По што е препознатливо местото каде што живеете?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
386999_113276058786055_100003109845129_91639_196604637_n.jpg


Типов е од Кисела Вода така?
 
Најпознат е по:
-Топилницата и оловото дефинитивно. Мислам дека и надвор од Македонија сме познати по тоа.

- Кочо Рацин и рациновите средби. Малку исфорсиран карактер ако ме прашува некој, има и многу други исто така заслужни и достојни за почит што не се величаат толку. Како на пример ЈХК Џинот, Рајко Жинзифов, Коле Неделковски, Васил Главинов, и многу други.


178788F115221F449FACCE446A14581E.jpg

на секој ебан ќош го има

- Друга позната работа е спомен костурницата, која што е веќе спомната претходно и е едно од ремек делата на модерната архитектура на балканот (али не може со бароков)

-Саат кулата која што е изградена во 18 век и служела како посматрачница за време на отоманското ропство.

3078576900_fd5261f26d.jpg



- Железниот мост, кој што морам да признаам, ако легендата е точна, тогаш е најтролирачкиот потег во нашата историја.


- Сите што имаат познавања од архитектура сигурно знаат за куќата на Касапови и црквата Св. Пантелејмон.

- Гемиџиите, познати револуционери во нашата историја се од Велес.

-Исто така работи кои не се многу познати а треба да бидат се дека во Велес се отвориле: првото училиште на македонски јазик, првата гимназија на балканот, првата библиотека во Македонија, првиот музеј, се смета дека почетоците на театарот и првата театарска претстава се одиграни во Велес.
 
- првата слика
црквата “Св.Димитрија“ - во некогашното Еврејско маало
во позадина ( Мустафа паша- џамија, карши централниот затвор)
- во дворот на црквата има бунар.До 1970 година од тој бунар си
полневме вода за пиење секојдневно, ние ретките жители на тоа
Еврејско маало, со кофа на јаже и чекрк.Со изградба на мостот
“Гоце Делчев“ и стоковна куќа Мост престана да постои познатото
скопско Еврејско маало.Поточно ја снема и главната улица,која
можеби и никој од вас не ја познава,а мене ми недостига бидеиќи
таму на таа улица,на тие коцки пораснав. Од камениот мост водеше
покрај црквата право угоре покрај продавниците за точаци од десно
кон оџачарите и воторафите и Калето.Од лево беше “гранапот“ и
рибарата на која често висеа сомови по 2 м.а погоре срп- чекан и ЦК.
Можам со денови да пишувам за ова маало,а ни збор не знам да
кажам за Мариово,Порече и Осогово а сепак сега немам ништо.
Не остана ништо препознатливо ( пу,пу еве го театарот).
Повеќе за ова Еврејско маало во темата “Еврејските партизани во МК.
--- надополнето: 31 март 2012 во 21:29 ---


- на која на ѕидините нема останато ни една месингана буква од имињата
на нашите херои кој го дадоа животот за оваа слобода,а некои поголеми урбани херои без страв и срам ги извадиле и останале живи.
ТУРЦИТЕ (ЦИГАНИТЕ) мамата нивна еден факел и сите да ги запалам нагоре..се населија..
 
Да. Андон-Дончо-Доне. Екстремен оперски певач.

Не знам нешто многу за типов ама нонстоп го гледам во паркчето кај Комерцијална Банка опкружен од цела багра. Гарант им е нешо дворски шут т.е. главен шоумен :)
 
404366_158370760948660_100003272127543_206899_1464484503_n.jpg
тиквешко езеро !
428165_175833615869041_100003272127543_254296_341095176_n.jpg
фабрикиштево Фени Индустри
390435_119941901458213_100003272127543_94322_64077464_n.jpg
Лозјето а воедно и згурата од фени (активиот вулкан во тиквешијатА :D )
 
Населба Банево Трло во Куманово е позната по Тони Михајловски,Оливер Спасовски и Сашко Коцев. А за целосно куманово друг кумановац нека напише :D
 
Ме претица ! :D
--- надополнето: 2 април 2012 во 00:04 ---
По стадиончето и дупка,по џемо,по итар пејо,по детската улица...

Никој не спомна пржо, таљо, љубе лигавиот, боби луди, ментиш...
Ни гане ни рап не спомнавте..
Пу да ви ибам комшиите..
 
Што да пишам за бутел? мислам дека е доволно познато место.. по што? - нема да искоментирам :)

п.с лоши гласини го бијат бутелов.. можда за нијанса подобри од чаир но реалноста е тоа... лутрз ако го прочита постов најубаво ке ме свати...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom