Pa vie si znaete no mislam deka za da navivas za Reprezentacija ne treba ni pokani treba vie samo da se ponudite da ja bodrite nasata reprezentacija .. Moe Mislenje
На сегашното водство на КФМ не му одоговара Фемили да биде на трибини, затоашто цело КФМ = Работнички и зошто парите за реквизити, автобусите и сите други разноразни ситници да се даваат на ривалската навивачка група кога може да се поделат на својата. Башка до преклани цела репрезентација беше од Работнички со исклучок на два-тројца што играа на страна, и скоро сите од нив (Тасов, Симиќ, Ристе, Мајмунот...) ги провоцираат навивачите не Мзт додека играат за Работнички а Аеродромчето е проклета сорта, памти и неможе да се израдува на некој кој ке даде аплауз накај трибина, а месец дена преходно ни покажувал гениталии.
Целиот муабет е дека на КФМ не им требаат Фемили ниту навивачка група склона кон хулиганство која во секое време е способна да направи глупост. Знаат дека Комити и СРВ нема да се свртат против КФМ доколку се проѕрат некакви глупости кои КФМ ги правело. Реално, Јане Сандански во моментов е подбра сала од „Парк„ се наога во населба каде голем процент од жителите се заболени по кошарка, но не играат во Јане Сандански за да може нивниот Работнчки да лапа пари од изнајмување на салата.
Сето ова не го знае обичниот гледач, но Фемили се група која долго време е во кошарката и знае многу работи како одат.
И не е точно дека ке се степаат Ајдуци или било кои со Фемили, на Ракомет како доагаат навивачки групи од други градови да ја бодрат Македонија, па нема никакви проблеми.
Друго, кога играла репрезентацијата, не ни давале дозвола да вадиме наши транспаренти и секогаш имало расправање за тоа. СРВ вадат, зашто? Дека им се црвени? Нема врска. Кога игравме против Словенија, нас ни дадоа 20-30 маици а Комити и СРВ земаа околу 300 маици а ние на трибина бевме дупло повеке од колку што беа тие.