Поп Ацев: Пливам за Македонија, а сам си плаќам влезница за базен!

Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Тоа со нефункционирањето на големото корито преку зима не е новост трае нешто помалце од 8 години мислам. Тоа за држење часови на основци е многу на местом во Австралија каде пливањето е спорт број 1 децата во улилишниот распоред си имаат и час пливање. Инаку и јас почнав така првенствено од здравствени причини(искривување на 'рбетот сколиоза поточно) и еве сега после 12 години активно пливање а последниве 2 години може да се нарече и професионално занимавање со овој спорт немам никаков проблем.
Сите што ми беа генерација кога се моткав уште по клубови заради искривување на рбет почнаа, па вклучувајќи ме и мене. Тоа си исправив фала богу ама со ногата ни пливањето не ми помогна. Мило ми е што слушам за тебе, се надевам дека ке продолжиш и понатаму па и успеси златни да редиш штом професионално одиш. Јас се меркам на неколку пати да одам на Охридскиов ама никако да соберам храброст што би се рекло. А добар сум по мое мислење на големи патеки. По 4-5 саати имам пливано без престан. Кога одев со ватерполистине по Црна Гора, од едно градче до друго пливав без проблеми. Освен кога ме извадија од памет дека ајкули имало заради прекуокеанските бродови:)

А за големиот знам. Секоја зима не работи, и ги тераат децава да вежбаат на суво.
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.610
Сите што ми беа генерација кога се моткав уште по клубови заради искривување на рбет почнаа, па вклучувајќи ме и мене. Тоа си исправив фала богу ама со ногата ни пливањето не ми помогна. Мило ми е што слушам за тебе, се надевам дека ке продолжиш и понатаму па и успеси златни да редиш штом професионално одиш. Јас се меркам на неколку пати да одам на Охридскиов ама никако да соберам храброст што би се рекло. А добар сум по мое мислење на големи патеки. По 4-5 саати имам пливано без престан. Кога одев со ватерполистине по Црна Гора, од едно градче до друго пливав без проблеми. Освен кога ме извадија од памет дека ајкули имало заради прекуокеанските бродови:)

А за големиот знам. Секоја зима не работи, и ги тераат децава да вежбаат на суво.
Види добро е тоа што имаш желба да пливаш на Охридски(се надевам ми збориш за оној од 30км а не оној малиот од 3км) реално за таква делница ти требаат малку повеќе километри во рацете и континуитет од трки и тренинзи барем една година. По некој случајност и јас се занимавам баш со маратонско пливање и во 2010 бев најмладиот македонец во понова историја на кој му успеало само да го исплива бидејќи се плива нешто повеќе од 6часа, така да за да се успее мора да се работи :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom