Потребно ли е да се менуваат имињата на улиците?

  • Креатор на темата Креатор на темата corba666
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би се потпишале на иницијатива за распишување на референдум за промена на имнњата на улиците

  • Да

    Гласови: 9 24,3%
  • Не

    Гласови: 28 75,7%

  • Вкупно гласачи
    37
  • Гласањето е завршено на .

corba666

Аполитичен промакедонски
Член од
3 април 2008
Мислења
266
Поени од реакции
55
Согласно Уставот на Репулика Македонија како и законот за локалната самоуправа граѓаните може преку граѓанска иницијатива со собирање на потписи да почнат процедура за прибирање на потписи за распишување на Референдум на ниво на локална самоуправа за прашањата од локално значење на граѓаните.
Со оглед на претходната анкета на која повеќе од 80% од анкетираните се изјасниле дека се против менување на улиците се наметнува и прашањето на оваа Анкета.
Доколку би се распишал Реферндумското прашање би било „Дали сте за промена на улиците во Град Скопје“
 
Потребно е сите странски имиња на улиците да се преименуваат во наши македонски имиња на некои херои, музичари, писатели и др.а не шпонски ;)
 
Ко да нема ништо побитно од имиња на улици. Како некој ме правашува мене јас не би ги менувал ОК се како што се. Не дека новите не се подобри ама нема потреба од такво нешто маката да се научат новите имиња не вреди за користа. Плус старитите имиња имаат значење дека се историски (историја на улицата). Плус уште што ќе има шпонски имиња е дополнителна причина да не се менуваат подобро комуњарски од шпонски.
 
Секако.
Затоа што нема да се променат сите, а и ке добиеме имиња на луѓе кои се од значење за Македонија, ама на комунистите не им биле при срце ;)
 
Треба внимателно да се размисли... Точно дека некои од имињата се тешки за варење но во предлозите за нови имиња има и многу потешки што ќе треба да се проголтаат!!!
Размислете како ќе се вика булеварот Цветан Димов.... човекот на кој бугарските фашисти сите коски му ги искршиле и го фрлиле од прозор на кале... Запрашајте се кој е идеен творец на идеата за голема албанија??? Со неговото име чаир сака да го преименува училиштето Цветан Димов! Размислете што се ќе треба да се проголта за промена на некои имиња на улици!!!
 
Нема да се менуваат сите имиња, а уште помалку имиња на македонски дејци.
Ќе се менуваат имиња на личности кои ништо не значат за Македонија, а биле од некакво си значење во СФРЈ.
Исто така, ни било ќеиф на нас или не, самите си направивме во делови на Македонија да има 90% Албанци. ЈБГ.
 
И да има и да нема референдум јас сум за Да. Не сакам имињата на комунистите кои зацрнувале судбини да носат имиња на улици.
Пример: Видое Смилевски-Бато, одговорен за цинкарење и режирање на судењето на Ченто. Ваков кретен улица има :facepalm:
 
Ќе се менуваат имиња на личност кои ништо не значат за Македонија, Доброоооооооооо
Ајде да видиме колку Албанци кои се залагале и придонесле за успешна, суверена и самостојна Македонија, колку овие предложениве придонесле за развојот и напредокот на Македонија.
Вака изгледа локални херојчиња ќе ги красат улиците само поради суети и желба да докажување, најголем дел од предложениве работеле ПРОТИВ Македонија, под изговор заштита на човекови права.
Испаѓа дека сите имаат право на човекови права, освен Македонците
 
Ја би донел акт со кој сите имиња Маршал Тито и Јосип Броз Тито одма би се смениле.

Смилевски Бато,Ранковиќи,Кидричи и слично...
 
Da, definitivno! Vo Makedonija nekoi ulici nosat iminja na licnosti sto veke odamna i vo nivnite rodni mesta ne gi koristat, kako Boris Kidric i drugite. Veke zemjata ima novi heroi, novi momenti,novi istoriski uspesi...
 
На пример, место „Маршал Тито“, нека се вика „Лестер Бо Мекејлеб“.
 
Ако има етнички албанци кои се од значење или неспорно се заложиле за доброто на земјата во која што живеат (во овој случај тоа е Македонија, а не некоја друга земја), мислам дека нема ништо спорно да се земе нивното име во предвив. Ама јас не гледам во имињата кој што се предложени ни едно име од овие категории

И баш би било убаво кога би му се одолжиле на Лестер Бо Мекејлеб кој гордо го носеше Македонското знаме на својот грб.
 
Да треба само шо еден ден личните имиња ке ви ги сменат и ке си ќутите сето тоа е за полнење на буџет тие расходи треба од некаде да се покријат а тоа е еден од изворите за 1 месец 2 пати ке смените лична карта и секоја друга документација нема да ви важи како да речам ПОЛН ПОГОДОК од страна на државата секоја чест
 
Мајка Тереза е етничка Албанка, ама не видов некој Албанец да сака така да се вика некое школо, или улица.
Секако, не била албански империјалист, затоа.
--- надополнето: 19 март 2012 во 15:58 ---
Да треба само шо еден ден личните имиња ке ви ги сменат и ке си ќутите сето тоа е за полнење на буџет тие расходи треба од некаде да се покријат а тоа е еден од изворите за 1 месец 2 пати ке смените лична карта и секоја друга документација нема да ви важи како да речам ПОЛН ПОГОДОК од страна на државата секоја чест

ОД каде овој муабет?
Демек, ако сменат име на улица, сите ќе мораат да менуваат лични карти?
Ќе сменат тогаш кога законски мораат, кога ќе им истече личната карта.
Гледам, луѓево се селат од едно на друго место, па се залетаа лични карти да менуваат.
 
Јас би се запрашал зошто 300 улици од еднаш???? Пред да гласате погледнете ги сите предлози!
Јас сум против идеолози на поранешниот систем и кодоши и што ти не но.... сум и против гетоизација и предизвикување меѓуетничка нетрпеливост!!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom