Тишка
Кротитељ
- Член од
- 1 јуни 2011
- Мислења
- 6.948
- Поени од реакции
- 9.581
Долни или Дебарски Дримкол е регион во југозападниот дел на Република Македонија, во кој се сместени селата Јабланица, Пискупштина, Безево, Нерези, Горно и Долно Луково, Модрич и Дренок. Западната граница на Долни Дримкол ја сочинува планината Јабланица. Границата оди по самиот срт на планината, односно со самата граница со Република Албанија, односно таа минува над селото Јабланица и селото Лакавица. Поаѓајќи од висот Ветерник (1369 мнв.), границата на Дримкол воедно е и државна граница помеѓу Република МАкедонија и Република Албанија, оди кон југозапад преку Цер и Орлов Камен на Радуч (2084 мнв.), а оттука по стариот синор помеѓу селата Јабланица , Лакавица и Стеблево, од Радуч на Соколец, па слегува на местото Див Костен на Лакавичка Река, а од Див Костен на југ на Незирова Тумба, па на Невестин Гроб и Стрижак.
Јужната граница накосо ја започнува од Стрижак кон исток, до над селото Боровец, а потоа скршнува на североисток и исток, заобиколувајќи го селото Боровец и низ потокот Бигор излегува на реката Дрим, сè до устието на Јабланичка Река, се качува низ Ѓуркин Камен на Локовски Рид и потоа, преку Црвена Карпа и Липоќ, повторно се спушта на реката Дрим кај Модрички Мост и потоа повторно оди по реката Црн Дрим. На овој десен дел од Црн Дрим сега нема населби, туку само осојната страна на Локовски Рид кој им припаѓа на селата Нерези и Луково.
На север, кон Дренок, границата оди по текот на Дримот на местото Порта, оттаму на Горна Краста и Сениште, па на Ветерник, така што на селото Модрич, односно Долни Дримкол, му останува целиот вис Филипица. На север и на запад од Долни Дримкол се наоѓа пределот Голо Брдо, на југ Горни Дримкол, а на исток, преку реката Дрим, Караорман или Струшка Малесија.