Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Фала не комплиментот... и не се обидувај да ме навредиш, нема да ти успее...

Добро според тоа што го зборите, православните христијани биле и се во заблуда, зошто свештениците баш на тоа учат дека бог, светиот дух и исус е едно исто, т.е едно...
Посочи конкретно каде го има ова.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Една личност е еднаква на ниедна личност, потребата за личносна, екстатика или проникнување, го овозможува онтолошкото егзистирање.
--- надополнето: 4 април 2012 во 00:57 ---
Ако не сум Јас не си ни Ти, тоа е личносната онтологија.
И уште, една личност постои само кога општи со друга, или повеќе. Затоа е толку важна врската меѓу сите личности, не само внатре во Света Троица, туку и кај луѓето. Човекот кој е осамен и не општи (нема однос, се мисли на врска) останува изолиран и за таквите случаеви грчкиот збор е идиотис (што значи одвоен, осамен, изолиран). Смислот на секое човечко битие е да општи со Бога и со луѓето ис екако тие односи да бидат здрави.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Една личност е еднаква на ниедна личност, потребата за личносна, екстатика или проникнување, го овозможува онтолошкото егзистирање.
Личноносната онтологија, која овозможува егзалтација на екстатичното проникнување. Само зборот торжествено недостига...

:pos:

Уште кога сето ова би значело нешто. Бла,бла,бла, како на конгрес на ЦК на СКЈ од пред 40 години.

Мелат ли мелат...
--- надополнето: 4 април 2012 во 01:03 ---
Смислот на секое човечко битие е да општи со Бога и со луѓето ис екако тие односи да бидат здрави.
Ова како што Бог општел со Марија, или нешто друго е во прашање?
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Догма е учење на одредена институција во кое иницираните не смеат да се сомневаат. Значи ти, на основа на непроверени приказни тврдиш дека одредени историски настани навистина се случиле. Побарав од тебе или од било кој друг христијанин, дури и дадов показател во која сфера да го поништите тоа и сеуште чекам одговор. Згора на тоа 2 страни поназад тврдиш дека верата НЕ се заснова на догма, додека овде велиш дека вистините на црквата се изразени преку истата.
Пристапот ти е погрешен. Си ја утнал темата. Окултизам ти е под Мистерии.
Што е за тебе проверена приказна? Самиот факт дека датата по која се водиш денес е показател на историската вистинитост за Христа. Значи 2012 години по Христа, Он е оската. Второ, Црквата која ја потврдува вистинитоста на тој настан во континуитет е сведок на истата па така... незнам веќе каков доказ бараш.
Догмата ја изразува вистината на Црквата и верата не се заснова на догмата. Догмата е производ на верата.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Може ли некој да ја упрости личносната онтологија? Летото ми е помило, пролетниве ветри и маглишта ми се некако нејасни.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Една личност е еднаква на ниедна личност, потребата за личносна, екстатика или проникнување, го овозможува онтолошкото егзистирање.
--- надополнето: 4 април 2012 во 00:57 ---
Ако не сум Јас не си ни Ти, тоа е личносната онтологија.
Што си има врска нашето битисување со разговорот помеѓу исус и бог.
Со ова што го пишувате всушност велите дека ако не постоел „тој“ разговор, тогаш не би постоеле ни исус ни бог....
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Пристапот ти е погрешен. Си ја утнал темата. Окултизам ти е под Мистерии.
Што е за тебе проверена приказна? Самиот факт дека датата по која се водиш денес е показател на историската вистинитост за Христа. Значи 2012 години по Христа, Он е оската. Второ, Црквата која ја потврдува вистинитоста на тој настан во континуитет е сведок на истата па така... незнам веќе каков доказ бараш.
Догмата ја изразува вистината на Црквата и верата не се заснова на догмата. Догмата е производ на верата.
Датата по која се водам е воведена некаде 5ти 6ти век од нашата ера, значи долго по фантомскиот лик Исус Христос. Второ, црквата никогаш никаде не дала експлицитен доказ и рационално објаснувње како една невина девојка забременила и родила машко дете, како по чудесна поплава која ги убила сите луѓе на планетата освен еден волшебник кој успеал да најде примероци од сите животни на светот, како човек останал жив во стомакот на кит и слично. Мислам дека имаш погрешна дефиниција во врска со што е тоа догма.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
... Мелат ли мелат...
--- надополнето: 4 април 2012 во 01:03 ---


Ова како што Бог општел со Марија, или нешто друго е во прашање?
Ако нешто не разбираш, немора да го одговараш. Никој тоа не го бара од тебе. Полесно е да прашаш, другото наведува на комплекс. Да не се знае не е срам, да се преправа дека нешто се знае и разбира а всушност да се нема поим е лечење комплекс. Црквата е институција и наука... тоа ти го тврдев одамна, но не е тоа за секого.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Што си има врска нашето битисување со разговорот помеѓу исус и бог.
Со ова што го пишувате всушност велите дека ако не постоел „тој“ разговор, тогаш не би постоеле ни исус ни бог....
Не тој разговор само како разговор, туку се работи за меѓусебен Слободен, Личносен, Егзистенцијален однос, кој доколку не постои, тогаш не би постоел ниту Отецот, ниту Синот.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Датата по која се водам е воведена некаде 5ти 6ти век од нашата ера, значи долго по фантомскиот лик Исус Христос. Второ, црквата никогаш никаде не дала експлицитен доказ и рационално објаснувње како една невина девојка забременила и родила машко дете, како по чудесна поплава која ги убила сите луѓе на планетата освен еден волшебник кој успеал да најде примероци од сите животни на светот, како човек останал жив во стомакот на кит и слично. Мислам дека имаш погрешна дефиниција во врска со што е тоа догма.
Црквата ти ја вовела датата со што ја потврдува историјата. Ако не била од самиот почеток не значи дека не е вистинита. Тоа дали е фантомски лик или не, можеш да пробуричкаш по историските записи на Римјаните за Христос. За останатото нема рационално објаснување бидејќи Бог само еднаш се Воплотил и тоа бил единствениот случај. За тоа сведочат и Старозаветните пророци со векови наназад кога велат дека дева ќе ја засени Светиод Дух и ќе зачне. Тоа го потврдуваат и апостолите кои биле сведоци на Христа. За Ное пишува како се случила случката и неморам да објаснувам. Сите останати случки кои се случиле по потопот сведочат за истиот. Дали ти ќе го прифатиш или не зависи од тебе и само од тебе. Имаш многу луѓе атеисти за кои обичната теорија на дарвин за создавање на светот и еволуцијата е крајно нелогична. Што правиме?
--- надополнето: 4 април 2012 во 01:23 ---
Црквата? Институција и Наука? Што мислиш со ова?
Читај 2-3 страни уназад. Те мрзи?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Не тој разговор само како разговор, туку се работи за меѓусебен Слободен, Личносен, Егзистенцијален однос, кој доколку не постои, тогаш не би постоел ниту Отецот, ниту Синот.
уфф мајндблоуинг... целиш на тотално погрешна страна... тоа ќе дојде ако веруваш, значи постои.. ако не веруваш значи не постои... Мислам дека тоа не е целта на христијанството, но тоа е само мое мислење.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Црквата ти ја вовела датата со што ја потврдува историјата. Ако не била од самиот почеток не значи дека не е вистинита. Тоа дали е фантомски лик или не, можеш да пробуричкаш по историските записи на Римјаните за Христос. За останатото нема рационално објаснување бидејќи Бог само еднаш се Воплотил и тоа бил единствениот случај. За тоа сведочат и Старозаветните пророци со векови наназад кога велат дека дева ќе ја засени Светиод Дух и ќе зачне. Тоа го потврдуваат и апостолите кои биле сведоци на Христа. За Ное пишува како се случила случката и неморам да објаснувам. Сите останати случки кои се случиле по потопот сведочат за истиот. Дали ти ќе го прифатиш или не зависи од тебе и само од тебе. Имаш многу луѓе атеисти за кои обичната теорија на дарвин за создавање на светот и еволуцијата е крајно нелогична. Што правиме?
Пророци, апостоли и слично се тоа што ја издржува верата христијанска? Останатите случки по потопот(кој го преживеале 2 милиони животни во дрвена арка долга 140 метри, 20тина широка и 10тина висока (?!)), на пример како се раширил живиот свет на другите континенти?
Атеист е човек кој не верува во постоење на Бог. Не значи дека тој човек има познавање од било која научна област. Освен тоа, веќе долго време никаде во светот не се ни дебатира дали еволуционизмот е плаузибилен или не бидејќи има тони евиденција дека е.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.956
Поени од реакции
11.967
Што смета еден богоугоден христијанин кој што се плаши од богот(од било која црква) за повистинито и точно:
1. Нешто што е теорија
2. Нешто што е догма

и ако може да образложи зошто баш така и дали важи за сите христијани.

Гледам многу се плука на нешто ако е „теорија“ па затоа прашувам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom