Пожарникарите до седми, а потоа само Господ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
L

.Lost Angel.

Гостин
СKОПСKАТА БРИГАДА ДВЕ ДЕЦЕНИИ ЧЕKА НЕKОЈ ДА § KУПИ СKАЛИ ОД 50 МЕТРИ
Пожарникарите до седми, а потоа само Господ
822547FA88B00B49B3AFD8A3832E8972.jpg
Со сегашната опрема и возилата, максималната височина до која може да интервенираат пожарникарите е седми кат, информираше командирот Благоја Менковски одговарајќи на поставено прашање во Советот на Скопје
Kолку и да е оспособена за брза и навремена интервенција, недостигот од соодветна опрема ќе продолжи да ја издава скопската Противпожарна бригада при гаснење оган од високи згради. Да не беа двата камиона донирани пред две години од Нирнберг, Противпожарната бригада ќе ги немаше ни сегашните нови скали, наменети за објекти високи до 30 метри. Но, она за што надлежните од бригадата апелираат со години, а никој не им излегува во пресрет, е набавката на скала за висина од 50 метри. Тоа значи дека с` уште не располагаат со оваа важна опрема, па само Господ ги чува граѓаните во Скопје што живеат во згради повисоки од седум ката.
Надворешните скали - шпајзови
До таа висина пожарникарите може да изгаснат пожар, обелодени командирот на бригадата, Благоја Менковски, на поставено советничко прашање на Жанета Попеска на седница на Советот на Скопје. Таа побара да одговори до која висина може да интервенираат пожарникарите со опремата што ја поседуваат. Kако што е познато, со децентрализацијата во 2005 година, бригадата припадна под Градот, а претходно беше под Министерството за внатрешни работи.
- БППЗ поседува четири скали од кои три се со височина до 30 метри и една платформа со височина до 27 метри. При идеални услови за поставување на скалите максималната височина до која може да се интервенира е седми кат - изјави Менковски.
Над оваа висина станбени единици има во Центар, пред с` кулите на Градски ѕид, во сите населби во Kарпош, Аеродром, Гази Баба, поточно Автокоманда и Железара. Сепак, и покрај недостигот од соодветни скали за високи згради, досегашните пожари на погорните катови, кои се над лимитот на можностите, биле изгаснати благодарение на вештината и пожртвуваноста на вработените, велат од бригадата.
А она што со години е тема - не се проблем само скалите за интервенција над седум ката. Хронична болка и тоа што значително им ја отежнува работата во колективните објекти е недостигот од надворешни скали. Особено во новоградбите.
А онаму каде што има, редовно служат како шпајзови и се блокирани од тегли, плакари, софи и други стари работи, кои на станарите не им требаат внатре, а притоа не ги складирале во подрумски простории.
Во K. Вода и во Д. Маало начичкани како сардини
Дека потребата од нова опрема за високи објекти станува с` поитна, говори и фактот дека во Скопје во изминатава деценија се изградија илјадници новоградби, и тоа една до друга. Тоа, објаснуваат од бригадата, значи дека доколку избие пожар во една, поради близината на објектите, постои опасност тој брзо да се прошири на многу други ако не се интервенира навремено и со соодветна опрема.
Граѓаните сето ова го знаат и се уплашени.
- Исто така, тука е и хаосот од автомобили и немањето паркинг-места. Јас живеам во Kисела Вода, каде што улиците стануваат с` потесни, а објектите се с` поблиску едни до други, бидејќи 15 години се градеше непрописно. Се плашам дека еден ден ќе се случи вистинска трагедија - вели Перо Трпески од оваа населба.
Истото го велат и жители на Дебар Маало, каде што зградите се начичкани една до друга, а луѓето, како што велат, имаат чувство дека живеат како сардини.
Една од работите што во иднина ќе придонесат за побрзи интервенции на бригадата е отворањето на Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУKС). Односно, со компјутерска контрола на семафорските уреди ќе може да избегнат метеж, бидејќи возилата на пожарната, полицијата и брзата помош ќе имаат предност на скопските улици.
Јорданка ивановска
Еве на што наидов и се запрашав само, што ако живеам на 10 ти спрат? Сега дури видов дека пожарникарите не се криви што куќи горат скроз до темел :(.
 
А оние турците колку катни ќе градеа 50? :pos:
 
Ако живееш над седми спрат.... скокај Ламбе :icon_lol:
 
Бев во пожарна одреден период и ситуацијата не е воопшто розова.....недостик на опрема....немање предност во сообраќајот....тесни и блокирани улички.....несоработка на околните жители

во голем број на згради цревата од хидрантите се украдени а исто и рачките на вентилите....надворешните скали се блокирани со лесно запалив матријал (дрво, пластика, хартија)....пристапот до кровот е невозможен бидејќи вратите се заклучени....


се на се во сегашнава ситуација со вака дислиплиниран народ единствено што можат да направат пожарникарите е да спречат ширење на пожарот но не и да интрервенираат навремено и да ви го спасат домот

а за тоа сме виновни НИЕ САМИТЕ
 
Значи задолжително осигурување од пожар (y)
 
Бев во пожарна одреден период и ситуацијата не е воопшто розова.....недостик на опрема....немање предност во сообраќајот....тесни и блокирани улички.....несоработка на околните жители

во голем број на згради цревата од хидрантите се украдени а исто и рачките на вентилите....надворешните скали се блокирани со лесно запалив матријал (дрво, пластика, хартија)....пристапот до кровот е невозможен бидејќи вратите се заклучени....


се на се во сегашнава ситуација со вака дислиплиниран народ единствено што можат да направат пожарникарите е да спречат ширење на пожарот но не и да интрервенираат навремено и да ви го спасат домот

а за тоа сме виновни НИЕ САМИТЕ

Надворешните скали по зградиве служат ко дополнителен шпајз за повеќето од станарите. А и терасите по куќите не се нешто подобри, овие што живеат спроти мене повеќе ствари имаат на тераса него ние во гаража.
 
Надворешните скали по зградиве служат ко дополнителен шпајз за повеќето од станарите. А и терасите по куќите не се нешто подобри, овие што живеат спроти мене повеќе ствари имаат на тераса него ние во гаража.
- а од каде се дојдени не се срами кажи,сигурно знаеш
дали има и некој самар и оглав закачен и некое рало,или каче и дикел
оти на мариовци и шопја тарасите им се дворови , пасишта и воденици
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom