Според неофицијални извори, кои ги добивме од МВР, во тепачката што се случи прексиноќа во скопска Кисела Вода, учествувале 18 лица, од кои 11 биле од местото Припор,активисти на македонска владејачка партија, а седум мина од приведените биле активисти од Сопиште.
Дали имало и вработени во државната администрација, е прашање кое изворите велат дека треба да го одговорат токму од МВР.
Зошто МВР го крие идентитетот на напаѓачите, иако во изминатиот период апсењата се случувале мошне јавно, а камерите на владините мегафони први се наоѓале на лице место.
Дел од учесниците учествувале и во нападот на студентите кои протестираа против изградба на верски објект на плоштад пред две години, кога претепаа повеќемина, видео материјалите кои беа емитувани на телевизијата А1, не беа валидни за власта да покрене постапка против насилниците.
http://www.sky.mk/makedonija/17177-Маскираните-тепачи-на-патниците-од-58-ка,-членови-на-владејачка-партија.html
Капитал: Груевски понудил Северна Македонија, на грците им дал две недели да одлучат дали се ЗА!?
Пападимос треба да одлучи дали ќе прифати Северна Република Македонија?! Последните информации од дипломатските кругови се дека двете недели кои му ги дава Груевски на Пападимос се денови во кои грчкиот премиер треба да одлучи дали ќе го прифати овој старо-нов предлог!?
Северна Република Македонија!? Ова бил предлогот за кој се договориле на последната средба македонскиот и грчкиот премиер, Никола Груевски и Лукас Пападимос, ако се верува на последните шпекулации кои се вртат низ партиските кулоари пред самитот на НАТО во Чикаго. Двете недели кои Груевски му ги даде на Пападимос се токму периодот во кој грчкиот премиер треба да размисли дали ќе го прифати македонскиот предлог, Северна Република Македонија, или не, информираат дипломатски извори. Од тоа најмногу ќе зависело дали премиерот Никола Груевски ќе патува во Чикаго или сепак, таму ќе оди претседателот Ѓорге Иванов.
Заклучоците за ваквите информации се базираат на последните случувања. Дел од упатените велат дека иако на македонски терен ситуацијата изгледа сосема мирна и премногу песимистичка по последните изјави на премиерот Никола Груевски, но и на челниците на ЕУ и НАТО, сепак, атмосферата во Грција навестува дека околу спорот за името, сепак, се случува нешто.
Грчките медиуми пренесуваат дека неколку дена по средбата Груевски-Пападимос во Брисел, завчера грчкиот премиер имаше едночасовна средба со експремиерот Јоргос Папандреу. Во штурата информација пренесена од грчките весници се пишува дека Пападимос и Папандреу зборувале за нерешениот спор за името. Засега отсуствуваат подетални информации точно за што разговарале двајцата соговорници. Детали по средбата со Пападимос не откри ниту премиерот Никола Груевски, кој тогаш рече дека ќе почека прво Атина да изнесе мислење по средбата, па потоа ќе ја коментира истата...
Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "КАПИТАЛ" од 09 март 2012 година (петок).