Ивана, вака.
За почеток, почни да размислуваш во еднина.
Млада си, можеш да работиш, макар и да почнеш од нула.
Тоа е една работа.
Друга работа. Дали навистина сакаш маж што поседува вакви карактеристики? Дали навистина сакаш да живееш со некој таков цел живот? Дали навистина сакаш, ти, како жена, да бидеш таа што ќе го тинтра него, пошто он бил разочаран во животот? Не праиме муабет за година-две тинтрање, праиме муабет за цел живот. Затоа што, верувај ми, цел живот нешто ќе му фали. Замисли еден ден да почне да ти префрла дека останал тука ради тебе, а можел да биде некаде во странство и да "ужива"?
Не ме заебавај. Заљубена си, те разбирам, и се е тоа океј.
Ама, дај, вразуми се малку.
Навистина ли си толку очајна? Навистина ли неможеш да најдеш подобро? Немаш квалитети? Не си убава? Немаш факс? Не си паметна? Реално гледај на стварта.
Израчунај си какви квалитети ти поседуваш, и размисли со тие квалитети какво парче можеш да фатиш.
Денес момакот несака бакнувања, гушкања, пораки.
Утре нема да сака да ти отвори врата од дома, и на крај ти ќе испаѓаш крива зошто си го заборавила кључот.
Најсеризно. Заеби такви "мужи" што све нешто не им чини у државава. Да. Срање е. Знаеме сите дека е срање. Знам дека е срање уште од прво одделение. И помирен сум со тоа, и има најдоброто срање да го извлечам од ситуацијава.
Он кога сфати дека е срање? На дваесет и кусур? Сеа не му чини? Сеа сака он да си иде во бели свет каде што тече мед и млеко по улици?
Дај, жити се. Од такви муфларчиња, преку глава.
Имај малце достоинство, почни да се цениш како жена, објасни му многу убаво од кои причини го оставаш, и продолжи си со животот без грижи. И сама си кажа дека си млада, пред себе имаш многу отворени врати, само, дај жити се, затварај вратите позади себе, пошо ко шо глеам ја, те јебе промаја.