Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

a ti go dobi svetiot duh , ? dali ja uvide svetlinata bozja?

.

За МИЛОСТА БОЖЈА, за ХРИСТА
јас сакам само да знам
За Неговата безкрајна ЉУБОВ
За Неговиот Совршен Ислам!

.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
.

.

За МИЛОСТА БОЖЈА, за ХРИСТА
јас сакам само да знам
За Неговата безкрајна ЉУБОВ
За Неговиот Совршен Ислам!

.
zasto samo ti sakas da znaes daj kazimi i jas da znam kolku si ti sebicen.cudno covece:pos: abe najgolema legenda si na forumov . imas desetka od mene.(n)
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
479
Поени од реакции
140
Браво за Спирос, Мики и останатите христијани во оваа тема, вакви луге со таква верба ги нема насекаде секоја чест поздрав ..
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
.

Паѓањето на јапонските самураи, на тибетскиот лама, ... и губењето на моќта на сите воини и владари кои Ја игнорираат Мудроста БОЖЈА отелотворена во Исуса Христа, не е случајно! Без Неа се’ е попусто и очајно!

.
И Исус падна и тоа прилично бедно.
Прво не му успеа нападот на храмот, па му ја разбиа единицата шо го напаѓаше римскиот гарнизон и го заробија Бараба, па после и него го опколија и жив го фатија, го осудија, го искамшиковаа како некој црнец шо украл лубеница во Алабама во 1923та, па и го распнаја да виси така страмно од крсто и сите да го гледаат.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258

Оф леле...
Денес, како и тогаш, многу полесно ќе придобиеш луѓе со милитантна реторика, отколку некои кои ќе ги убедиш на мирољубивост, простување, трпение, меѓусебна поткрепа и слично.
Aко наводното востание не било успешно, а пред и после имало далеку поуспешни, зошто наводната римска пропаганда се решила баш ова да го искористи во своја цел?!

Неколку пати те прашав за Исус Христос во еврејската усна традиција и не ми одговори.
Исто така, не ми одговори зошто не постојат записи (ниту усни преданија) на Исток, каде христијанството се ширело независно од Рим, дека всушност се работело за политичка партија и востанички комитет...

Ако толку многу бараш логика, има еден говор на Гамалиил кој е цитиран во Библијата (за кој, дури и да не го прифатиш, не можеш да спориш дека е барем малку логичен)...

И последно, еден од ранохристијанските писатели, свети Иринеј Лионски, напишал обемно дело наречено Adversus haereses... во 2ри век (околу 180 година).

Зошто не би го зеле ова како веродостоен извор, наспроти твојата компилација на, во споменатото дело, разобличени дезинформации?!

Поздрав.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Оф леле...
зошто наводната римска пропаганда се решила баш ова да го искористи во своја цел?!

Неколку пати те прашав за Исус Христос во еврејската усна традиција и не ми одговори.
Исто така, не ми одговори зошто не постојат записи (ниту усни преданија) на Исток, каде христијанството се ширело независно од Рим, дека всушност се работело за политичка партија и востанички комитет...
која римска прпаганда?

а инаку ти одговорив и за исус и за источните цркви ли не си видел изгледа, побарај назат
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
која римска прпаганда?

а инаку ти одговорив и за исус и за источните цркви ли не си видел изгледа, побарај назат
Ако ја следам приказнава добро,тврдиш дека Римјаните го штителе (свети апостол) Павле, кој ширел невистини низ целата империја, „пропагирајќи“ ја својата верзија на настаните (која, демек, му одговарала на Рим). За таа наводна пропаганда праиме муабет (занемарувајќи ги сите колежи и јавни погубувања на христијани ширум империјата до 4ти век).

Да, видов дека си одговорил, ама не тоа што те прашав (нели рековме дека за Халкидон нема да праиме муабет овде?).
Каде е востанието и царскиот трон во традициите на христијанските заедници кои не биле под римско влијание? (нели, ако свети апостол Павле ширел своја верзија под покровителство на Рим, во местата надвор од римско влијание би имало траги на, според тебе, вистинските случки во усната и литургиска традиција, во верувањата и слично... ама ги нема).
И пак: што е со еврејската традиција и знаење и преданија?

Пак ќе речам, полно подоцнежни оспорувања се темелат на веќе опишаните, постоечки и конечно, разобличени кај свети Иринеј Лионски (ученик на свети Поликарп Смирнски, кој е ученик на свети Јован Богослов и Евангелист).... чудно, а не на свети апостол Павле.
Можно е сите апостоли да пренесувале исто учење? Што мислиш?

Поздрав.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Како може „Секоја власт е од Бога“ а „Целиот свет е во власта на злото“? И двата извадоци се од Библијата.
Како може Исус да е Бог или син сам на себе, а вели „Зошто ме нарекуваш добар кога добар е само БОГ!“
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ако ја следам приказнава добро,тврдиш дека Римјаните го штителе (свети апостол) Павле, кој ширел невистини низ целата империја, „пропагирајќи“ ја својата верзија на настаните (која, демек, му одговарала на Рим). За таа наводна пропаганда праиме муабет (занемарувајќи ги сите колежи и јавни погубувања на христијани ширум империјата до 4ти век).
Спрема делата и евангелијата, Павле бил посебно третиран од страна на Римјаните. Пред да се “преобрати“ Павле самиот раскажува како апсеѓе луѓе, ги ивлекуваше од домовите и ги предавше во затвори, ја пустел црквата и до смрт ги гонел учениците. (Дела 8:3, Дела 9:1, Дела 22:4) Значи бил некој вид на полиција и џелат. Јудеја била под римска власт, имало едни затвори - римски, значи Павле бил соработник на римската власт во Јудеја и имал дозвола о римската власт да извршува смртни казни.
И не само тоа, од делата узнаваме дека Павле добил дозвола да оди во Дамаск и ако тамо најди некој безбожник маж или жена, врзани да ги донесе во Ерусалем. Делата велат дека барал дозвола од првосвештеникот! Дамаск е во Сирија. Друга провинција, под управа на друг римски конзул или префект. За да некој евреин од Јудеја, дојде со група свои помагачи и апси, врзува и однесува жители на друга провинција кои таму живеат работат плаќаат даноци.... треба дозвола од римските власти. И тоа салам дозвола.
Од кога Павле се “преобратил“ тој почнал (према дела и посланијата) да ја шири верата во Исус, но бил постојано под закани и напади од страна на евреите. Е сега имаме интересен пресврт. Павле, додека бил правоверен евреин, слободно апсел, затварал и убивал оние кои скршнале од еврејското правоверие. Кога Павле станал “христијанин“ кога тој скршнал од еврејското правоверие, и кога сакале него да го грабнат тепаат и убијат - ете ја римската војска и го спасува Павла!! (Дела 23:10) Не само тоа, римјаните дознаваат дека евреите планираат да го убијат Павла и решаваат да го заштитат по секоја цена. За да го испратат Павле (кој го порповедал Исус) римјаните му даваат заштита од 470 римски војници да го однесат во Цезареја! 200 војници пешадија, 200 војници стрелци и 70 коњаници! (Дела 23:23) и го праќаат Павлета во дворецот на Ирод каде го држеа “лабаво“ и не запираа никого од неговиде кои идеа да го видат или да му “служат“! Исус за своите зборови и дела бил распнат, неговите ученици фаќани, затварани, мачени, убивани... а Павле под заштита на римска војска пратен на дворот на Ирод каде го служеле и поминувал време во разговори со намесникот Феликс! До пред малце, Павле имал благослов од римските власти да оди низ царството и апси затвара и убива секој што го проповеда Исуса, а сега Римјаните се спремни да жртвуваат свои војници да го заштитат Павлета кој го проповеда Исуса и со посебно внимание се грижат за Него!!? Има нешто чудно тука....
На крај, Павле завршува во Рим, си изнајмува куќа, живее таму и СЛОБОДНО проповеда, и му идат и посетители и гости.

Да, видов дека си одговорил, ама не тоа што те прашав (нели рековме дека за Халкидон нема да праиме муабет овде?).
Каде е востанието и царскиот трон во традициите на христијанските заедници кои не биле под римско влијание? (нели, ако свети апостол Павле ширел своја верзија под покровителство на Рим, во местата надвор од римско влијание би имало траги на, според тебе, вистинските случки во усната и литургиска традиција, во верувањата и слично... ама ги нема).
И пак: што е со еврејската традиција и знаење и преданија?

Пак ќе речам, полно подоцнежни оспорувања се темелат на веќе опишаните, постоечки и конечно, разобличени кај свети Иринеј Лионски (ученик на свети Поликарп Смирнски, кој е ученик на свети Јован Богослов и Евангелист).... чудно, а не на свети апостол Павле.
Можно е сите апостоли да пренесувале исто учење? Што мислиш?
Поздрав.
Исус бил месија, човек роден нормално од жена. Таков Исус знаат црквите кои настанаа надвор од Римска власт. Заради тоа се и осудени од Ватикан, и сите тие книги во тие цркви кои кажуваат за таков Исус се забранети. Таков Исус проповедаа и ебонитите - назарените со векови по Исус и во региони кои биле под Римска власт. А и Исус бил НАЗАРЕН а не од НАЗАРЕТ.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Едно прашање ми се наметнува во врска со Исус дали би бил тоа што го сметаме денес ако умрел од природна смрт т.е. старост.
Мое мислење е деке НЕ. Тогаш целиот оној концепт на воскресение би пропаднал и автоматски не би постоело Христијанството.
Е сега втор дел доколку Бог е семоќен тогаш ова тој го знаел и Исус морал да умре од насилна смрт од каде што следи дека целиот сплет на околности под кои го фаќаат Исус и предаството на Јуда е негово дело. Понатаму има две разгледувања дека Бог не сака толку многу што е спремен и сопствениот син (иначе према Библијата сите сме негови деца така да не треба да им разлика помеѓу нас и Исус) Исус да си го жртвува за да ние научиме нешто или другото дека не му значиме апсолутно ништо па тоа ни го покажува преку жртвувањето на Исус ова се две гледања од различни точки.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960

Причината заради која Исус умре на крстот беше за да ја плати казната за нашите гревови. Според Библијата, казната за гревот е смрт:

„зашто смртта е плата за грев“ (Римјаните 6:23, Библијата)

Затоа и биле принесувани жртви во храмот, за да привремено бидат покривани гревовите на луѓето. Но тие жртви не беа доволно за да го исплатат гревот на човекот, па затоа мораше Бог да го прати Својот Син, да се роди од жена, да земе човечко тело, да не направи ниту еден грев и на тој начин да биде достојна жртва за нашите гревови.

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (ев. Јован 3:16, Библијата)

„Христос умре за нашите гревови“ (1 Коринтјаните 15:3, Библијата)

„Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ (Римјаните 5:8, Библијата)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Како може „Секоја власт е од Бога“ а „Целиот свет е во власта на злото“? И двата извадоци се од Библијата.
Како може Исус да е Бог или син сам на себе, а вели „Зошто ме нарекуваш добар кога добар е само БОГ!“ еј рисјани дајте одговор на воа питање?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Причината заради која Исус умре на крстот беше за да ја плати казната за нашите гревови. Според Библијата, казната за гревот е смрт:

„зашто смртта е плата за грев“ (Римјаните 6:23, Библијата)

Затоа и биле принесувани жртви во храмот, за да привремено бидат покривани гревовите на луѓето. Но тие жртви не беа доволно за да го исплатат гревот на човекот, па затоа мораше Бог да го прати Својот Син, да се роди од жена, да земе човечко тело, да не направи ниту еден грев и на тој начин да биде достојна жртва за нашите гревови.

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (ев. Јован 3:16, Библијата)

„Христос умре за нашите гревови“ (1 Коринтјаните 15:3, Библијата)

„Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ (Римјаните 5:8, Библијата)
Дали некој несомнено утврдил дека Исус навистина умрел на крстот?
понтије Пилат беше зачуден кога му кажаа колку брзо умрел Исус?
Дали се обиделе да му напипаат пулс, да му дадат масажа на срце... вештачко дишење? Дали некое медицинско лице - непристрано констатирал смрт?
Ој денес влези в внатрешни и речи “Дајте ми документ, баба ми умре вчера...“ Одма ќе ти побараат документ од лекар. Тоа е озбилна работа, не може туку така некој да се прогласи мртов.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Причината заради која Исус умре на крстот беше за да ја плати казната за нашите гревови. Според Библијата, казната за гревот е смрт:

„зашто смртта е плата за грев“ (Римјаните 6:23, Библијата)

Затоа и биле принесувани жртви во храмот, за да привремено бидат покривани гревовите на луѓето. Но тие жртви не беа доволно за да го исплатат гревот на човекот, па затоа мораше Бог да го прати Својот Син, да се роди од жена, да земе човечко тело, да не направи ниту еден грев и на тој начин да биде достојна жртва за нашите гревови.

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (ев. Јован 3:16, Библијата)

„Христос умре за нашите гревови“ (1 Коринтјаните 15:3, Библијата)

„Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ (Римјаните 5:8, Библијата)
Отсекогаш се сомневам во исправноста на болдот.

Имал ли потреба Семоќниот да го жртвува синот? Или можел да каже НЕКА БИДЕ тоа што сакал да биде.
Со леснотија го сторил целиот универзум и целиот жив свет, а мака мачи со непослушните чеда;):(

Неверојатно некако.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали некој несомнено утврдил дека Исус навистина умрел на крстот?
Исус не бил единствениот распнат на крст. Римјаните распнувале и пред Него и после Него. Распнувањето на крст се сметало за најсрамна смрт во тоа време, јавна смрт која требало да биде опомена до сите други дека ако бидат непослушни кон власта истото ги чека и нив. Ако за нешто сигурно ги бивало римјаните, тоа било убивањето. Тешко дека некој жив би можел да го симнат од крст. Колку сакаш биди силен, жилав, ако те распнеле римјаните, има "два пати" да умреш, а не еднаш :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom