*princess*
..SiMpLy GorGeOuS..
- Член од
- 17 февруари 2008
- Мислења
- 747
- Поени од реакции
- 21
Говорот на телото понекогаш открива и повеќе од зборовите. Дали се карате со некој или не, може да се открие со помош на физички знаци што личноста несвесно ги праќа. Трепкањето, навалувањето кон напред, подигањето и спуштањето на образите, подолг контакт со очите, се само некои од најочигледните знаци во играта на заведување. Препознајте ги на време и зголемете ги вашите шанси да се зближите со личноста која ви се допаѓа или на која и се допаѓате.
Еве некои толкувања:
ДРДОРЕЊЕ
Ако некој премногу говори и притоа кажува глупости, можно е да е многу нервозен, особено ако тоа се случува во друштво на личност која му се допаѓа. Кога некој така ви зборува, обидете се да се вклучите во тоа што тој го зборува. На тој начин ќе му ја подигнете самодовербата и ќе му помогнете да се опушти, па полесно ќе го запознаете.
ТРЕПКАЊЕ
Кога ќе видиме нешто што ни се допаѓа, без разлика дали се работи за омиленото чоколадо, тренди чевли или личност кон која гаиме симпатии, почнуваме побрзо да трепкаме. Зголемената брзина на трепкањето е заразна, па ако личноста во вашето друштво трепка забрзано, веројатно и вие ќе почнете истото да го правите.
ТЕЛЕСНА БАРИЕРА
Скрстените раце се најочигледен знак дека личноста има негативен став и дека сака да ја оставите на мир. Ако таа личност се чувствува пријатно во ваша близина, тогаш таа личност ќе го отфрли тој став. Но, не сфаќајте ги буквално тие знаци, скрстените раце може да претставуваат и знак за несигурност.
ШЕТАЊЕ СО ПОГЛЕДОТ ПО ТЕЛОТО
Ако погледот на другата личност лута по целото ваше тело, па дури и во текот на разговор, тоа би можело да значи дека едвај чека да ве запознае подобро. Иако претежно ќе ве гледа во очи, со погледот несвесно ќе лута и по другите делови од вашето тело, најчесто по рацете, бедрата, усните.
ДИГАЊЕ НА ОБРАЗИТЕ
Кога прв пат ќе видиме некој кој ни се допаѓа, нашите образи несвесно се подигаат и спуштаат кога ќе воспоставиме контакт со очите. Ако и ние и се допаѓаме на таа личност, таа ќе го стори истото. Тој знак е многу брз, трае само дел од секундата, но не може да не го примените.
ПОГЛЕД КОЈ ОПФАЌА „ТРИАГОЛНИК“
Кога некому му се допаѓате, тогаш таа личност го шири погледот за да го опфати триаголникот во кој се наоѓаат рамениците и главата. Кога разговараме со пријатели, нашиот поглед ги опфаќа очите, носот и устата, додека на странците им ги гледаме само очите или дури само некаде крај лицето.
НАВАЛУВАЊЕ КОН НАПРЕД
Личноста што се навалува нанапред покажува дека е заинтересирана за вас и за она што го говорите. Навалувањето наназад претставува знак за незаинтересираност и рамнодушност.
НЕСВЕСНА НАСМЕВКА
Кога ќе здогледаме некој кој ни се допаѓа, автоматски ќе му се насмевнеме, не само со усни, туку и со очи. Но тој нагон најчесто го воздржуваме.
КОНТАКТ СО ОЧИ
Најочигледен знак дека некој ви се допаѓа е кога ќе го уловите контактот со очи што трае неколку секунди. Ако го задржите погледот, тоа значи дека и вам ви се допаѓа таа личност, а тоа е најочигледен знак за флертување.
ИСПАКНАТИ УСНИ
Тоа не е убиствен сексуален сигнал како што претпоставувавте. баш напротив, испакнатите усни се знак за неодобрување, па дури и одбојност. Ако и се допаѓате на личност со која стапувате во контакт, нејзините или неговите усни автоматски благо ќе се отвора во моментот кога ќе ви се сретнат погледите.
Ова се шест начини како да дознаете дали личноста што ви се допаѓа, го чувстува истото и за вас со помош на пораката која ја праќа со говорот на телото.
1. Обратете внимание дали личноста се држи опуштено. Личност која добро се забавува на состанок седи правилно, исправено и внимателно ве слуша се што ќе кажете - што е добар знак. Доколку се приближува со телото кон вас, значи дека чувстува поврзаност помеѓу вас двајцата.
2. Контактот со очите секогаш е многу важен. Ако личноста со која зборувате, непрестано ве гледа во очи значи дека и се допаѓате. Но, ако гледа насекаде освен во вас, можеби е време да се загрижите. Исто така, доколку некој е заинтересиран за вас, тој трепка помалку од обично додека ве гледа.
3. Ако наоѓа изговори и начини да ве добре, тоа е добар знак дека сака интимност.
4. Пробајте да забележите дали движењата ви се слични. Дали ви се случува во исто време да се напиете од чашата, или во исто време да го повлечете столот. Дали зборувате со сличен тоналитет? Ова се несвесни знаци дека помеѓу вас постои соработка и добар ритам.
5. Прекрстените раци никогаш не се добар знак. Значи дека линоста не е доволно опуштена и со рацете гради невидлив ѕид меѓу вас. Обратете внимание на просторот помеѓу вас. Дали стои веднаш до вас или на сигурна оддалеченост?
6. Ако личноста во текот на разговорот клима со главата значи дека ужива во разговорот, внимателно ве слуша и разбира за што зборувате. Со зборовите како „аха“, „да“, „и..“ личноста ве поттикнува да ја продолжите приказната.
Постојат бројни движења или сигнали коишто укажуваат на тоа дека некој не ја зборува вистината. Еве неколку по кои ќе познаете дали вашиот соговорник лаже:
1. Рака преку уста
Раката преку уста покажува дека таа личност се труди да не проговори. Истото значење го има и нежниот и брз потег со прстите преку уста.
2. Ограничени движења
Кај некои луѓе кога лажат се појавуваат ограничени движења со рацете. Рацете престануваат да гестикулираат кога луѓето не се сигурни во она што го зборуваат. Природното движење на рацете речиси целосно престанува, бидејќи мора силно да се концентрира на она што го говори, за да остави впечаток на сигурност. При нормален разговор дури и рацете во џебовите се движат што сигнализира нервоза.
3. Лижење на усните
Ако некој почне нервозно да ги лиже усните, тоа може да значи дека не е сосема сигурен во своите зборови.
4. Нервозно кашлање
Нервозното кашлање може да е и само тоа: нервозно кашлање. Меѓутоа, ако некој почне да кашла во исто време кога ќе почне и да објаснува нешто, а тоа наедно е проследено со долги, некарактеристични движења за тоа лице, имајте на ум дека најверојатно лаже.
5. Зацрвенување
Зацрвенувањето е сигурен знак на предупредување дека лицето не се чувствува пријатно во тоа друштво. Можеби причина е она што го зборува или оној кому му зборува, бидејќи се чувствува немоќно и не може да ги изрази своите вистински чувства.
6. Неправилно дишење
Неправилното дишење е сигурен знак за непријатност. Но само со активно набљудување може да се забележат промените во дишењето кај другата личност.
7. Тапкање со нозете
Тоа е знак на предупредување кој често го испраќаат многу напнатите луѓе. Тоа е знак кој не' предупредува да го забрзаме разговорот, но може да укажува и на лага.
8. Бавно поместување, мрдање
Честопати додека луѓето лажат, тие потполно владеат со своето тело. Раката полека се движи, лицето е без мимика, а гласот е јасен и гласен. Па сепак, и покрај сите знаци кои укажуваат на сигурност, забележуваме лесно мрдање со телото. На тој начин се обидуваме да го надвладееме тоа движење.
9. Избегнување на поглед
Ова се случува многу често кога на личноста и' е непријатна темата за која се зборува или би сакала нешто да прескокне и прикрие. Тоа движење лесно може да се препознае.
10. Затворени очи
Сигурно сте виделе луѓе кои зборуваат со затворени очи. Со тоа нагло движење покажуваат дека не сакаат да бидат во ситуацијата во која се наоѓаат. Затоа се исклучуваат пред непријатната глетка.
11. Стишување на гласот
Кога луѓето лажат, гласот им поприма снижен тон. Неволјата со лагата е во тоа што потсвеста влијае автоматски и независно од нашата изговорена лага, па така говорот на тело не' издава. Додека трае лагата, потсвеста испраќа нервозни сигнали кои се спротивставуваат на зборовите што ги слушаме.
Колку вие ги приметувате овие гестови,,дали им обрнувате внимание,,дали сте свесни што тие можат да кажат за вас? Знаете ли да ги протолкувате туѓите гестови,,или пак воопшто не им обрнувате внимание? Можеби имате и ваши толкувања? Мислите ли дека говорот на телото лаже и дека не треба да му се обрнува внимание или напротив? И секако изнесете и ваши толкувања за некои гестови...
Јас мислам дека убаво е да се знае говорот на телото затоа што често може да е во право..Но сепак самите сме сведоци дека не секое толкување се совпаѓа со вистината..Како и да е,, убаво е кога можеме да го прочитаме однесувањето на другите и да извлечеме некој заклучок од истото...
Сега повелете вие