Исламот од својата појава на просторите на тогашната идолопоклоничка Арабија, каде што немало никакви траги од науката и културата, ги поттикнува и обврзува муслиманите да ја бараат и изучуваат науката со цел ширење на верското и културно напредување. Во текот на првото столетие, со почетокот на објавата на Куранот, исламот се ширел од Арабија на запад до Шпанија, завземајќи го просторот на Северна Африка, сè до брегот на Атлантскиот океан, Медитеранот, целата Шпанија до Пиринеите, јужна Франција, па на исток накај Кина сè до Големиот ѕид.
Ова не било само воено освојување, туку и хумано спасување на народите и заедниците од лудото и заблудено верување, во повик на чиста монотеистичка вера во еден Бог (Создателот). Овие освојувања со себе ги носеле и моралните пораки на исламот како што биле: човековата еднаквост, укинување на тиранијата, почитување на човековите права, просветлување на умот, итн. Исламот со своите пораки оставил големо влијание на многу култури и традиции, а многу битно е неговото пресудно влијание на почнување на зачетоците на човековата цивилизација и научен напредок.
Историските факти ни сведочат за вредните и плодните напори на муслиманските научниците на научните полиња, а посебно на полето на експерименталните науки. Многу запдни историчари и истражувачи пишувале, и уште пишуваат за допринесот на исламот врз развојот на цивилизацијата, културата и научните дисциплини како што се математиката, медицината, технологијата итн.
Ваил Дурант во делото „Историјата на цивилизацијата“ истакнува:
„Две стотини и петнаесет години по хиџрата, абасидискиот халиф Ме’мун ја основал „Куќата на мудроста“ (Бејтул-хикмех) во Багдад и опремил астрономски обсерваториум и јавна бибилотека за која одвоил 200000 динари. Исто така собрал голем број на учени луѓе кои ги познавале странските јазици и разните научни дисциплини, како што се Хонаин, Бакхтешо, Ибн Тарик, Ибн Мукаффа, Хаџџаџ бин Матар, Сиргис Рааси и други, издвојувајќи голема сума на парични средства за нивната работа, праќајќи ги низ целиот свет да бараат книги за медицината, математиката, убавата книжевност и другите науки на хинду, пахлеви, салдеан, старосиријски, грчки, латински и старо персиски јазик.“
Ваил Дурант ја истакнува големината и вредноста на библиотеката која е основана пред повеќе од илјада години, а која располагала со 4 милиони примероци на различни книги.
Се спомнуваат и историски факти дека некои биле пренесени во оваа бибиотека на преку стотина камилски товари. Освен оваа, во пространата исламска држава егзистирале и многу други библиотеки.
Меѓу најпознатите биле: каирската „Султановата бибиотека“ која располагала со милион книги, сиријската библиотека „Триполи“ со 3 милиони книги, шпанската библиотека „Ел–Хаким II“ во Кордоба со 600.000 книги, во истамбулските џамии вкупно се наоѓале преку 80 библиотеки и во секоја од нив повеќе десетици илјади книги.
Во врска со ова сведочат западните научници и историчари кои се увериле во тоа и тоа свое уверување го пренеле во пишаните дела на повеќе страници.
Така, познатиот француски историчар д-р Густав ле Бон во своето познато дело „Исламско–арапска цивилизација“ пишува:
„Восхитувајќи делува озбилноста на муслиманите во својот истражувачки труд. Во секој град кој ќе го завземеле прво граделе џамија, а потоа училиште. Тоа влијаело на создавање извонредни институции за образување во многу градови. Бенџамин Тул вели дека во Александрија сретнал повеќе од 20 колеџи кои активно работеле. Багдад, Каиро, Кордоба и други места имале универзитети со лаборатории, обсерваториуми, големи библиотеки и сите останати помагала за научните истражувања. Само во Андалузија се наоѓале повеќе од 70 јавни библиотеки. Библиотеката „Ел-Хаким“ во Кордоба имала 600.000 книги, а потребни биле 44 книги за да се каталогизира содржината на бибиотеката. Кога „Чарлс разумниот“, четри векови подоцна ја основал париската библиотека, бил во состојба да собере само 900 изданија, а и тоа после голем напор, додека една третина од тој фонд содржал верски книги. „Само Кордоба имала 50 болници, 900 амами (бањи) и 600 џамии“.
Исто така и Џ.Л. Естренџ во делото „Наследството на исламот“ изнесува воодоошевувачки податоци:
„Универзитетот „Мустансарија“ беше прекрасно дело на пространата локација покрај реката Тигар, а инвентарот од уметнички дизајн и квалитет, каков што не било во целиот свет. Познати се неговите четри правни колеџи, секој со 75 студенти и профессор кој учениците ги подучувал бесплатно. Студентите имале редовни месечни стипендии во висина од еден златник. Кујната на колеџот обезбедувала дневни оброци.
Ибн Ел–Фурат бележи дека библиотеката содржела ретки книги на непроценлива вредност во многу гранки од науката, за потребите на студентите. Било обезбедна хартија и перо за секој студент што сакал да ги препишува книгите. Универзитетот имал амами и амбуланти. Нивните доктори обезбедувале дневни прегледи и им препишувале рецепти на сите што биле болни. Амбулантите можеле да ги дадат пропишаните рецепти истиот момент. Да не заборавиме дека сето тоа било во 13 век!“
Зашто треба да не заборавиме?!
Затоа што во тоа време над христијанската Европа владеела тиранијата на црквата и хиерархијата која на клада ги палела научниците кои се обидувале да ги докажат своите научни откритија, заведувајќи ги луѓето под изговор дека нивното учење е еретичко и дека се коси со христијанската вера. Се разбира дека се косело со верата која христијанските свештеници ја искривиле и ја прилагодиле во своја корист.
Додека црквата во 1634 година, му судела на Галиео Галилеј поради потврдувањето на Коперниковате теорија, за кружењето на Земјата околу Сонцето, муслиманите веќе го користеле календарот кој го направил големиот астроном и математичар Омер Хаџам од Насапур, петстотини години порано. Овој календар е подобар од грегоријанскиот, затоа што прецизно го одредува почетокот на нашата нова година, не само во ден туку точно во час, минута и секунда, кога Земјата завршува едната орбита и почнува нов круг околу Сонцето на пролетната еквиноција.
Доволно е да се спореди тогашната исламска Шпанија која се наоѓала во Европа и соседните христијански земји. Впрочем, секој жител на тогашната Шпанија знаел да чита и пишува, без разлика на општествената класа, додека овие способности во христијанаската Европа ги поседувале само фратарите и клериците. Останатите луѓе, па дури и најголемите племиња сметале дека тоа не е вредно за нивниот труд, па не се обидувале ни да учат. Овој народ не бил свесен во каква очајна, духовна и материјалана беда се наоѓа. Од другата страна, целиот исламски свет, читањето и пишувањето биле веќе завршена работа, нешто сосема нормално. Развитокот на разни научни дисциплини, како што се медицината, фармакологијата, математиката, хемијата, физиката, географијата, индустријата, итн. довело до продуктивни изучувања. Многу муслимански имиња се забележани во светлите страници на историјата како основоположници на науката.
извадок од книгата: „влијанијето на муслиманите врз развојот на цивилизацијата“,
Ќе ти најдам тоа што бараш полека не брзај., прочитај го ова, не е на одмет, ако сумљаш во податоците имаш интернет писмен си се надевам можеш да ги провериш информациите.
--- надополнето: 23 март 2012 во 14:45 ---
П.с. абе какви видеа што зборуваш, НА БИБИСИ емисија зборува контра она што ти го тврдиш бе, алоооо... они кажуваат многу работи што ти тука си ги изопачил, зарем БИБИСИ прават иламска пропаганда? Свашта, стварно...