spiros
Шалом Алеихем!
- Член од
- 7 септември 2008
- Мислења
- 3.225
- Поени од реакции
- 986
.Во секој случај ти како верник не смееш да го дозволиш тоа, поради моралните обврски кои ти ги налага Библијата.
Не сум јас тој кој што не го дозволува и не го спроведува тоа, нити тој кој што доброто го делува, туку Мудроста (Милоста) БОЖЈА, Која е безкрајно поголема од секој ум, разум, ... и дури поголема од сиот безкраен универзум!
БОГУ Слава и Фала - за тоа - во вечни векови
ХалелуЈАХ! .
.
.За Фројд муабетиве (како и за ова правило што упорно ти го говорам за Библијата) ти се сведуваат на ништо повеќе освен на кафански муабети.
Фројд и неговите духовни чеда се’уште не се способни да Го “видат“ (а поради тоа и не можат чеда да бидат на) најважното!
На многу луѓе, пак, кои што (неслучајно) седеле во кафеани и оделе по грешен пат - поради дечјата вера во Милоста (Мудроста) БОЖЈА - им била отворена (и им се отвара) Тајната која за самобендисани книжници, самопрогласените праведници, ... и нивните духовни чеда, била, е’ и ќе биде затворена!
.Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на Небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!
Да, Оче, зашто таква беше ВолјатаТвоја.
Се’ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.
Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам;
Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши;
Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.”
(Ев. Матеј 11:25-30)
.
.
.Верувај си во што сакаш, или па воопшто не верувај. Ти си имаш право на свој живот и не смее никој да ти наметне нешто посебно не религија.
Прекрасен е!
Совршениот БОГ е Тој кој што ни ја дарил (и не ни ја наметнал) слободната волја, ... животот, умот, секој здив ... и се’ што е’ во Неговата Совршена и се’опфатна религија!
АлилуЈА! .
Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос ... и нека ги просвети очите на срцата ...!
Амин
.
.