Мобилната единица ''Алфи'' клучна за јавниот ред и мир во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
L

.Lost Angel.

Гостин
Мобилната единица ''Алфи'' клучна за јавниот ред и мир во Скопје

670 приведени, 1370 легитимирани во првите три месеци од годината. Алфите открија дека дневно апселе по десет лица. За она што го работеле досега и реферираа на министерката Јанкуловска, а за неа единицата има добри резултати.
galfi_91645.gif
Иако имале најризични случаи и најтешки задачи успевале успешно да се соочат со предизвикот.
Алфите добија признание од Јанкуловска за апсењето на Харис од Хиподром. Случајот бил доказ дека и Македонија не е имуна на предизвиците со кои се соочува светот. Токму мобилната единица го запре по добиените три дојави за напад од граѓани. Го привеле и водачот на гробарите и грчкиот бизнисмен барани преку Интерпол. Алфите биле и најефикасни во разрешување на последните инцидентите меѓу малолетниците.
МВР очекува со новата систематизација единицата да продолжи со ефикасно спроведување на задачите. Да се борат со криминалците и да ги решаваат проблемите.
Според вас што мислите колку е сето ова точно? :)
 
Апсат ли на Џон Кенеди и сл.? Пошо другар што го знам кога се враќал дома некоја вечер двајца се тркале со коли и се пукале со пиштоли сред вожња.
 
-сакам да кажам не да нејќам,да се чуе,да се знае ама пусти страв
да не ми дојдат за 5 минути пред врата да ме одвлечат на “разговор“
 
Само така нека продолжат ЦАРЕВИ СЕ !
животна желба ми е да бидам дел од нив..може и ке бидам :)
 
Алфиве се како затвореници што работат за полиција од една страна спремни се на разни ситуации во најтешки случаи за најбрзо тие реагираат од друга страна може многу лесно да дојде до проблем ако некој нешто им пререче инаку точно е статистиката вели дека се успешна единица само нека си ја вршат должноста со ум.
 
Јасно е дека се клучни за јавниот ред, затоа во Скопје не можеш сам по улица да прошеташ.
 
Факт е дека се хулигани, али невозможно е некој културен дечко во оделце и краватичка да се справи со сите битанги што шетаат по улица, нели;)
 
Алфите се нешто како Бед Бојс кои работат за државата !
За разлика од обичните униформирани Полицајци, кои се познаваат од километар, Алфите се облечени во цивилка и затоа се доста поуспешни во извршувањето на нивните задачи т.е. сузбивање пред се на уличниот криминал, како и превенција да не дојде до тепачки !
Инаку незнам колку е вистина, но имам чуено од другари дека сите Алфи биле лица со некакво полициско досие: тепачки, кражби и сл.
 
Па, за успешно да се справиш со криминалци, треба да размислуваш како криминалец ;)
 
Алфите се нешто како Бед Бојс кои работат за државата !
За разлика од обичните униформирани Полицајци, кои се познаваат од километар, Алфите се облечени во цивилка и затоа се доста поуспешни во извршувањето на нивните задачи т.е. сузбивање пред се на уличниот криминал, како и превенција да не дојде до тепачки !
Инаку незнам колку е вистина, но имам чуено од другари дека сите Алфи биле лица со некакво полициско досие: тепачки, кражби и сл.
Среќа овие неможеш да ги приметиш од километар

Апсат ли на Џон Кенеди и сл.? Пошо другар што го знам кога се враќал дома некоја вечер двајца се тркале со коли и се пукале со пиштоли сред вожња.

Вакви урбани митови... 18 години живеев и меѓудругото пораснав таму, во најлошите времиња немаше такви работи. Многу работи се дешаваат и е катастрофа невидена нема ни закон ни ништо, ама Тексас не е.
 
Среќа овие неможеш да ги приметиш од километар

Па нормално во цивилка се облечени, не носат никакви униформи, но оружје(пиштол), токи-воки и полиц.значка(легитимација) носат !
Еднаш ме легитимираа во град, касно ноќе беше пред 4-5 год. и ме извадија од памет, двајца крупни момци на моја висина 182цм облечени цивилно, ми пријдоа, ме фатија за рака, прво ме легитимираа(лична карта), а потоа и ме претресоа од глава до пети, но откако не најдоа ништо сомнително ме пуштија !
Рекоа дека тоа им било рутина б.т.в. бев сам, а беше касно ноќе, но беа доста културни, така да тоа им е работа !
 
Морам да им признаам на алфите луди момци се
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom