- Член од
- 29 март 2012
- Мислења
- 1.370
- Поени од реакции
- 1.235
Можете да постирате за одредени постигнувања на млади таленти во ракометот, со потенцијал за идни репрезентативци.
Еве јас ќе почнам со 15 годишниот Марко Нелоски.
Петнаесетгодишниот Марко Нелоски, за кого сите велат дека е вонсериски талент. Тој игра лев бек и центар, што и не му е некој проблем, бидејќи е висок 198 сантиметри.
Тој е од струшкото село Дрслаица, каде што не тренирал со екипа, туку со тренерот Јаковче Матлиевски, кој прв го забележал неговиот голем талент и се нафатил да му ги покаже основите на ракометот. Имаше повеќе заинтересирани тимови за него, па дури и од странство, но ние реагиравме веднаш и во договор со него и со неговите родители успеавме да го донесеме кај нас. Сега со мајка му и со сестра му Марко живее во Скопје, а татко му остана во Струга, каде што работи. Овој талентиран тинејџер стана стипендист на РК Металург и сега учи во прва година во Средното фискултурно училиште - вели Тони Ристески.Тој додаде оти стравувал дали Марко ќе биде тимски играч, но неговиот талент е огромен и уште на првиот натпревар играл како зад себе да има 50 меча.
- Јас сум во ракометот над 20 години, сум видел разни таленти, но вакво нешто во Македонија немало досега. Неговиот талент е забележен и на турнирите во странство, каде што досега сме настапиле. Во јануари во Валпово беше прогласен за најдобар играч, а летоска на турнирот на Хвар, со учество на клубови од Хрватска, Словенија, Црна Гора и од Македонија, иако најмлад од сите, тој беше избран за најперспективен млад спортист на Балканот. Никој не може да знае што ќе биде во иднина, но треба сите да се трудиме да биде здрав, да не се повредува. Такви деца се реткост и треба да се негуваат - вели Ристески.
А Марко, кого во клубот сите го сакаат, особено неговите врсници, ни рече дека ракометот е омилен спорт за неговото семејство.
- Ракометот во нашето семејство го сакаат сите и љубовта кон него сум ја наследил од татко ми, но и мајка ми своевремено играла за нашето училиште - вели ова надарено момче.
Ни откри дека на полугодие бил многу добар, оти има многу другари и дека сé уште нема девојка, иако девојчињата постојано го задеваат. Сепак, засега главна и единствена преокупација му е ракометот.
- Тренирам веќе четири години, и тоа секој ден, а понекогаш и двапати дневно. Желба ми е да заиграм во некој голем клуб, во Шпанија или во Германија, и светот да слушне за мене - ни откри Марко Нелоски.
Во конкуренција на 20 екипи и преко 300 ракометари, нашиот Марко Нелоски е избран за најдобар стрелец на турнирот со своите 32 постигнати гола.