Дали е грев да не се верува во господ?

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Во секој случај ти како верник не смееш да го дозволиш тоа, поради моралните обврски кои ти ги налага Библијата.
.

Не сум јас тој кој што не го дозволува и не го спроведува тоа, нити тој кој што доброто го делува, туку Мудроста (Милоста) БОЖЈА, Која е безкрајно поголема од секој ум, разум, ... и дури поголема од сиот безкраен универзум!

БОГУ Слава и Фала - за тоа - во вечни векови

ХалелуЈАХ! .:)

.

За Фројд муабетиве (како и за ова правило што упорно ти го говорам за Библијата) ти се сведуваат на ништо повеќе освен на кафански муабети.
.

Фројд и неговите духовни чеда се’уште не се способни да Го “видат“ (а поради тоа и не можат чеда да бидат на) најважното!

На многу луѓе, пак, кои што (неслучајно) седеле во кафеани и оделе по грешен пат - поради дечјата вера во Милоста (Мудроста) БОЖЈА - им била отворена (и им се отвара) Тајната која за самобендисани книжници, самопрогласените праведници, ... и нивните духовни чеда, била, е’ и ќе биде затворена!

.Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на Небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!
Да, Оче, зашто таква беше ВолјатаТвоја.
Се’ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.
Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам;
Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши;
Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.”

(Ев. Матеј 11:25-30)

.

.

Верувај си во што сакаш, или па воопшто не верувај. Ти си имаш право на свој живот и не смее никој да ти наметне нешто посебно не религија.
.

(y)

Прекрасен е!

Совршениот БОГ е Тој кој што ни ја дарил (и не ни ја наметнал) слободната волја, ... животот, умот, секој здив ... и се’ што е’ во Неговата Совршена и се’опфатна религија!

АлилуЈА! . :)

Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос ... и нека ги просвети очите на срцата ...!

Амин

.
.
 
B

Borg_Drone

Гостин
.

Не сум јас тој кој што не го дозволува и не го спроведува тоа, нити тој кој што доброто го делува, туку Мудроста (Милоста) БОЖЈА, Која е безкрајно поголема од секој ум, разум, ... и дури поголема од сиот безкраен универзум!

Фројд и неговите духовни чеда се’уште не се способни да Го “видат“ (а поради тоа и не можат чеда да бидат на) најважното!

На многу луѓе, пак, кои што (неслучајно) седеле во кафеани и оделе по грешен пат - поради дечјата вера во Милоста (Мудроста) БОЖЈА - им била отворена (и им се отвара) Тајната која за самобендисани книжници, самопрогласените праведници, ... и нивните духовни чеда, била, е’ и ќе биде затворена!

.
Не сум јас тој кој што не го дозволува и не го спроведува тоа, нити тој кој што доброто го делува, туку Мудроста (Милоста) БОЖЈА, Која е безкрајно поголема од секој ум, разум, ... и дури поголема од сиот безкраен универзум!
Значи ти сакаш да кажеш дека не си верник и дека сето твое верување е една голема фарса?

Не сум јас тој кој што не го дозволува и не го спроведува тоа, нити тој кој што доброто го делува, туку Мудроста (Милоста) БОЖЈА, Која е безкрајно поголема од секој ум, разум, ... и дури поголема од сиот безкраен универзум!
Фројд и неговите духовни чеда се’уште не се способни да Го “видат“ (а поради тоа и не можат чеда да бидат на) најважното!
Па и нема што да видат зошто го нема.Можат единствено на сон да го видат како резултат на неостварената желба која била силно потисната од свеста, па во текот на спиењето не наишла на препреки од свеста и неостварената желба се манифестирала во вид на халуцинација....

-Од гледиште на моралот, светот е лажен.Но, доколку и моралот е составен дел од овој свет, тогаш и моралот е лажен.

Фридрих Вилхелм Ниче
 
whenURdown

увезена пломба за петтка доле десно
Член од
6 март 2012
Мислења
56
Поени од реакции
24
Искрено многу ме интересира вашето мислење на ова прашање има многу препирања по форумов дека ако си атеист(не веруваш во бог) ќе гориш во пеколот итн.

Еве да земеме еден пример за човек кој живее според божјите заповеди (не краде,не лаже итн да не ги редам сите 10) и останати проповеди за исправен и чесен живот почитување,љубов...

Дали еден човек кој го прави сево ова ,но не верува во господ сепак ќе оди во пеколот иако на некој начин индиректно го следи Бог или ова е доволно за да влезе во рајот?

Може да пишувате за било која религија .(Барем за оние кои имаат рај и пекол или нешто слично на нив)

брат ако си атеист.. зашо те интересира дали би одел во рај или пекол? о.О
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515

Атеист не сум пошто колку што го сваќам терминот тоа значи да не веруваш во бог.
Јас верувам во виша сила ,но не мислам дека која било религија на светов треба да се следи ,според мене религијата треба да е за секој човек посебна ,а не да ја делат милиони.
Како што пишав во прошлите постови повеќе би ја опишал мојата религија како животна философија отколку со терминот религија.
Во врска со рајот или пеколот го поставив прашањето бидејќи ми звучеше дискутабилно и да видам како размислуваат оние кои делат поголема религија (пошто за атеистите е јасно не веруваат нема што да дискутираат освен хипотетски да се даде претпоставка)
Така занимливо ми беше прашањето инаку мене лично не ми е важно дали постои рај или пекол затоа што не знам и не можам да влијаам на тоа.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Значи ти сакаш да кажеш дека не си верник и дека сето твое верување е една голема фарса?
.

Колку и да е голема верата (и сознанието) на поединецот, таа никогаш не е поголема од Мудроста (Милоста) на Единствениот, без Која се’ е суетен ветер и магла!

Ќе можете тоа да го сфатите, г-ине? .

.
Па и нема што да видат зошто го нема.Можат единствено на сон да го видат како резултат на неостварената желба која била силно потисната од свеста, па во текот на спиењето не наишла на препреки од свеста и неостварената желба се манифестирала во вид на халуцинација....
.

Надувените псеудопсихолози, -аналитичари, -терапеути, -филозофи, ... не можеле, не можат и ако не се обрнат не ќе можат никогаш да разберат, дека : Најважното се гледа - пред се’ - со очите на срцето! .

Очи мои ...

Очи мои слепи се

Уши мои глуви се

Како извори пустински пресушени - суви се

Кога не ја гледам и слушам Милоста БОЖЈА,

Христа ГОСПОДА, секаде и во сè !

.
 
whenURdown

увезена пломба за петтка доле десно
Член од
6 март 2012
Мислења
56
Поени од реакции
24
Атеист не сум пошто колку што го сваќам терминот тоа значи да не веруваш во бог.
Јас верувам во виша сила ,но не мислам дека која било религија на светов треба да се следи ,според мене религијата треба да е за секој човек посебна ,а не да ја делат милиони.
Како што пишав во прошлите постови повеќе би ја опишал мојата религија како животна философија отколку со терминот религија.
Во врска со рајот или пеколот го поставив прашањето бидејќи ми звучеше дискутабилно и да видам како размислуваат оние кои делат поголема религија (пошто за атеистите е јасно не веруваат нема што да дискутираат освен хипотетски да се даде претпоставка)
Така занимливо ми беше прашањето инаку мене лично не ми е важно дали постои рај или пекол затоа што не знам и не можам да влијаам на тоа.
да добра тема ама малце ме збуни (y)
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515
.

.

Колку и да е голема верата (и сознанието) на поединецот, таа никогаш не е поголема од Мудроста (Милоста) на Единствениот, без Која се’ е суетен ветер и магла!

Ќе можете тоа да го сфатите, г-ине? .

.

.

Надувените псеудопсихолози, -аналитичари, -терапеути, -филозофи, ... не можеле, не можат и ако не се обрнат не ќе можат никогаш да разберат, дека : Најважното се гледа - пред се’ - со очите на срцето! .

Очи мои ...

Очи мои слепи се

Уши мои глуви се

Како извори пустински пресушени - суви се

Кога не ја гледам и слушам Милоста БОЖЈА,

Христа ГОСПОДА, секаде и во сè !

.
Друже сакам искрено да ми одговориш.
Дали го разбираш ова што го пишуваш/проповедаш?
Се обраќаш кон нас со „чуден“ стил на пишување кој не одговара на разговорниот стил на обичниот човек.
Можеби во црква или манастир ова што го зборуваш е прифатливо ,но зар сериозно мислиш дека „масата“ ќе те разбере ако зборуваш вака.
Не за џабе Исус им се обраќал на луѓето преку лесно сватливи метафорични приказни.
Се што кажуваш е како од книга извадено.
Ако нешто знам за бог знам дека тој сака секој да биде уникатен и единствен на свој начин бидејќи така сме создадени без разлика колку изгледаме слични еден на друг секој од нас има различен отисок на прстите.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Друже сакам искрено да ми одговориш.
Дали го разбираш ова што го пишуваш/проповедаш?
Се обраќаш кон нас со „чуден“ стил на пишување кој не одговара на разговорниот стил на обичниот човек....

.

Човечките зборови - од кој стил и да се - неможат (потполно) да ја опишат Крајната Вистина, тие можат само да послужат како знаци, патокази, ...

Крајната Вистина е повеќе од сите религии и стилови кои човекот милува да ги фаворизира!

На сите луѓе - без разлика на кој стил припаѓаа или од која, традиција, нација или деноминација тие доаѓаат - одсрце Го посакувам Светиот Дух, преку Кого единствено и секогаш има потполно разбирање на Крајната Вистина!

Амин

.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515
.

.

Човечките зборови - од кој стил и да се - неможат (потполно) да ја опишат Крајната Вистина, тие можат само да послужат како знаци, патокази, ...

Крајната Вистина е повеќе од сите религии и стилови кои човекот милува да ги фаворизира!

На сите луѓе - без разлика на кој стил припаѓаа или од која, традиција, нација или деноминација тие доаѓаат - одсрце Го посакувам Светиот Дух, преку Кого единствено и секогаш има потполно разбирање на Крајната Вистина!

Амин

.
Ти некако не ме свати?
Крајната вистина нормално дека не фаворизира стил, но јас како обичен човек и многу други го правиме тоа ,како јас да ги разберам тие знаци и патокази?
ако еве ти како просветлен сакаш да ме насочиш на правиот пат пошто нели како христијанин должност на секој е да ги насочи изгубените души на правиот пат?

Според ова твоите зборови се празни ,а ако твоите зборови се празни тогаш и твојата верба е празна.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Ти некако не ме свати?
Крајната вистина нормално дека не фаворизира стил, но јас како обичен човек и многу други го правиме тоа ,како јас да ги разберам тие знаци и патокази?

.

Роде, молитвата е многу важна работа!

Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање - и ќе му се даде.

(Јаков 1:5)

ако еве ти како просветлен сакаш да ме насочиш на правиот пат пошто нели како христијанин должност на секој е да ги насочи изгубените души на правиот пат?

Според ова твоите зборови се празни ,а ако твоите зборови се празни тогаш и твојата верба е празна.

Секоја душа која што се смета себеси како подобра, попаметна (или попросветлена) од другата, таа се’уште е (повеќе или помалку) слепа и потполно не Ја познава Вистината и Тајната на Евангелието БОЖЈЕ, Која е Чиста Милост!

Затоа е пишано:

„Кој се фали, со Господа нека се фали.”

(1 Коринтј. 1:31)

Одсрце се надевам дека и овие зборови нема да ти се чинат празни.

Секое добро!

.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.747
Поени од реакции
4.515
.

.

Роде, молитвата е многу важна работа!

Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање - и ќе му се даде.

(Јаков 1:5)

Секоја душа која што се смета себеси како подобра, попаметна (или попросветлена) од другата, таа се’уште е (повеќе или помалку) слепа и потполно не Ја познава Вистината и Тајната на Евангелието БОЖЈЕ, Која е Чиста Милост!

Затоа е пишано:

„Кој се фали, со Господа нека се фали.”

(1 Коринтј. 1:31)

Од срце се надевам дека и овие зборови нема да ти се чинат празни.

Секое добро!

.
Друже повеќе мудрост никогаш не е лошо да имаш ,но овде зборам за сосем друга работа.
Колку сакам нека имам мудрост ако не го разбирам она што го зборуваш џабе е.

Зошто мислиш Кирил и Методија направија посебна азбука за словените за и тие да можат да го разберат зборот на бог?

Тие (словените) колку и да поседуваа мудрост се тоа е залудно ако не го разбираат јазикот на кој се проповеда зборот господов(во тоа време грчки и латински(и германски ако не се лажам)).
Оној што не знае просто да објасни значи не го разбрал доволно.

Не мешај баби и жаби сега јас нигде не реков да се фалиш ти па за ситници се зафаќаш.
Поентата ми беше ако ти како особа која го разбира зборот господов и верува и живее според него должност ти е како христијанин да го рашириш за повеќе луѓе да ја осознаат големината на единствениот господ-бог и да се избават од вечното страдање пред да биде предоцна.

Но, ако тоа е така зошто денес папата не проповеда на латински?
-Тоа е така зошто никој нема да го разбере
Така и со твојов стил ако ти ми зборуваш „арапски“(метафора) како јас да ја осознаам пораката во твоите зборови?
 
Роде, Љубовта е превербална.

Секаде каде што има љубов - има и разбирање!

Ме натажуваш постојано кога ми велиш дека не ме разбираш ..., но со БОЖЈА помош и поради Неговата надприродна и превербална Љубов, ќе се потрудам да објаснам она што не го разбираш.

Повели, конкретно.

.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Секаде каде што има љубов - има и разбирање!

Ме натажуваш постојано кога ми велиш дека не ме разбираш ...,
Дали тоа значи дека ако се заљубиш во некоја од Тајван, автоматски ќе разбираш тајвански?
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.
Дали тоа значи дека ако се заљубиш во некоја од Тајван, автоматски ќе разбираш тајвански?

.

Не, ама сигурен сум дека автоматски ќе има разбирање, исто како што мајката без да знае “бебешки“ има префинето разбирање за бебето што го љуби.

Сфаќаш?
.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Јас лично не верувам во Бог( од Х причини сосема небитни) но без религијата би имало војни,окупации и триста чуда секоја држава ќе сака да биде доминантна и да диригира кој што да прави и како.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom