Болдер фестивал во Прилеп

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Болдер фестивал во Прилеп

Освен по пиво - фестот, маскенбалот и тутунот, Прилеп полека прераснува и во град на болдерите. Недопрените карпи како инспирација, а болдер собирот како причина на едно место да се соберат болдеристи - качувачи од целиот свет.​
getImageThumbnail.axd
Фестивалот „Крали Марко болдер собир“ годинава ќе се случи по 5-ти пат.
Според организаторите карпите во околината на Прилеп според квалитетот и обемот се слични на оние во пустините Хуеко и Бишоп каде се одржуваат слични болдер фестивали. Фестивалот започнува на 29 април, а завршува на први мај. Болдери викендов се гледаме во Прилеп.

Ване Маркоски

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=158&egId=29&eventId=89129
 
wAAAAAAA ЧЕ ПИЈАМЕ ПИВО И ЧЕ СЕ ФРЛАМЕ ОД КАРПИ :D:D:LOL::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
Не се такви карпите незнам шо мисла.Ама ај нека проба
И ние малце туризам да напрајме не само ориџани :D
 
Ова се одржува Топташ мислам, за Болдер навистина сака вештина и добра физичка подготвеност.
 
Ова се одржува Топташ мислам, за Болдер навистина сака вештина и добра физичка подготвеност.
А чекај на Маркукуле че биди или на селечка/дрен некаде?
 
Утре почнува болдер маратонот „Крали Марко“

Од 10bez10
28 Март 2012

Утре во Прилеп стартува четиридневниот болдер маратон „Крали Марко“ кој е традиционален болдеринг собир, кој се одржува во околината на Прилеп,
на едни од најдобрите Македонски болдер локалитети.
Настанот е во организација на Спортско качувачкиот клуб Златоврв - Прилеп во соработка со Македонската спортско качувачка федерација и Локалната самоуправа на Општина Прилеп.

Овогодишниот маратон ќе биде со меѓународно учество и ќе се одржува на болер локалитетот Камена Баба, околу 1.5 km североисточно од Прилеп.
http://g.co/maps/m8xq2 (мапа)

Главна цел на собирот е промоција на болдер локалитетот Камена Баба и болдеринг стилот на качување, качување на нови болдер проблеми, како и стекнување на контакти и соработка со клубови и качувачи од повеќе земји.

Информација за програмот ќе најдете на www.boulderprilep.com.

За додатни информации слободно контактирајте не на:
- skkzlatovrv@gmail.com (СКК Златоврв - Прилеп)
- belakaposkijove@hotmail.com (Белакапоски Христо)

Ве очекуваме!
--- надополнето: 28 март 2012 во 18:30 ---
Значи за тие што не знаат да читаат Гугл мап по пат за накај езеро лево од касарни нагоре :icon_lol:.
 
па уше и ако се набронѕате малку, си ебало мајката после:)
Hahahaaa тие од тризла не да се бронѕа туку кај сега ги затворија отпадиве сета бронѕа му остана да се бронѕа :D:ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Абе курина ги имате поминато процепите, ај кој е за натпревар...
 
Абе курина ги имате поминато процепите, ај кој е за натпревар...
Друже ја од прилеп сум два пати имам појдено на маркукуле кај се тие процепите?За маркукуле зборуваш така? :D
 
Друже ја од прилеп сум два пати имам појдено на маркукуле кај се тие процепите?За маркукуле зборуваш така? :D
Да бе за маркукуле. Варошкиот, грбниот, дрвениот и камениот. Процепи низ карпите интерсни за клајминг. Опасно е ако ги немаш ко дете поминато, сега на старост по закочени сме :)
 
Французи најавуваат догодина голема манифестација на Маркови кули
Французите кои годинава за првпат учествуваа на болдеринг маратонот на Маркови кули во Прилеп, воодушевени од локалитетот Камена баба и од автентичните карпи, најавуваат дека догодина ќе организираат голема манифестација.
- На многу места низ светот сме се качувале, но она што го видовме на Маркови кули навистина не воодоошеви. Мотив повеќе догодина да организираме настан, со кој ќе му помогнеме економски на градот, но ќе ја промовираме Македонија - вели Филип Рибери од Франција.
Инаку, болдер маратонот на локалитетот Камена баба на Маркови кули се одржа по петти пат, а учествуваа над 100 вљубеници во овој спорт од Македонија, Франција, Словенија, Хрватска, Полска, Бугарија
- Маркови кули се одличен локалитет - рече Миха Хорвар од Словенија.
- Чувајте го и заштитувајте го локалитетот, затоа што преку овој спорт можете да носите пари од туризам - вели Урша Флоријанчич од Словенија.
Организатор на болдер маратонот „Крали Марко“ беше клубот „Златоврв,“ од каде велат дека градот добил уште една препознатлива манифестација во светски рамки.

Св.Р.
http://www.plusinfo.mk/vest/38731/Francuzi-najavuvaat-dogodina-golema-manifestacija-na-Markovi-kuli
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom