Не постои...Не верувам во љубов меѓу дечко и девојка..
.Откако установив какви се мажите, тешко дека ќе му поверувам на некој или пак да се надевам на голема љубов...Се скарав јас со тоа веќе засекогаш !
Кога ќе пишеш вакво нешто, прво треба да се погледнеш во огледало. Ќе си земам слобода јас да те погледнам во огледало.
Овој новиов дечко, не само што не можам да го смислам, туку одбивен ми е до максимум....
Не можам ниту на скајп сликата да му ја гледам кога ќе се уклучи, а камоли во живо...Не знам што ми стана вака, али не можам со сила да бидам со него...Добар е, фин, симпатичен...Али нека е жив и здрав - не можам органски да го смислам...
Не е ниту заради бившиот, ниту за никој - немам никој друг...
Туку со време јас да го откачам, дури не се приврзал премногу за мене( пред 2 дена ми кажа дека многу ретко се наоѓало девојка како мене, шансите да најде му биле 1:10000000...) - Лооооооооол...И денес еве смислив изговор и утре здравје ќе му се јавам и фино - лепо ќе му речам да си брка работа и плус што ми е најинтересно - имам изговор со кој него ќе го обвинам дека е крив...( имам снимано разговор во кој учествува лично он и признава дека со една девојка сакал тајно да се гледа...)
Ухх каква драма ќе му направам...Ќе глумам дека сум повредена и тажна, хаххаха...И ќе се откачи од мене...
Подобро сама ќе си бидам, него со некој што не го сакам, а нема ни да го засакам никогаш...!
А сега онтопик. Претпоставувам дека повеќето под поим љубов ја подразбираат онаа интерна биохемиска реакција која прави систолно-дијастолен пресинг плус многу психолошки нус ефекти како на пример љубомора, варијабилна опсесија и зависност слична на онаа од алкохол цигари и кокаин and many, many more. Ако под ова подразбираме љубов ондак многу луѓе посведочиле дека такво нешто им се има случено па ќе претпоставиме дека постои иако математички не може да се докаже како што на пример сакаат оние од подфорум религија, среќа што ова не е тој подфорум. По таа логика останува отворено прашањето за средби од трет вид со ванземаљци ама тоа прашање ќе го оставиме за друг пат.
Терминот вистинска ќе го земам во релативната конотација затоа што во апсолутна ќе звучам како следбениците на тој наркоманот што комуницирал со египетски богови и фараони а се повикуваат на здрав сенс. Значи така гледано љубов постои а мерна единица за вистинитоста на истата е гениталната болка која варира од
ич кур не ме боли до самоубиство (најголемо болење на кур). Колку си поблиску до ич кур не ме боли, толку твојата љубов е помалку вистинска, а колку си поблиску да се убиеш ради неа толку твојата љубов е повистинска. На пример не ја ебам 2% значи дека 1.9999% (во периода) е твојата вистинска љубов. Од друга страна ако сте во стриптиз клуб и некоја ви игра лап денс а вас не ви се дига не поради ерективна дисфункција туку заради тоа што цело време мислите на дотичната тогаш вашата љубов е повистинска.
Како би ја познале вистинската љубов? Со скенирање на мозочната активност на магнетна резонанца.
http://www.idividi.com.mk/Futurama/Nauka/672660/
http://www.moezdravje.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=645:2011-04-14-00-15-55&catid=58:vesti&Itemid=40
http://www.kirilica.com.mk/vest2010.asp?id=59009
Значи ја носиш малата на клиника ја тураш под ова
и ги гледаш мозочните колорити, ако се жолти накај црвени те сака ако се плави накај неутрални те л'же те суши
Пожелно е предходно да не и кажеш зошто ја скенираш заради порелевантни податоци, нешто како крв кога ти земаат што не смееш да јадеш сабајлето. Она под резонанца, ти се соблакаш гол и вадиш снимките. Simple as that. Ова го кажувам затоа што не треба на самите искази да им се верува, бидејќи луѓето ги злоупотребуваат. На пример спонзоруша ти кажува дека те сака најмногу, а во глава и се врти како ќе си ја прчи дундата без пари во некој ол инкзлузив резорт. И вадиш две слики едната од тебе, другата од резортот на што повеќе ќе реагира ти го дава резултатот. Сепак тоа само парцијално и ововременски ти го решава проблемот.
Во својата книга Кандида и причини за нејзиното појавување познатиот француски стручњак Франсоа Мари Арует де Волтер ќе каже дека главната причина за кандидата е аксиоматската поставка дека-Љубав проџе, жена остаје. Многу луѓе не се запознаени со таа поставка, а и оние што се запознаени, сепак тргаат по класичното човеково предвидливо однесување наречено-Одење по линија на помал отпор, и свесно или потсвесно се приклонуваат на аутосугестивната матрица-Нада умире задња, а и покрај тоа што сепак и она умира барем не умира денес туку во некоја прифатлива идна временска еквидистанца. Многумина кои се под тој хемиски микс опишан на сликите погоре не ни стигнуваат да размислат и да се самозапрашаат-А што кога ќе дојде до таа временска точка? Оние малце по со ак'л што сепак ќе го направат тоа обично избираат едно од двата пристапа.
1. Теоријата на континуинрана непроменлвост, односно нема шанси тоа да се случи.
2. Еѓупската теорија на Баба Мулон по која се раководат поголемиот дел од неговите следбеници а тоа е нихилистичкиот пристап кон иднината. Иднината не постои а ако дојде ќе му ја мислам тогаш. Трејдмарк знаме
Жените во овие теми секогаш биле поуспешни, проникливи и попаметни. Нив им е јасна целата поставеност на работите што е миновно што е неминовно и убаво и искрено го имаат исдискутирано тоа во оваа тема
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-можете-да-бидете-во-љубовна-врска-со-човек-што-не-го-сакате.24860/
Мажите уште многу треба да учат за да стигнат до тоа ниво. Жените на целата оваа постапка и пристапуваат на најуспешниот можен начин-како со бизнис кој треба да им донесе приход. Економскиот пристап во љубовта е најпрагматичниот, пристап кој дава најмногу резултати и од кој единката доколку знае и има воља може да го искористи за максимална своја бенефиција. Успешното економско делување значи пред се отарасување од пристрасноста а прифаќање на рационализација. То не бира памет него срце, треба да го оставите таму некаде со Балашевичевиот Рани Мраз и главниот јунак Васа Ладачки. Значи прво размисли. Второ погледни се во огледало и барем пробај реално да се оцениш. Откога ќе ги завршиш тие две постапки почнуваш со инвестиции. Додека си млад инвестирај во лична сатисфакција. Лажи ги за да ги легнеш, прави им го филмот. Искрен пристап и добронамерност ќе направат од тебе нејзин најдобар другар за кого она ќе вика дека секоја која ќе го земе ќе се усреќи ама она нема да биде тоа. Не само она, никоја нема да се усреќи, они сакаат муда а муда не растат со финоќа. Дрскост, безобразност и вратарски принцип функционираат. Ако некогаш се посомневаш дали треба да бидеш покултурен или посељак секогаш одбери сељак. When in doubt, fuck. Ако и се пожали на вашата заедничка другарка дека ти си најарогантниот идиот кој некогаш го упознала и дека не може да те смисли, рачунај дека веќе ти ги има раширено нозете, на тебе останува да и ја смкнеш тангата. Ако каже дека си срцка, фин и културен ти гола ќе ја видиш само во твоите мастурбаторски фантазии. Ротирај, забавувај се и не се замарај.
Ако на поодминати години некогаш се одлучиш за брак иако е строго непрепорачливо, прво види кои се твоите реално остварливи приоритети и интереси. ''Да ме сака'' не е реално остварливо како што не е и ''да ги поседува моралните норми кои се подразбираат за во брак''.
Можеби сакаш пари. Ама тоа ќе си го платиш. Ќе треба да си прифатиш дека девојка со пари ќе те држи за муда и ќе си ги исдиктира нејзините правила затоа што те поседува. Исто така многу е веројатно дека нема да биде убава, затоа што ако е богата а убава сигурно нема да заврши со тебе. Значи ќе треба да се навикнеш на секс со пола ерекција и со кастрација на муда иако физички ќе ги имаш.
Можеби сакаш бомбастична пичка која служи за секојдневна конзумација на која имаш голем спермошприцачки мерак. Тоа парично ќе го платиш. Она е свесна за тоа како изгледа и ќе си бара и соодветна цена. Исто така психологијата дека она е барана на пазарот ќе ја стави неа во доминантна позиција да она може да си прави сумљиви излети на страна (наводно со другарките), ставање на тебе на дното на листата на приоритети и терање на свој лични ќефови без разлика дали тоа тебе ти се допаѓа или не. Што, ќе и раскинеш? Слободно, имаа 300 души кои ја чекаат со лиги во устата. Ако не сакаш ова да ти се случи, ќе треба да отвориш ќесето за да бидеш подобар од другите наддавачи. Тогаш вагата на моќта претежнува на твоја страна.
Трета и најчеста преференца која мажите сеуште ја бираат за во брак, е оној традиционален мирен брак во кои тие ја имаат водечката улога а жената е предана на куќата и семејството притоа давајќи му хармонија на домот и секако деца, нешто налик на нашите родители (демографски се мисли на генерации родени прва половина на 80-ти и порано). Ако претендирате на таков брак прво погледнете се во огледало и
реално оценете си ги следниве критериуми: материјален статус, интелигенција и лепота. Барајте девојка која што е испод она ниво на коешто стоите вие по сите овие параметри. Ако не може по сите параметри тогаш по овој приоритет треба да гледате-убавина, материјален статус, интелигенција. Значи прво гледајте да не е многу убава затоа што 90% од целата моќ и цена кај жените се состои во убавината. Колку е поубава толку маргините на нејзината преданост и почит кон тебе се смалуваат. После гледајте се друго. Не заборавајте дека и они гледаат инвеститорски во целата ситуација. Кога жената сфаќа дека си класи над неа свесна е дека подобра понуда на пазарот тешко накај невозможно ќе добие и ќе направи се за да ја зграпчи таа шанса, а резултатот е-ти имаш непосакувана жена ама мирен брак по твои стандарди.
Како што може да се заклучи се се' плаќа и не може ем јаре ем паре а патот и цената во успешните инвестиции се тешки. Најбитно од се е присебноста и рационализацијата. Дилерот на дрога те чека да се навлечеш, за да те цеди. Исто е и кај жените. Како дресирано куче она што најдобро знаат да го осетат е твојата зависност од нив. Тек тогаш си го ебал не ежот туку бодликавото прасе и тоа потпрен на кактус. Тоа сознание за нив е еквивалентно на она кога Архимед влегол во кадата, кога на Исак Њутн му паднала јабуката врз глава или кога Кенеди ја видел Мерлин Монро како клекнува на колена и му го откопчува патентот. Е сега некој ќе рече дека зависноста не е во наша свесна контрола односно не можеме да одбереме дали ќе станеме зависни или не. Не се согласувам со тоа, бидејќи психолошката за разлика од физичката зависност е помалото од двете зла затоа што можеме да си го програмираме мозокот и тренираме сами себе по пат на аутосугестија да ја избегнеме зависноста. Исто е како и кај фобиите. Трајче се плаши од пајаци, Трпе кур го боли си ги чува дома и му лазат и по раце и по тело. Се е во мозокот. Затоа постојат третмани за лечење од фобии, од кои има доста успешни. Меѓутоа пред се тоа зависи од човековата волја. Ако имаш или посветиш време да имаш цврста волја, и ги отежнуваш на спротивната страна методите за манипулација со тебе. Колку си поблиску на скалилото до кур ме боли толку поголема моќ и контрола имаш во ситуацијата. Значи исто како во бизнис. Замислете си двајца самарџии во почетокот на 20-ти век. Едниот решава да го продолжи татковскиот занает, и останува самарџија бидејќи тоа за него е фамилијарна чест, гордост и љубов. Другиот не го продолжува татковиот бизнис, гледа дека колите се во експанзија а магарињата не, и станува автомеханичар преџвајкувајќи и фамилијарни традиции и гордости и љубови. Во таа инфинитална егзистенцијалистичка игра каде што апсолутни победници се Ротшилдови, Рокфелерови, Бафети, Трампови и слично а каде што другите се дават за врат за коските и трошките автомеханичарот успева да извлече максимум од својот живот од гледан аспект опстанок и слободата на избор кои прогресираат како што човека прогресира економски.
Како што и порано имам пишано, луѓе си ги заебуваат животите на многу начини, дрога, коцка, алкохол, регрутација во опасни секти. Меѓутоа љубовта, врските и браковите остануваат број 1 метод на автодеструкција. Сета таа цена само за филингот на психолошка екстаза, за таа еуфорија човекот е во состојба да стави во залог многу а некогаш и се. Со тоа што дрогите, коцките, сектите и сл. се опишани како зло, пропаст, материјално отелотвроување на самиот ѓавол, а на љубовта и се дава исконска и сакрална димензија. Парафразирајќи го Шекспир и правејќи инверзија на неговата реченица Брус Дикинсон ќе рече-The good that men do is oft interred with their bones. But the evil that men do, lives on...За подоцна сепак да додаде-And i will pray for her, i will call her name out loud... Од тие причини на 10.02.2009 додека стоев на 2-3 метри од дотичниот додека во позадина одеше тој почетен моќен риф активирав роамингот *123*00389ХХХХХХХХ
#. Се испотави покасно дека најверојатно не требаше меѓутоа во тој момент кулминацијата немаше да биде комплетна без тој потег а тоа некогаш е најважно на овоземскиот свет. А песната остана како една од најмоќните што некогаш сум ги слушнал.