општествен поредок не му биле по кеифот, ама токму тој, Маркс, се нафати да се занимава со испразно теоретизирање (засновано на социјал-утопијата!!!), и, ѓоамити, ни‘ докажа дека „...религијата била опиум за народот....„!
Ајде де!