http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=7058
Вардар речиси ги разреши сите дилеми околу шампионската титула, има огромни 14 бода предност, па сега се фокусира на Купот на Македонија и утрешниот полуфинален меч со Ренова. Тоа е единствениот тим што „црвено-црните“ оваа сезона го немаат победено, доволна причина за максимална мотивација и триумф на утрешниот прв дуел што ќе се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, со почеток во 16 часот.
„Ренова е тежок ривал, со искусни и квалитетни поединци. Знаеме дека не очекуваат неизвесни два меча, но веруваме дека Вардар ќе биде патникот во финалето на Купот. Се наоѓаме во добра форма, држиме победнички ритам и се надевам дека ќе го продолжиме и на утрешниот меч со Ренова. Се играат два натпревари, што значи дека потоа ќе треба да гостуваме и во Тетово, па затоа треба да одиграме мирно и концентрирано и да се потрудиме да обезбедиме предност за реваншот“, вели Раденко Бојовиќ, стоперот на Вардар, кој на минатиот натпревар со Брегалница ја носеше и капитенската лента со оглед дека Филип Ивановски мечот го почна од клупата за резерви.
Во Купот нема право на грешка, се се решава во 180 минути. Токму затоа, Бојовиќ посакува победа без примен гол.
„Во куп-натпреварите многу често решава голот постигнат на гостински терен. Затоа треба да бидеме максимално внимателни на утрешната средба, треба да размислуваме за противничкиот, но и да внимаваме на сопствениот гол“, порачува дефанзивецот на Вардар.
Баталете ја Европа за момент. Раное да се зборува, имаме титули за освојување прво
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Ренова ни е стандардно незгоден противник. Лани ги елиминиравме во купот (местенка
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
), во сезоната на Трифун, они не елиминираа...
Оваа година се единствена екипа која нема претпрено пораз од Вардар.
Али тогаш, на првиот меч ни фалеа неколку фудбалери, па тешко беше со Али во нападот да се даде гол
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
Посакувам утре да ги добиеме барем 2-0
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)