Ситуација 1 - девојката има 17, дечкото има 27, во овој случај имаме и те како големо влијание на годините во врската. 17 години се премалку за да се спојат со искуството од 27 години. Според мене, без разлика колку девојката ќе се труди и мисли дека се вклопува во таа врска, без разлика колку е зрела, таа може да му биде само еден буквар за прво одделение на дечкото. На личност од 27 години му треба стабилност, а тешко дека девојка која има 17, која тек почнала да ја осознава реалноста, може да му понуди стабилност,
Во текот на животот се случуваат различни работи со кои различно ќе се справуваат и двајцата, и доколку тие неможат да си ги синхронизираат своите размислувања и потреби, тоа е КРАЈ
Ситуација 2 - девојката 27, дечкото 37 , тука веќе е нешто друго, сосема поинаква ситуација, кога веќе двајца луѓе, знаат што сакаат, доволно зрели за да имаат осет за сродна душа, свои заеднички интереси, со веќе оформени ставови дека ‘‘се што лета не се јаде‘‘, во тој случај можеме да кажеме дека годините нема да имаат влијание врз врската, во тој случај можеме да зборуваме за искрена и чиста љубов, меѓусебно разбирање, зрелост и желба за успех.
Ситуација 3 - девојката има 21, дечкото 16 , незнам колку една девојка би сакала да изигрува дадилка, затоа што од една страна машките созреваат покасно, а тој на 16 години не ни знае што сака, тој е сеуште дете, девојко, ако сакаш само чиста авантура и џабе потрошено време,, go for it,,
Може на почетокот да ти биде интересно, но со текот на времето ќе почнеш да ги воочуваш разликите, кога ќе треба да му прераскажуваш лектира