Македонец на листата најбогати на „Форбс“

  • Креатор на темата ГОЦ-К.О
  • Време на започнување
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Михаил Илиевски е Американец од Битола чие богатство е проценето на 2,6 милијарди долари

Мајкл Илич е Американец од Битола чие богатство е проценето на 2,6 милијарди долари

На 212 место на листата на „Форбс“ на најмоќни луѓе во светот, се најде Мајк Илич, Американец со македонско потекло. На списокот најбогати американци, Илич е на 181 место, а на листата на најбогати луѓе во светот тој ја има 521 позиција. Илич е претставник на првата генерација Македонци родени во САД. Сопственик е на најголемата бизнис-империја во сојузната држава Мичиген. Во неговата компанија се вработени повеќе од 25.000 луѓе, а добар дел, односно 6.000 лица се македонски иселеници. Сопственик е на хокеј-клубот „Детроит Ред Вингс“, на безбол-тимот „Детроит Тајгрс“ и поседува 15 отсто од НБА-тимот „Детроит Пистонс“. Негов препознатлив бренд е „Литл Цезар'с пица“, синџир ресторани за брза храна што ги има околу 4.000 низ светот. Сепак, врвот е неговата сопственост на надалеку познатиот „Фокс театар“ во Детроит. Богатството на Илич е проценето на 2,6 милијарди долари.

Овој американски мултимилјардер кој живее и работи во САД, е роден како Михаил Илиевски во 1929 година во Детроит. Неговото оригинално презиме било променето од Илиев или Илиевски, во Илич, за време на поделбата на Македонија и српската окупација на Вардарска Македонија, каде што се наоѓала и Битола.

Мајкл Илич го започнал бизнисот во Детроит продавајќи пица, а потоа отворил сопствена продавница која преминала во успешна компанија, наречена „Литл Цезар’с Пица“, која е денеска позната низ САД и Канада.

Илич ја видел својата можност да се вклучи и во спортот кога му бил понуден фантастичен договор за добивање на НХЛ франшизата за „Детроит Ред Вингс“. Потоа повторно му е понудена шанса да ја купи безбол асоцијацијата „Детроит Тајгерс“. За неколку години тој ги сврте двете франшизи во профитабилни и во многу популарни организации кога „Детроит Ред Вингс“ го освоија „Стенли Купот“ во сезоните во 1996 – 97 и 1997 – 98 година.


C8D2D0C8A4F5C941ADA60563EACC25D9.jpg

http://www.24online.mk/938270/indexed.html
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Опасна ѕверка. Инаку роден 1929. ако е тој на сликата?
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
И што кој к.. ќе ни е неговото потекло ако не пушта некое инвестиченце навака.
И ја помислив тоа..Little Ceaser's pizza,е негов бренд и има 4.000 локали низ цел свет..ТУКА НЕМА НИЕДНА ПИЦЕРИЈА НЕГОВА! -.-
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
До такво..сменил презиме ко прво,ко второ дали и дошол некад у Македонија..и ја треба горд сега да сум :нинџ:
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
До такво..сменил презиме ко прво,ко второ дали и дошол некад у Македонија..и ја треба горд сега да сум :нинџ:
Не е до него,заборавил како му се вика местото од каде потекнува,и каде се наоѓа.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Ах ќе претарашкам во семејното стебло...се надевам дека ќе ме послужи среќа и ќе ми излезе роднина....значи одам јас да побарам некој заеднички предок пред 1300год од н.е .

Крвта не е вода,кога се во прашање милијарди алоооо.
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Па пушти некој денар навака бе баце. Ајде ќе биде, добро е што држи македонци на работа таму..
 
T

Tetro

Гостин
Овој американски мултимилјардер кој живее и работи во САД, е роден како Михаил Илиевски во 1929 година во Детроит.
он појма да си немал дека е македонец.
а и со новото име на македонија кое се кова деновиве, и многумина ќе заборават какво е чувството да бидеш македонец.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.125
Браво за него...али дали некогаш се појавил он во Македонија или сме виделе нешто од него ? :)
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
До такво..сменил презиме ко прво,ко второ дали и дошол некад у Македонија..и ја треба горд сега да сум :нинџ:
Не сменил,му го смениле..Читај српска окупација..Сеа што си го остаил тоа презиме е друга работа..Ама па ако гледаме така,значи и Петар Илич Чајковски е србенда.. О_О
И 6.000 Македонци има вработено,ако не и појше..Така да треба да бидеш горд..Барем не крие човекот од кај му е коренот..Може дошол тука,може има инвестирано..Ама ние не знаеме..Така да,чувај го срањето у гз,не кењајте одма.. :)
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
он појма да си немал дека е македонец.
а и со новото име на македонија кое се кова деновиве, и многумина ќе заборават какво е чувството да бидеш македонец.
Па да ти кажам право е мн актуелен кај иселениците таму и многу им помага на македонците таму па така 6 илјади има вработено .. што е воопшто не така мала бројка
--- надополнето: 9 март 2012 во 19:51 ---
Не сменил,му го смениле..Читај српска окупација..Сеа што си го остаил тоа презиме е друга работа..Ама па ако гледаме така,значи и Петар Илич Чајковски е србенда.. О_О
И 6.000 Македонци има вработено,ако не и појше..Така да треба да бидеш горд..Барем не крие човекот од кај му е коренот..Може дошол тука,може има инвестирано..Ама ние не знаеме..Така да,чувај го срањето у гз,не кењајте одма.. :)
не му го смениле Србите туку сам си го сменил во УСА да му биде поамеричко ја така знам не е он илиќ него е илич има суштинска разлика тука
 

Kajgana Shop

На врв Bottom