Заспивам,тонам во сонот уморен сум веќе многу чудни звуци слушам крици кој на улица
ме водат,црни птици кој си одат во облаци полни очај, на улица полно луѓе небото
ведро сите молчат,на секој чекој пари не гледам веќе во беда ни старите наркомани
еј не се тоа сега, нема скитник, нема беспомошни и стари нема повеќе ранети,нема
повеќе сами,sunny го има лекот веќе сите сме еднакви,повеќе нема криминал повеќе
нема граници,веќе нема пендраци мртва е цела политика гледам само хармонија не си
жртва на критика,сонам за подобра иднина доаѓа своја визија нема оружје,нема злато,
нема вести на телевизија,нема полиција на улица слободно можам да движам имам
слобода домулна,дури сега не се гушам допрва, па се е мирно повеќе нема убиства,
нема ни завист,нема ни пакост,нема ни подла умисла,сите се чисти исти сите се
толку вљубени,повеќе немам непријатели,нема на светот изгубени,нема на мака осудени
Сонувам долго за мирот и зеленило во видот,сонувам за други нешта зошто многу
срања видов,кои не ми се во прилог,сонувам за сешто немам,сонувам за слобода која
највеќе ми треба.
Сoнувам темни облаци над градот и околина,како правдата да стега само мртва тишина
силни дождови лијат за болна трага да ја скријат,целата горчина што ја имам безмалку
топлина, идам по патот чувствувам почетокот на крајот нема веќе немир таму не осеќам
болка ниту замор, го губам стравот се заострува мојот слух повеќе немам чувства,
причувстувам ко да сум дух,сонувам мир во сиот труд мртви се сите идеали,мртви се
сите лажни ствари купени со пари, дали сега веруваш во хармонија и идила, вечна
љубов и бајка во која среќата се скрила, веќе неможат да ја видат нема повеќе лага
која ви беше толку драга исчезнува како фатаморгана,злото се погреба и слепиот да
прогледа, зли духови во потера од светот да ги протера, сонувам победа,од лажни
вредности да немам потреба железни ланци кинам слободен сосема,
затоа не губи верба
во очај не потонувај, продолжи пак да се бориш сонувај за слобода.