Шеикот од Саудиска Арабија повика: Уништете ги сите цркви!?

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.508
Поени од реакции
1.895
Шеикот од Саудиска Арабија повика: Уништете ги сите цркви!?

25.03.2012 - 16:32 |
Сите цркви на Арабискиот полуоустров треба да се запалат и уништат. Со овoј ултрарадикален повик верскиот лидер на Саудиска Арабија го алармираше христијанскиот свет.

Римокатоличките бискупи од Германија Австрија и поглаварот на Руската православна црква остро ги осудија ваквите изјави.
“Муфтијата не покажува почит за верската слобода”, изјави германскиот Архиепископ Роберт Цолтиш.
Од московската патријаршија ги повикаа соседните земји да го игнорираат неговиот повик.
Абдулаз Ал Шеик важи за еден од највлијателните верски лидери во муслиманскиот свет. Неговата изјава е всушност офцијален став на Саудиска Арабија.
Дека сите цркви треба да се уништат, Големиот Муфтија ги советувал неколку кувајтски пратеници кои побарале совет дали Кувајт согласно шеријатското право може да забрани изградба на цркви . “Две религии не може да коегзистираат на Арабискиот полуостров. Изградбата на цркви не е валидна, бидејки полуостровот мора да биде ослободен од христијанството”, рекол Абдулаз ал Шеик.
Во колумната, објавена на Nationalreview, Клифорд Меј пишува дека , групата кувајтски пратеници со кои раговарал верскиот лидер всуштност ја финансираат терористичката Ал каеда.
“Зошто христијаните во муслиманскиот свет, да не уживеат верска слобода како муслиманите во западните земји. Замислете што ке случеше ако се повикаше на демолирање на сите џамии во Америка”, пишува Меј..
Во Заливот живеат најмалку 3, 5 милиони христијани...Цркви има во Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин, Оман и Јемен.
Саудиска Арабија одамна им има забрането на сите не- муслимани да извршуваат верски обичаи . Христијаните таму се молат во приватни домови со ризик да бидат уапсени.
Снежана Јовановска

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/svet/sheikot-od-saudiska-arabija-povika-unishtete-gi-site-crkvi
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Би било добро некоја христијанска земја да им донесе демократија на овој...кај и да е ке го доживее тоа....парите го држат сега....ама ке им ги исцицаат и нив...и овие се главни финансиери на тероризам низ светот...
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
Пред неполна година бев во Саудиска Арабија : Немојте ни на крај памет да ви текни за таму........
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.507
Поени од реакции
24.284
па најверојатно а1 требаше да му кажи за да поверува.
инаку на сите агенции пренесоа ама ај што ке правиш.
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Би било добро некоја христијанска земја да им донесе демократија на овој...кај и да е ке го доживее тоа....парите го држат сега....ама ке им ги исцицаат и нив...и овие се главни финансиери на тероризам низ светот...

Точно дека се главни финансиери на тероризмот низ целиот свет (исламскиот тероризам) , и мислам дека американците ако сакаат да го сузбијат овој тероризмот и да избегнат да им ги касапат со години војниците по Авганистан, Либија, Сомалија итн... треба да ја нападнат директно Саудиска Арабија, (доколку стварно сакат да го решат тој проблем )а не цело време да им прогледуваат низ прсти а овие пак пуштаат милиони и милиони долари за финансирање на вехабистичките движења низ Русија, Франција, Босна и Херцеговина, и крај краева па и Македонија (како што знам тие брадести и промочурни фаци шо се мотаат по битпазар итн... ги немаше до пред 8-9 години) па уствари сите терористи откако ќе направат некоја голема глупост и откако ќе се распише потерница по нив бегаат токму во С.Арабија оти знаат дека таму никој ништо не и може,... им годи тоа на нив, шеријатот владее таму... нека продолжат да го тупат и америте, и русите и сите други и никогаш нема да заврши војната во Авганистан а богами и убиствата и киднапирањата таму по северно кавкаските руски покраини ... Дагестан, Чеченија, Ингушетија и кој беа таму други...:tapp:
 
Директно во корен да нападнат и Американците и Русите знаат и можат...нормално ваков напад овие терористиве би издржале 2 саати и ништо повеќе, но не им одговара на на производителите на оружје, на големите корпорации кои се мозокот на војните...кога би ги срушиле теоризирањата од корен иде прашањето што потоа? Студена војна? Војна на Истокот и Западот? мора негде оружје да се продава - мора да врти парата...главен двигател војната.....и јас се прашувам што потоа? Свет без војни нема шанси - одсекогаш имало војни ... тоа им е вградено на луѓето и не се вади од крвта нивна...мирен свет без војна има само во бајките....
 
Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
и .. што сакаше да кажеш ако е од сител ?
Дај ми линк од некој друг медиум можда че поверувам.
При овој медиумски мрак каде Америка ги контролира медиумите може да се каже се и сешто не им верувам телевизите
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.427
Дај ми линк од некој друг медиум можда че поверувам.
При овој медиумски мрак каде Америка ги контролира медиумите може да се каже се и сешто не им верувам телевизите
http://www.youtube.com/watch?v=2ebgQDizBqU
ArabianBusiness
Destroy all churches in Gulf, says Saudi Grand Mufti
The Grand Mufti of Saudi Arabia has said it is “necessary to destroy all the churches of the region,” following Kuwait’s moves to ban their construction.

Кувајт
Kuwaiti MPs call for ban on construction of churches
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Дај ми линк од некој друг медиум можда че поверувам.
При овој медиумски мрак каде Америка ги контролира медиумите може да се каже се и сешто не им верувам телевизите
Aиии па напиши на англиски на гугл ке видиш милиони агенции,телевизии,снимки и триста чуда,Сител само пренесува од другите.
Иначе да се вратам на темата Саудиска Арабија е тотално неарно опшество сечат глави јавно на плоштад за банални работи како на пример човек се бавел со црна магија,тоа е ужас едно такво опшество во 21 век просто не да ти се верува дека постои.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.173
Поени од реакции
846
и .. што сакаше да кажеш ако е од сител ?
Сакаше да истролира малце,само тоа,;)
--- надополнето: 27 март 2012 во 10:19 ---
Еееј,тажно и жално е кога ќе прочиташ ваква вест која иди од некој кој дури се нарекува и верски лидер?!? Каде е тука верското,каде е тука мирољубивоста,разумноста и интегеленцијата кај ваквите "лидери"? Според мене овој шеиков е застанат во просторот и времето,а попатно го загубил и разумот.
Колку само за споредба,прочитајте ја колумната на одличниот Агим Јонуз и направете разлика помеѓу двајца муслимани,и сами донесете заклучок кој е овде вистинскиот човек и лидер,поздрав и се најдобро >>> http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9C464B16A68EF6449B76BF49BEA6DE36
 
BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Обезглавувања, бесења среде улица итд.
Ај не изигравајте паметњаци бе, може? Си слушнал на вести дека еднаш у годината обесиле некој чоек и сеа готовооо све се бесе коље тамо, ако ти даваат гратис карта и хотел за таму немој да одиш, ќе те обесат обезглавааат ау страшно, дај ја на мене картата, ок?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom