М
Мартин`
Гостин
Грчки полицајци малтретирале Македонец, му барале налепница ПЈРМ
Министерството за внатрешни работи денес информира дека 40-годишниот кавадарчанец З.Т. во Полициската станица за гранична проверка и надзор Стар Дојран синоќа во 20 часот при влез Македонија, пријавил дека дента околу 11 часот во близина на Катерини, Грција, бил запрен од грчката полиција и при извршената контрола од нивна страна констатирале дека наместо ПЈРМ на приколката имал налепница МК.
Кавадарчанецот управувал товарно моторно возило марка „Сканија“ со приколка, двете со велешки регистерски ознаки, сопственост на фирмата „Гама Транс“ од Кавадарци. Токму поради налепницата, грчките полицајци го исклучиле од сообраќај, му ги одземале сообраќајните дозволи и му кажале дека кога ќе набави односно залепи налепница ПЈРМ, истите ќе му бидат вратени.
Бидејќи соработувал со грчка шпедиција, кавадарчанецот стапил телефонски во контакт со нив при што им го образложил проблемот и истите направиле налепница на која пишувало ПЈРМ и истата од страна на грчката полиција му била залепена на камионот по што му биле вратени сообраќајните дозволи.
До кога со вакви работи ? Зошто нашето Министерство за надворешни воопшто не реагира на ова.. како смеат да му одзимаат возачка дозвола затоа што нема налепница ПЈРМ туку МК (Македонија) ?