S
Shellshock nam67
Гостин
Нашле чамец на праисториски човек?
Пред две години, во близина на Свети Наум, охридските нуркачи Никола Паскали и Александар Булески пронашле чамец на езерското дно, за кој се претпоставува дека потекнува од неолитот. Чамецот, кој го нарекуваат моноксил, во еден дел изработен од дрво, се наоѓа на длабочина од четири метри и е единствениот ваков објект откриен во водите на Охридското Езеро. Двајцата нуркачи и другари имаат интересна приказна за тоа како успеале да го откријат овој редок чамец.
"Во Свети Наум живее Миле Крстаноски, кој уште како дете слушал дека во овој дел од езерото има потонат чамец од дрво. И тој самиот, бидејќи тогаш луѓето што живеат во селото немале опрема за подводно нуркање, нурнал на сопствен ризик, на длабочина од четири метри, за да го види пловниот објект. Тој ни ја кажа локацијата и ние решивме да видиме дали има вистина во неговата приказна", вели Никола Паскали.
Подводниот чамец без опрема најпрво го видел Александар Булески.
"Најпрво влегов на дното на езерото, на посоченото место, без опрема, само со маска за нуркање. За среќа, не ми требаше многу време да го најдам чамецот, бидејќи локацијата што ни ја кажа Крстаноски беше мошне точна. Со слободно нуркање без опрема, не може да се остане многу под вода, па затоа решивме двајцата да го разгледаме чамецот со нуркачка опрема", вели Булески.
Двајцата нуркачи биле воодушевени откако детаљно го разгледале чамецот. Тој сe уште бил цел, иако е обраснат со водна трева. Изгледал прилично цврст и компактен.
"Не се одлучивме да го помрднеме, затоа што стравуваме дека може да се оштети, да се распадне. Решивме да го оставиме на местото каде што го најдовме, а за тоа ги известивме директорката на Заводот и музеј во Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Од нив добивме поддршка за нашиот однос кон пловниот објект, со напомена дека треба да се испита од кое време датира. Ветија дека кога ќе има средства за таа намена, ќе се извршат испитувања", кажува Никола Паскали и додава дека староста на чамецот може да се испита со посебна хемиска анализа, која не се прави кај нас во државава.
"Во близина на местото каде што е потонат чамецот има дрва со дебели стебла, но не можеме да кажеме, без да се направат испитувања, дали чамецот е направен од нив. За нас, ова е доказ дека на овие простори се живеело и се пловело по езерото и во праисторијата. Дали и најавените испитувања ќе го потврдат тоа, ќе видиме", порачува Булески.
За чамецот дознаа и други нуркачи, па тоа место стана предизвик за нуркање.
Драган Чубриќ vest
ohridON