НЕДАЈ БОЖЕ ДА ТИ СЕ РОДИ НЕКОЈ БЛИЗОК СО БОЛЕСТА, ЌЕ ТЕ ВИДАМ ТОГАШ КАКО ЌЕ РАЗМИСЛУВАШ, ќе видам од кои фактори ќе зависи тогаш
--- надополнето: 23 март 2012 во 16:33 ---
Во вакцините се наоѓаат отрови, токсични метали, хемиски сврзувачи и конзерванси, животински делови, вируси. Ова не би сте го дале ни на вашето куче, меѓутоа рутински се дава на децата. Меѓу многубројните токсични состојки се наоѓаат и :
тимеросол - кој содржи жива ( еден од најотровните елементи )
формалдехид –средство за балсамирање ( конзервација на лешеви )
желатин
алуминиум хидроксид
феноксиетанол – антифриз
алуминиум фосфат
аспартам
натриум фосфат
алкохол
неомицин
фенол ( канцероген )
АБЕ АМАН НАПНА ЕЈ!
извинете на вокабулар
Секој ден во нашиот организам внесуваме храна, а не сме свесни каква опасност носи таа.
Ниедна храна не е добра ако се внесува во телото во големи количини. Сепак некои продукти во себе содржат и отрови, а многумина не знаат за тоа.
Печурките се многу добри за организмот, но сепак бидете внимателни бидејќи околу 5% од печурките се отровни.
Рабарбара или ревен, вид на зеленчук со сладок вкус кој потсетува на овошје и од овие причини се комбинира со шеќер за подготовка на џем, пита или пак колачи. Но внимавајте во зелениот лист содржи оксилати и не е за исхрана. Може да предизвика застој на работата на бубрезите, а доколку се конзумира во поголеми количина може да предизвика и смрт.
Црвениот грав содржи лектин кој е отровен. Дури три зрна од овој грав може да предизвикаат дијареа и повраќање. Задолжително треба добро да се свари и да се истури првата вода.
Семките од јаболките содржат цијанид и доколку се јадат во големи количини може да предизвикаат повраќање.
Дел од доматите, односно делот околу дршката содржат отровен томатин кој може да се користи како пестицид.
Семките од цреши содржат хидроген цијанид кој предизвикува повраќање, гушење па дури и откажување на работата на бубрезите.
Бразилскиот орев е најрадиоактивната храна на светот. Во него се содржи радиум илјада пати повеќе од било која друга просечна храна.
Мускатното оревче има психотропски својства бидејќи содржи супстанца која може да предизвика халицунации слични на оние кои ги предизвикува марихуаната.
Риба балон, јапонски деликатес кој може да предзивика парализа и смрт. Куварите учат две до три години да знаат како добро да ја приготват.
Еве ти, читај, штом имаш мерак за долги текстови за потенцијално опасни супстанци.
И сега што правиме? Да не јадеме цреши?
Како не го разбираш концептот на "контролирана доза" која НЕ е штетна?
Едит: отпосле го видов твојот последен пост. Научи се да дебатираш. Без caps lock по можност.