Македонци го прифаќаат исламот!

Статус
Затворена за нови мислења.

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Секако дека многумина го прифатиле исламот, благодарение на контактите со муслиманите кои го практикуваат исламот. А на прашањето зошто, најчест одговор е: „затоа што толкувањето на христијанството не ги пружи вистинските одговори по кои трага секој човек на оваа планета како и целосното духовно задоволство, или посакувале уште пострикно и поголемо вдлабочување во верата“.
Немој да потценуваш друга вера во обид да ја величиш својата!!!

Ако некој си ја сменил верата не значи да ја генерализираш тука тезата како христијанството не пружало духовно задоволство!

Ако баш веќе сакаш најголемите терористи во светот се токму муслимани.

Со овие теми само провоцираш гнев кај христијаните!!!

Јас сум имал на факс колега муслиман и често сме дискутирале за верите, но никогаш не сум му рекол или ми рекол дека едната вера е подобра од другата.

Нареден пат отвори тема за соживот и соработка помеѓу верите а не да се обидуваш да привлечеш христијани во исламот!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Кој ја сменил верата бре?
Сакате и ја да напишам лична исповед на Јусуф, Мухамед и Сулејман, за тоа како Исламот е срање, а Христијанството е најбоље?

Секој може вакви пропагандни текстови да смисли.
--- надополнето: 15 март 2012 во 18:23 ---
Прашање до ценетиот Бисер на мудроста: Дали има казна за ако некој се одлучи да го напушти исламот?
Не се прај на удрен па и ти.
Добро е познат третманот во исламските земји, на луѓето кои го прифатија Господ Исус христос за свој спасител.
Да не почињеме сеа со линкови (не од вехабистички пропагандни сајтови, туку од светски медиуми)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Јас како Атеист, би преминал во Ислам, но само под услов да ми дадат многу пари и плус едно 10 муслиманки(по мој избор) ! :sneaky: :sneaky:
Инаку ништо од бизнисот ;)
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Јас како Атеист, би преминал во Ислам, но само под услов да ми дадат многу пари и плус едно 10 муслиманки(по мој избор) ! :sneaky: :sneaky:
Инаку ништо од бизнисот ;)
Многу го гледаш Величествениот :pos::pos:
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Ценети и почитувани христијани и тие што се „христијани “ и тие што се атеисти. Знам дека темава е болна и ќе стане уште поболна. Не ми е намера никого да навредувам, ова е она кон што повикувале Божјите Пратеици ,а тоа е спас на човештвото. Јас очекував донекаде ваква реакција, но претеризмот до кој се оди со мешање на нации , јазици и слично ми дава мислење дека воопшто не сте ја прочитале статијата. Тоа што некој мисли дека исламот е подобар од христијанството е една од причините од кои го натерало да конвертира. Тоа е негово убедување и тоа не значи потценување. Едните кои поверувале тие се „спасени“, другите кои не поверувале, па макар биле христијани, атеисти,евреи или некакви си муслимани со име, а прават паганштини, тие не се спасените и тие не припаѓаат во „спасените“ и нема да завршат во рајот. Тоа е концептот на сите познати религии. Познато е дека „христијаните“ веруваат дека муслиманите ќе идат во пеколот зошто следат„лажен “ пророк. Така е и вајса верса. Значи според чистиот „монотеизам“ секој што не поверувал онака како Аллах наредил да веруваме, без разлика дали сум ЈАС или ВИЕ , нема да бидеме спасени и никој од нас ја нема таа гаранција дека ќе биде спасен. Таа гаранција ја имале само Божјите изабраници. Затоа и биле избрани. После нив кој ќе излезе со теза дека е спасен, е или луд или нема појма од Тој кон кој што повикува. Но доколку повика кон ЈАЖЕТО на СПаСОТ, кон ВИСТИНСКИОТ пат, и при тоа има јасни докази , има поголема надеж за него дека ќе биде спасен. Немам намера да ви зборам за секти, за делби и за погрешни и исправни тези. Овде е јасна темава, немој да се чудите на фактот што има македонци што прифатиле ислам. Дали е некој искрен во тоа или не е искрен е најмалку моја тема, пошто не сум видовит да гледам во срцата. Причините зошто го прифатил некој исламот може да бидат многубројни, од тоа да биде шпиун, до таа да се спаси себеси и да биде дел од оние кои ќе го ГЛЕДААТ својот ГОСПОДАР на Судниот ден без нималку страв и во потполно уживање и благодет која само Севишниот може да ја даде. Темава не е провокација, туку едно подготвување дека идат времиња во кои што , дали преку медиуми или преку интерет ќе се појават македонци кои ќе ве повикаат во ислам. Тие нема да се срамат од своето етичко потекло, ниту од завидливите ,ниту од исламофобите, пошто според реакциите воочуваме дека имаме големо исламофобно општество.Тие рани нема да ги залечам ниту јас,ниту некој после мене, но дека треба време да се исече еден „тумор“ така треба и време за оваа исламофобична болест, за оваа погрешна престава во која само болниот ум се храни, а здравото и чисто срце реагира на таа болест која доаѓа со секакви нечисти и валкани премисли. По јазикот кој го искажуваат овде некои поединци мене ми укажува дека некој многу , многу се поигрува со вашиот памет и не ми е чудно тоа што се напаѓа Куранот и исламот..секако дека најчистите нешта и чистотијата наоѓа валкани нешта што и се спротиставени, така и валканите нешта што искачаат од нечија глава се продукт, на омраза, валкано разбирање и престава испирирана од сопствениот ум на кој му се вградени најлошите престави за исламот, за кои разбирам дека треба широка дебата.. но ајде една работа која сите ја знаеме а се вика НЕПРАВДА.
Познато е само на МАКЕДОНЦИТЕ дека во овој момент им се прави неправда со непризнавање на нивниот идентитет, нивната етничка определба, на јазикот и нацијата. Ова некој неправедник и некој на кој медиумите му влијаат му дава сосотјба во која тој вели ..не бе какви македонци, тие ниту постојат, ниту постоеле, тие се лажна историја, тие непостојат.
Оваа неправда е поради принципот на лагата, медиумските измислици и негативниот став од соседите кон Македонија и кон македонскиот народ. Што секако е лага.
Ако јас или некој почнеме да се шегуваме не е ниту добро ниту вкусно за некој што е приипадник на македонскиот етникум.
Но кога се прават шеги на база на ислам тое и те како добредојдено..Но незаборавајте Исламот цел е правда. Ќе одговараш за све на овој свет, за све. Правилен шеријат денес нема, но тој како апсолут не е ни постигнат, освен во време на Божјите Пратеници. Така и оваа правда единствено ќе настапи на Судниот ден, а овде ќе доживееме да видиме само дел од таа правда или казна за некој кој што правел неправда.
Некој спомна и збореше што ако некој го напушти исламот.Е Што? што со него? Па тој е најголемиот лопов и крадец. Во исламот никој со сила не те терал. И ако влегуваш , влегувај како човек, а ако излегуваш, ќе излезеш како магаре. Овие зборови на сведоштво се најтешките зборови инајголемата обврска. Издајтвото на овие зборови е најголемо предаство, сводечење , а потоа да негираш, или си умоболен, или си неразбран, или си или..но јас не познавам таков човек кој освен од избрзаност го направил тоа. И секако никој ништо не му направил, но секој што правел си направил на себеси. И апостатството, не е нешто непознато во библијата, позната е казната е таму смрт и секогаш била истата казна. Таква е казната и кај Исус, и тој да можел да спроведе казни и тој истото би го направил. Но од некој кој сеуште недоживеал да биде владател во вистински смисол на судство неможеме да бараме прописи, Исус тоа ќе ни го потврди со неговото повторно доаѓање кога тој ќе биде судец на Земјата и ќе ги казни неверниците, тогаш ниедна вера освен чистиот МОНОТЕИЗАМ и чистиот ИСлам нема да биде прифатена.
Дека овие македонци постојат имам и видео докази кои немам намера овде да ви ги презентирам, но можно е дека едно аудио обраќање ќе ви обезбедам колку да ги разубедам некои душебрижници овде. Сепак ви посакувам се најдобро и Божје водство и упаство, но би било убаво и некој конвертит да ви се обрати овдека со негово мислење и размислување на оваа тема, да неиспадне штуро пренесување на информации. Поздрав и се најдобро..
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
има конвертити постојано низ цел свет па и во Македонија од било која во било која вера ...

Знам дека темава е болна и ќе стане уште поболна.
Де де ... шо е болно ?

Да ти кажам ?
Болно е да се измислуваат прикаски и пишуваат нарачани текстови со цел - пропаганда .. 5 души се конвертирале .. бре ..

И Христијаните и Муслиманите во државава (80% од нив) поима немаат ни од религија ни од ништо ..
Едните имаат обичаи кои незнаат што значат ...
Другите се кријат кога јадат свинско и пијат алкохол ..

Конвертитите се болна тема и за едните и за другите ... (за таквите како мене пак уво не ме боли :) )

Туку ќе ја следам темава се додека не ми потврди отворачот со неговите текстови дека е чиста пропаганда што и мислам дека е .. и ќе ја заклучам ..
;)
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Не е измислица. Луѓето постојат, мада сите ревертити и конвертити или како да ги наречам не реагираат исто, и кај нив овакво преставување наоѓа на негативна реакција. Еве едно писмо што го добив како реакција на овој текст, се надевам дека нема да ми се љути што го објавив.

Правилна класификација на Муслиманите на Муслимани конвертити и Муслимани ревертити

Од кога го прифатив Исламот како моја религија, го прифатив како единствена религија по која Бог милува да го славиме (обожуваме).
Открив дека Исламот е единствената вера дадена од Бога за нашето време, бидејќи е пренесена од страна на последниот Божји пратеник
Мухаммед а.с. Немало други пратеници после него, а знаеме дека нема ни да има.
Исламот е вистинската вера, но и вера на Вистината. Преку Исламот е пренесена Вистината за Бог, но и суштината за нашето постоење на овој свет.
Да го спознаеш Исламот значи - Бог да ти ги отвори очите, ушите и срцето за да можеш да ја видиш Вистината.
Бог го создал човекот да биде Муслиман, но не значи дека сите ќе станеме Муслимани. Веруваме дека Бог упатува кого Тој сака да упати, па независно од потеклото, Муслиман се станува по Божја милост.
Досегашното искуство покажува дека Упатството (од Бога) најчесто доаѓа кај оние кои го побарале - оние кои се молеле (на Бог) да ја дознаат Вистината.
Многумина се раѓаат во Муслимански семејства, па по традиција и тие се Муслимани. Машките деца се обрежани, а сите во одреден момент од животот кажале шехадет(сведоштво со кое се негираат сите лажни божества).
Многу од овие луѓе еден ден ќе се свртат кон верата и ќе ја видат Вистината, па големо олеснување ќе биде тоа што веќе делумно ќе знаат како да ја практикуваат верата.
Сепак, бидејќи не живееме во шеријат, значителен дел од луѓето што потекнуваат од Муслимански семејства, нема да почнат да ја практикуваат верата во текот на животот, иако некогаш во детството (или во пубертетот) го кажале шехадетот.
Но ние веруваме дека Муслимани се сите што го кажале шехадетот, па и тие ќе умрат како Муслимани, а само Аллах знае кој колку и дали бил верник.

Од кога, по Негова милост, станав Муслиман и почнав да запознавам Муслимани, почнав многу често да се среќавам со терминот „конвертити“. Навистина бев изненаден што во мојата родна Македонија некои Муслимани се конвертити, а некои ревертити.
Според општо прифатеното значење на овие термини открив дека во вториот случај се работи за луѓе што потекнуваат од Муслиманско семејство, по подоцна во животот се свртеле кон верата, а во првиот, „конвертити“, се мисли на оние што припаѓале на некоја друга религија, па потоа станале Муслимани.

Понекогаш, значењето на терминот „ревертит“ се проширува, па бидејќи веруваме дека сите луѓе се раѓаат како Муслимани, но не ја практивкуваат верата од самото раѓање, подоцна, кога ќе се свртат кон верата добиваат суфикс „ревертити“. Според оваа дефиниција, значи, наместо Муслимани - сите се Муслимани ревертити!

На овој начин, нарекувајќи ги сите Муслимани - Муслимани ревертити, за жал, добиваме крајна новотарија во верата, што оди против основните начела на Исламот.

Но, постоењето на „конвертити“ воопшто не е занемарливо, бидејќи на конвертит се мисли кога се зборува за човек што „ја сменил верата“. Тука ќе треба сите да се запрашаме како е тоа можно, кога добро знаеме дека други религии освен Исламот не постојат. Па зар сакаме да го уважиме постоењето на некоја друга религија освен на Исламот. Зар некој можел да ѝ припаѓа на некоја друга религија освен на Исламот, за потоа да стане конвертит. Па зар една религија може да се нарече религија, а не паганизам, ако не е од Бога. Па зар ние признаваме постоење на некоја друга религија освен пропишаната - Исламот. Па зар Бог пропишал некоја друга религија освен Исламот.

Дури и да ги тргнеме овие прашања на страна, сепак ќе остане проблемот на новотарија во верата - бидејќи, наместо Муслимани, ќе добиеме Муслимани конвертити и Муслимани ревертити. А јас сеуште не сум наишол на хадис каде што Пратеникот с.а.в.с. некого нарекол конвертит. Не знам за хадис што ќе го оправда постоењето на овие нови две „фракции“, а неминовно е да се сетам на кажаното што предупредува на поделбата: „...Евреите ќе се поделат на 71 секта, Христијаните на 72, а Муслиманите на 73“

Точно е, на терминот „Конвертит“ местото не му е во Исламот. Ова е термин употребуван во „политички цели“ - за да се докаже исправноста на Исламот и фактот дека многу луѓе му пристапуваат на Исламот. Но зар не е неисправно некој да ја докажува исправноста на Исламот, кога самиот Бог го пропишал.
Исламот Бог го пропишал, ние го прифаќаме и не смееме да го доведуваме во прашање или статистички да го докажуваме.
Муслиман не се станува само затоа што другите се Муслимани. Ако е Божја Милост, некој ќе стане Муслиман и во средина каде што нема други Муслимани. Па зар забораваме на Мухаммед с.а.в.с. и дека во неговото време кога немало други Муслимани, тој и неговата сопруга станале Муслимани единствено по Божја Милост и Упатство.
Можеме да се гордееме на бројноста на Муслиманите, но дури и во тој случај не смееме нашите браќа и сестри да ги нарекуваме на друг начин освен Муслимани.

И за крај, да бидам јасен и гласен - По Божја милост станав Муслиман и во име на Бога нема да дозволам некој од мене да прави Муслиман - конвертит! Јас не прифаќам припадност во таква секта!
Ел Ал
 
G

galaxy

Гостин
...
И за крај, да бидам јасен и гласен - По Божја милост станав Муслиман и во име на Бога нема да дозволам некој од мене да прави Муслиман - конвертит! Јас не прифаќам припадност во таква секта!
Ел Ал
Супер ќе беше, наместо да ги пишуваш текстовиве да ја оставиш Божјата милост да си ја одработи работата. Или ова е дел од Божјата милост?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Немој да потценуваш друга вера во обид да ја величиш својата!!!

Ако некој си ја сменил верата не значи да ја генерализираш тука тезата како христијанството не пружало духовно задоволство!

Ако баш веќе сакаш најголемите терористи во светот се токму муслимани.

Со овие теми само провоцираш гнев кај христијаните!!!

Нареден пат отвори тема за соживот и соработка помеѓу верите а не да се обидуваш да привлечеш христијани во исламот!
Убава порака само штета шо сите ќе те игнорираат
Ниту еден нема доблест да го направи тоа ..
 
Член од
15 март 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Супер ќе беше, наместо да ги пишуваш текстовиве да ја оставиш Божјата милост да си ја одработи работата. Или ова е дел од Божјата милост?
Кои текстови сум ги пишувал бе бато? Го разбра ли човекот дека постира моја реакција упатена кон него??? :mad:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Вера како вера.И христијанството си има свои мани како и исламот.Она жената да не смее да гледа други мажи,ставање sидови по дворови,забулени жени во мантили на плус 50 степен,молење секој ден итн. се само дел од маните на Исламот.Барем според мене.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Вера како вера.И христијанството си има свои мани како и исламот.Она жената да не смее да гледа други мажи,ставање sидови по дворови,забулени жени во мантили на плус 50 степен,молење секој ден итн. се само дел од маните на Исламот.Барем според мене.
vo islamot nema mani moze samo da ima kaj lugeto koi se narekuvaat muslimani a ne praktikuvaat islam.. razlikata pomegu nas i vas e tokmu toa molitvata , i moralnoto odnesuvanje.t.e. razgolenosta kaj vas a pokrienosta kaj nas,
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom