А требаше да фрлиме 20-30 милиони за Хамшик!? Цела сезона го гледам, искрено не го ставам никако пред Боатенг, доколку планираа такво нешто, ниту па пред Аквилани, можеби со Ночерино би ги споредувал, но нашиот даде повеќе голови (така мислам, немам проверено) и подобар е во дефанзива.
Како треквартиста Боатенг е измислен за него, а во средина Аквилани и Монтоливо (ако го земаме за следна сезона) се подобри решенија. Ако веќе даваш за некого повеќе од 20 милиони, тоа нека биде некој како Ибрахимовиќ, од тој калибар.
На пример, да фрлеа нашите пари за Торес и Давид Луиз (или за некои други играчи, небитно), сите ќе се радувавме, а плукаме затоа што не трошат и потпишуваат со играчи со завршен договор, како што е Мексес. А, овој е многу подобро решение од Давид Луиз. Или ние во напад ги земавме Ибрахимовиќ и Робињо, па плус и Боатенг, за исти пари кои ги даде Челзи за Торес. Има многу вакви примери. Беше муабетот дали треба да се дадат неколку милиони за Видал кога овој отиде во Јувентус. А, Видал не е ништо подобар и покорисен од Емануелсон или Ночерино (озбилен сум и за двајцата).
Не треба само трошење пари и трчање по секоја ѕвездичка која ќе се појави. Со Маскерано, Монтоливо, еден лев бек, (евентуално замена Пато -> Тевез) и имаме тим кој што може без проблем да конкурира за освојување на ЛШ. Маскерано го поврзуваат доста со Милан во последно време, а од играчите погоре само за него треба да се фрлат околу 20 милиони, другото е се за Џ.