Фала бате
Не обрнував никогаш внимание на соновите, мислев дека тоа е забрането не знаев дека исламот им дава голема важност. Но по еден сон што го гледав пред неколку месеци кој беше многу лош и се трудев да го игнорирам сепак испадна тоа што и мислев дека ќе се случи, се случи несреќа голема. Па одтогаш навака одлучив да внимавам малку кога ќе сонам нешто. Барав по нетов ама не можев да најдам добар соновник, секаде различно се толкуваат соновите. Мило ми е што добив исламски соновник, фала многу. Треба да направам нешто многу ризично за скоро време, а соновите што ги сонам мислам дека се предупредување. Но фала Богу сонот го најдов во книгата и значењето е она што се надевав да биде ама не верував, многу се изненадив значи среќата е на моја страна. Се надевам дека тоа ќе се исполни да даде Бог. Тоа што го планирам да го направам, според сонот е протолкувано дека ќе го направам и ќе заврши добро како и што планирав. Ако даде Бог ќе се оствари. Поздрав, се најдобро.
Во еден од спомнатите хадиси е одговорот на вашето прашање. Хадисот кој го пренесува Ебу Сеид р.а. ,а во кој Мухаммед с.а.в.с. рекол: “ Кога некој од вас ќе сонува сон кој што го сака ( убав сон ), нека знае дека тој сон е од Аллах, нека му се заблагодари на Аллах и нека за тој сон им зборува на другите. А ако сонува нешто друго, нека знае дека тоа е од проклетиот шејтан, па нека побара заштита од Аллах џ.ш. и нека за него никому не зборува па нема да му наштети тој сон.” ( Бухари )
Што се однесува до вашето прашање дали соновите имаат значење, можам да ти одговорам исто така со хадисот кој го забележал Бухарија во поглавјето за соновите од Убаде ибн Самит р.а. дека Мухаммед с.а.в.с. рекол: “ Сонот на верникот е 46 дел од пратеништвото”.
Дека соновите имаат свое значење ни зборува и фактот дека Мухаммед с.а.в.с. имал обичај после исклањатиот Сабах – Намаз да ги праша на асхабите:” Дали некој од вас сонува нешто?” ( Бухари )
Соновите да не би имале значење, Мухаммед с.а.в.с. не би ги прашувал асхабите за нив и не би ги толкувал истите.
Кур,анот е преполн со случки кои што потврдуваат дека соновите имаат значение. Сурата Јусуф е можеби еден од најдобрите докази за тоа, зошто сонот на Јусуф а.с. кој го сонувал уште како дете, се овистинил. Исто така сонот на владарот кој што владеел тогаш се овистинил онака како што го протолкувал Јусуф а.с.,како и соновите на двајцата затвореници кои што биле со него. ( за подобра информација погледни во Сура Јусуф ).
На основа на спомнатово некои исламски научници во своите дела за соновите и нивното толкување,навеле како да се однесува човекот во двата случаи, т.е. Кога ќе сонува убави и неубави сонови.
Ако сонува убав сон, човекот треба да му заблагодари на Аллах џ.ш.,да се радува на тој сон и истиот да им го пренесе на оние кои што ги сака,а не на оние кои што не ги сака.
Ако сонува грд ( лош ) сон, сон кој е од шејтанот,човекот треба да побара заштита од Возвишениот Аллах од лошиот сон како и од шејтанот, три пати плукнувајќи на левата страна и таквиот сон не треба да му го раскажува никому. А некои научници на истото тоа додаваат дека е добро човекот да стане и да клања два рекати, а потоа да ја промени страната на која што спиел ( за се спомнатово постојат веродостојни аргументи).
( Види: Fethul-Bari, коментар на Бухариевата збирка на хадиси од хафиз Ибни Хаџер, 12 том, стр. 386)
А за книгата од Ибн Сирин сум слушнал дека се повикуваат на името на Ибн Сирин но мислам дека е една обична суфиска имагинација без потпора и вистинска исламска наука во неа. А Аллах најдобро знае. Значи по мене прими ја со една доза на резерва.
--- надополнето: 2 април 2012 во 10:22 ---
Толкување на сонови
Прашање:
Како да се протолкуваат соновите во кои човекот секогаш плаче и кога некоја тешкотија го притиска, а нема некоја посебна причина за тага? Аллах да ве награди!
Одговор: Пред одговорот на ова прашање неопходно е да се укажа на фактот дека толкувањето на соновите, за разлика од другите исламски науки, нема фиксни правила и принципи, туку секој сон има сопствени критериуми врз основа на кои се толкува. И не само тоа, туку истиот сон кај различни луѓе не се толкува на ист начин. При толкувањето на соновите треба да се земе во предвид верата, моралот, изгледот, потеклото, занимањето, обичаите, како и физичката и психичката состојба на оној кој го сонил сонот, потоа местото и времето во кое го сонил итн. (Да се погледне: “Ел-Муфхим“ 6/22; “Бедаеул-феваид“ 2/208.)
Дошол некој човек кај Мухаммед б. Сирин и му рекол: „Сонив дека учам езан.“ Ибн Сирин му рече: “Ќе извршиш хаџ.“ После тоа дојде друг човек и рече: дека го сонил и тој истиот сон. Ибн Сирин му рече: „Тебе ќе ти се отсече раката“ Кога кај првиот виде трагови на богобојазност, неговиот сон го протолкувал сходно со зборовите на Возвишениот: „И разгласи (езани, зошто езан во јазичко значење е оглас) им на луѓето хаџ.“ (Ел-Хаџџ, 27) А кај оној другиот кога го погледнал со сомнителен и матен изглед, го протолкувал истиот сон сходно со ајетот:
„..а после тоа гласникот разгласи (езани), еј караване, вие навистина сте крадливци.“ (Јусуф, 70) Еш-Шихаб ел-Абир вели дека некој човек му рекол: „Сонував дека сум Мелек на смртта.“ Му одговорил: „Ти по професија си месар, и усмртуваш бројни животни.“ Друг му рекол дека истотака го сонил Мелекот на смртта, па му рекол: „Ти неправедно пролеваш крв по Земјата, покај му се на Аллах.“ Трет го сонил истиот сон, а нему му рекол: „Ти (со сплеките кои ги сееш) ги разделуваш луѓето, покај му се на Аллах, заради тоа.“ (Да се погледне: “Ел-Бедрул-мунир, стр.187) Значи, толкувањето на некој сон може да биде различно од личност до личност. Ибнул-Ареби ел-Малики во своето познато дело
“Аридатул-ахфези“ 9/157, вели: „Понекогаш некоја една те иста работа може да се протолкува на стотина различни начини. Жената во сон, може да се протолкува, дури и преку илјада начини, кои го споменал Али б. Еби Талиб ел-Кајреван во познатите стихови.“ А што се однесува до спомнатиот сон исламските ученици кои се занимаваат со толкување на сонови, често ги толкуваат соновите со спротивните значења. Така на пр. : плачот го толкуваат како радост, стравот како сигурност, водата како оган, купецот како продавач и сл. (Погледни:
Ет-Табекатул-кубра, 5/124-125) Во прилог кон ова одат и зборовите на Возвишениот:
„И сигурно стравот ќе им го замени со сигурност.“ (Ен-Нур, 55) Шејхот Ел-Еала во тефсирот за сурата Ел-Енфал, вели :
„Толкувањето на соновите со спротивно значење е многу комплицирано и го познаваат само врвните експерти во оваа наука.“ (Погледни:
Рухул-меани, 5/208) Ова се некои општенитости кои ги спомнуваат исламските ученици, додека за толкување на одредениот сон треба да се поседуваат податоци за оној кој го сонил сонот и пред сè познавање за толкувањето на соновите, Аа Аллах најдобро знае.
М-р Сафет Кудузовиќ сафф