Кајгана радио, пролет - лето 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.546
Поени од реакции
8.378
Веб-сајт
www.flickr.com
Бидејќи постојат технички можности за повторно активирање на Кајгана радиото, сега на ред доаѓа пријавување на потенцијални пуштачи на музика.
Оние кои мислат да се пријават потребно е да наведат во кој период од неделата се во можност да пуштаат музика и кои жанрови планираат да ги застапат во својот термин.
Потоа ќе следи правење на нацрт-план програмска шема по што од страна на Ацид ќе бидат доставени потребните информации за техничките детали.

Let the music PLAY :)

Aj вака. Правам неделен календар за радиото. За да ми олесните во работата, одговарајте вака:
Ник: Dee_Jay
Ден : Понеделник(пример)
Час: 23.00 - 01.00
Стил на музика: Hpuse, Rock, Pop, RnB

Термините се делат на час, значи од 09 - 10, од 15-18. Можи да одберите повеќе термини, пример од 11 - 14. Да не биди само со минути, пример од 14 до 15 и 30.
 
Јас се пријавувам.
За термин не ми е проблем, можам да се прилагодам секој ден после 5, како се вклопам во распоред така.:) Ама подобро е да е преку недела, највеќе ми одговара тоа. :)
Жанр - во суштина не сум многу определена, али обично преферирам поспори песни. :) Поп, рок, обично оваа насока се движам, електронско сигурно нема да пуштам, не сум баш по тој жанр.

И така, еве на кратко. :)
 
Оу Јеааа :)
Јас после 2 - 3 навечер некој Deep Housf4ina, Tech-че, Minimal-че :)
 
Се пријавувам!

Термини кои би ми одговарале: понеделник и среда од кај 8 до кај 11 навечер, сабота од 5 до кај 8 навечер или после 1 и недела од 6 до кај 9 навечер или после 11.

Жанр, претежно trance, house, progressive но ќе има и еден термин со балади, ексју, рок балади и слично...
 
Јас би сакала да се вклучам со латино песни, ама за термин ќе размислам, да ги средам обрвските за матура
 
Се пријавувам... сабота од 21:00 - 00:00 па може и далје ако нема кандидат за после полноќ...

секаков вид на алтернативен рок, балади и по некоја ирска ;)

P.S ретро рок included
 
Јас би сакала да се вклучам со латино песни, ама за термин ќе размислам, да ги средам обрвските за матура
Мислам дека ќе треба понекогаш да се консултираме за некоја плејлиста. Ми лежи латино музиката.
А, не прашав: има некој шо ќе пушта метал?
Или пак случајно турбо фолк? Ако нема, ја се пријавувам.
 
Јас може да пуштам рок во сабота од кај 17 до 21.
 
Јас можам кој било ден (освен викенд) по 23 часот. Музика? Секаков рок (освен Бонџови и слични Ерик Фокс срања) нешто ретро поп и по малце помилозвучен метал. Како и да е, ете.
 
Можам понеделник од кај 23.00 до кај 00.30 - Во главно варијации на рок од 60ти и 70 ти години, панк и инди.
 
:eek:
*крева два прста*
глеам никој не спомнал нешто по чил, пример трип хоп и/или фанк од типот на Erykah Badu, Jamiroquai, Funkadelic и слични :)
По можност во саботите, наутро накај 8 ^.^
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom