Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Бог постои безразлика дали некој верува или не. Имаш право дека тоа не е целта на Христијанството бидејќи Бог постои, безразлика дали некој верува или не. За тоа сведочи Православната Црква. Од друга страна, слободната воља која е дадена од Бога за човека и е печатот дека е створен по икона (лик) и подобие Божје му дава за право секој да си одбере дали ќе му верува или не.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Пророци, апостоли и слично се тоа што ја издржува верата христијанска? Останатите случки по потопот(кој го преживеале 2 милиони животни во дрвена арка долга 140 метри, 20тина широка и 10тина висока (?!)), на пример како се раширил живиот свет на другите континенти?
Атеист е човек кој не верува во постоење на Бог. Не значи дека тој човек има познавање од било која научна област. Освен тоа, веќе долго време никаде во светот не се ни дебатира дали еволуционизмот е плаузибилен или не бидејќи има тони евиденција дека е.
Насекаде во светот се води како Дарвинова теорија и имаш тони евиденција дека не држи вода. Грешиш дека не се дебатира за веродостојноста. Напротив! Од кај знаеш дека не собирало во арката по пар од секој вид животни, си пробал да ги ставиш? Ете ти идеја за научен експеримент!!!
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Може ли некој да ја упрости личносната онтологија? Летото ми е помило, пролетниве ветри и маглишта ми се некако нејасни.
Онтологија или збор, наука, слово за битието,кој термин не се користи во философијата до 17век, кога за прв пат се употребува итн... Меѓутоа смислата му ја дава (иако сам се служи со него)Аристотел,т,е,на онтологијата како наука за "битието како битие", за постоењето и вечното постоење- тоа што го нарекол "суштина", односно прва суштина што значи конкретно битие, и втора суштина што значи општо битие. Прим. Сократ -конкретна, човек-втора суштина.
Личноста е ипостас(носител на постоењето,битисувањето), оттука е и Личносната Онтологија.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Насекаде во светот се води како Дарвинова теорија и имаш тони евиденција дека не држи вода. Грешиш дека не се дебатира за веродостојноста. Напротив! Од кај знаеш дека не собирало во арката по пар од секој вид животни, си пробал да ги ставиш? Ете ти идеја за научен експеримент!!!
Пробано е да се стави... имаше и математички задачи и теорија сите животински видови да се земени во епрувети, пак нема начин да се спасат сите и да се сместат во тие димензии...
Догмата вели дека ете се собрале... но подобро да беше теорија... има начин за усовршување тогаш.
Можеби не треба да се гледаат тие информации дословно... што велите вие?
--- надополнето: 4 април 2012 во 01:43 ---
Батали Theory, дај ми Facts!!!
Што смета еден богоугоден христијанин кој што се плаши од богот(од било која црква) за повистинито и точно:
1. Нешто што е теорија
2. Нешто што е догма

и ако може да образложи зошто баш така и дали важи за сите христијани.

Гледам многу се плука на нешто ако е „теорија“ па затоа прашувам.

Ако може, гледам ептен нешто имаш против теоријата...
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208

Научен експеримент се врши од страна на кадар, едуциран и оспособен со опрема за работа. Инаку, теорија е концепт изграден врз основа на огромна постоечка евиденција на која и се базираат предвидувањата околу истата. А еволуцијата е силна теорија.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Пробано е да се стави... имаше и математички задачи и теорија сите животински видови да се земени во епрувети, пак нема начин да се спасат сите и да се сместат во тие димензии...
Догмата вели дека ете се собрале... но подобро да беше теорија... има начин за усовршување тогаш.
Можеби не треба да се гледаат тие информации дословно... што велите вие?
Грешиш! Има потврдување на фактот од страна на едни (твои) рабинчиња дека во арката собира од секој вид по пар. Што праиме сега? Батали перчење, треба да се постават вистински прашања, а ги имаше доста вечерва на што сум премногу задоволен.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Батали Theory, дај ми Facts!!!

Очигледно е дека немаш апсолутно никакви познавања во врска со тоа што е научниот метод и како работи тој. Науката се бави со плаузибилност, статистички предвидувања на одредени настани, математички прогресии и слично.
--- надополнето: 4 април 2012 во 01:47 ---
Грешиш! Има потврдување на фактот од страна на едни (твои) рабинчиња дека во арката собира од секој вид по пар. Што праиме сега? Батали перчење, треба да се постават вистински прашања, а ги имаше доста вечерва на што сум премногу задоволен.
Папирологија од истражувањето, ако може, те молам?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Грешиш! Има потврдување на фактот од страна на едни (твои) рабинчиња дека во арката собира од секој вид по пар. Што праиме сега? Батали перчење, треба да се постават вистински прашања, а ги имаше доста вечерва на што сум премногу задоволен.
Ете невски како богоугоден христијанин, секогаш непријателски настроен кон рабините и кон мене... љуби ги сите, вели Исус, мил мој Невски... Не биди полн со омраза... едно зборуваш а делата ти се други!!!
Ќе ти дојде некој ангел да те укори како што беше и со седумте цркви во Азија! Не го лути Синот...

Ајде уште еднаш да прашам дали ќе добијам одговор!

Што смета еден богоугоден христијанин кој што се плаши од богот(од било која црква) за повистинито и точно:
1. Нешто што е теорија
2. Нешто што е догма

и ако може да образложи зошто баш така и дали важи за сите христијани.

Гледам многу се плука на нешто ако е „теорија“ па затоа прашувам.
 
Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Научен експеримент се врши од страна на кадар, едуциран и оспособен со опрема за работа. Инаку, теорија е концепт изграден врз основа на огромна постоечка евиденција на која и се базираат предвидувањата околу истата. А еволуцијата е силна теорија.
Еволуцијата има главен проблем кога верува дека и најпростите организми се раѓаат од организми од истиот тип и никако од некој друг вид. Научно докажано! Но, најважнотот тука е дека дарвин се користи со кабалистички, теософски теории за Бога - или за светот на окултистите. Тоа е друга тема и за тоа треба на долго и на широко...
--- надополнето: 4 април 2012 во 01:56 ---
Папирологија од истражувањето, ако може, те молам?
Гуглај малце, ги имаш милион.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Еволуцијата има главен проблем кога верува дека и најпростите организми се раѓаат од организми од истиот тип и никако од некој друг вид. Научно докажано! Но, најважнотот тука е дека дарвин се користи со кабалистички, теософски теории за Бога - или за светот на окултистите. Тоа е друга тема и за тоа треба на долго и на широко...
Мешаш некои поими ти Невски... затоа и го избегнуваш и се лутиш на прашањето мое...
Еволуцијата не верува... луѓето веруваат... Еволуционистите даваат теорија... не веруваат... верувањето е одлика на верници и оние на кои им е помила нели догмата...

Вака јас си прашувам јас си одговарам...
Што убаво...

Но нема крај ова... утре од сабајле ќе правиме „партали“ пак :)
Добра ноќ на сите...
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Пробано е да се стави... имаше и математички задачи и теорија сите животински видови да се земени во епрувети, пак нема начин да се спасат сите и да се сместат во тие димензии...
Догмата вели дека ете се собрале... но подобро да беше теорија... има начин за усовршување тогаш.
Можеби не треба да се гледаат тие информации дословно... што велите вие?
--- надополнето: 4 април 2012 во 01:43 ---

Што смета еден богоугоден христијанин кој што се плаши од богот(од било која црква) за повистинито и точно:
1. Нешто што е теорија
2. Нешто што е догма

и ако може да образложи зошто баш така и дали важи за сите христијани.

Гледам многу се плука на нешто ако е „теорија“ па затоа прашувам.

Ако може, гледам ептен нешто имаш против теоријата...
Конкретно во Православната црква, сето она што го знаеме за Бога, за постанокот итн. е Личносно, Живо откривање на самиот Бог , историското, натприродно, конкретно раѓање на Синот(Исус) во светот. Тој ја создава Црквата, а пак Таа Светото писмо, кое е пишувано низ долг историски период до апостолите, на јазик соодветен на тој период.
Она што во Постанокот го пишува освен главната поента да речеме, научна е тоа дека потеклото на материјата е ex nihilo, другото има теолошки карактер.
Црквата нема проблем со науката, и она што е откриено од неа е во прилог на учењето на црквата.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Конкретно во Православната црква, сето она што го знаеме за Бога, за постанокот итн. е Личносно, Живо откривање на самиот Бог , историското, натприродно, конкретно раѓање на Синот(Исус) во светот. Тој ја создава Црквата, а пак Таа Светото писмо, кое е пишувано низ долг историски период до апостолите, на јазик соодветен на тој период.
Она што во Постанокот го пишува освен главната поента да речеме, научна е тоа дека потеклото на материјата е ex nihilo, другото има теолошки карактер.
Црквата нема проблем со науката, и она што е откриено од неа е во прилог на учењето на црквата.
Нели е повистинито дека се што знае православната црква за постанокот за богот е од евреите и нивниот закон?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom