Z
zmej gorjanin
Гостин
Проблемот е што и во случај да сакаш да се одбраниш не можеш, затоа што едноставно се побројни кога напаѓаат и носат оружје со себе. Но и ако повикаш на било каква форма на одбрана ќе те направат изманипулиран, испран мозок и националист, а тебе само ти проработуваат инстинктите и е нормално да имаш некаква реакција кога ти е загрозена најосновната потреба за сигурност. Јас ниту сум националист, ниту пак сум приврзаник на било каква идеологија, но знам кои се моите најосновни права и интереси и е сулудо да се става знак на равенство помеѓу напален тинејџер кој повикува на одмазда на форум и некој кој решил да испроба колку му е остар ножот на првиот кој што ќе го сретне на улица од проста причина затоа што тој човек не е од неговата националност и затоа што знае дека нема да добие никаква казна за тоа што го направил.Каде? Не оди подалеку, конкретно на форумов можеш да ја сретнеш таквата појава. Имаш и луѓе кои гордо изјавуваат како тепале Албанци. Или тоа не важи? Пак ми буткаш зборови. Стоп за национализмот (конкретно) во Македонија, не е исто што и стоп за Македонскиот национализам. Значи, се залагаме и против национализмот во главите на оние што се нарекуваат себеси Албанци. Сега јасно е? Е ајде, немаме национализам, ама се раѓа и расте. А јас имам алергија на него, многу негативно ми влијае на организмот и на дигестивнот систем.
Јас многу ценам луѓе кои ми посочуваат на грешките, само во оваа ситуација, неаргументирано ми се изнакака и проба да ме нападнеш, само затоа што имам поинакво од мислење од твоето. Ајде признај, ти порасна кога проба да напаѓаш... егото де
Види, никогаш во мојот живот не сум поседувала национални или патриотски чувства. Не знам колку ќе се сетиш, пред да настане војната, имаше случај со тепачки, спуштање на знамиња итн. Во тие моменти, јас мало копиљче, на најневин, детски начин, си се дружев со албанчиња од Тетово. Баш кога се случуваа тепачките. Ниту нив, ниту мене, тоа не ни беше пречка за другарство. Беа 4 деца, јас се дружев со едната од сестрите, беше околу мојата возраст, имаше брат од 16, многу фин дечко (сега гарант и него му е испран мозокот, се надевам дека не), е најстариот брат им беше 17 години и ни кажуваше како сакал да оди во Тетово, му се тепало. Јас, дете, добив желба да го згмечам, не затоа што е Албанец, туку затоа што е нечовек и провокатор. За разлика од него, другите деца не беа такви, беа фини и добри. Во 2001, еден Албанец среде град извикуваше непријатни зборови и провоцираше. И никој не му направи ништо. Проблемот со овие луѓе е што го нема човечното во нив, и во случај на личен напад од нивна страна, апсолутно треба да се браниме. Ама има и друг проблем, што не треба да се ставаат сите во ист кош, меѓу нив има и добри луѓе, кои исто сакаат соживот и мир. Ми ја сфаќаш поентата?