Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
И секогаш кога вакви работи се случуваат во Македонија ми текнува на Љубчо и колку само бил во право за поделбата :/ жално но вистинито
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Од нас све може да биде,ама држава НЕ:tapp:

Ако Грујо не реагира на ова,јас апсолутно повеќе нема да гласам за ВМРО-ДПМНЕ
Не го гибај него...Грујо во Брисел, Грујо во Вашингтон, Грујо во Москва, Грујо на Марс, Грујо Белград....Топ темата и најважната на Латас е таа...Во државата ништо не чини, се пука, ограбува на секој чекор, Грујо решавал некои работи од ГОООЛЕМА важност -,-...Го нема во неговат земја а Латас нека почне од утре да носи розева кошула како што ни е ситоацијата во државата и да јаде мед дури зборува на вести како што ни е животот сладок....
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
1. Одлуката за преименување уште е далеку од спроведување. Треба да помине сега Уставен, па после Министерство за образование (клучно за дозвола). Значи законски гледано далеку е од разрешување случајот(законски гледано целата постапка е незаконска во старт заради бадентеровиот принцип кој не е почитуван). Политички не знам како стојат работите.
2. Вакви работи незаконски ќе се спроведуваат се додека има расположение кај македонскиот народ кое отприлика гласи вака - се се само војна и насилство не. Сакале или не тоа е расположението на македонскиот народ овие 20 години, зборувам кај мнозинството. Затоа сме прегазени, затоа го проголтавме и рамковниот. А интересниот феномен е тоа што тие што се обично најгласни за спроведување на закон тие се истите кои се секогаш и против насилство. Разберете законот не функционира заради тоа што другата страна е насилна! Ние го имаме изборот на полицаецот Јаким пукај да се браниш, биди спремен на последиците или ќути и трпи удари цел живот, трето нема.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Уставен кога ќе им плесне една пресуда да си останат имињата на училиштата тек тогаш да ги видам !! Ова што го прават е класична дневна политика на Дуи уште Чаир им остана и Струга !! Мора да ги задржат ...
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Уште една доза засрамување за тие што се срамат од новите имиња на улиците и училиштата.


Бејта го укина решението на Шехтенски за општина Чаир


Mинистерот Бејта го укина решението на директорот на инспекторатот во неговото министерство. Ја уважи жалбата на Општина Чаир на решението на директорот Шехтански според кое одлуката за преименување на училиштата во Чаир, советот ја донел прекршувајќи го деловникот и без мислење на комитетот за односи меѓу заедниците.

Одлуката која е донесена во Општината никој не може да ја укинува, вели министерот Бејта.

“Усвоените одлуки на Советот на О.Чаир усвоени на 27.01. 2012 година целосно се во согласно законот за локална самоуправа, статутот на О.Чаир и деловникот за работа на О.Чаир. Овие одлуки ги има донесено советот на општината согласно законот. Така четирите училишта ќе носат нови имиња “Исмаиљ Ќемаљи”, “Хасан Приштина”, “Јашар Беј Шкупи” и “Имри Елези”, ” изјави Невзат Бејта, министер за локална самоуправа

Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа Шехтански вели дека ја нема добиено одлука на министерот Бејта, ќе чека да види што пишува во решението.

“Жалбата вчера е пратена од О.Чаир, денеска е стигната и значи денеска веднаш има одлучено министерот.Не ми е јасно како има одлучено, за толку краток период. Ние во секој случај ќе си постапиме според нашите законски овластувања и ќе побараме од Уставниот суд да се произнесе итно со времена мерка да ја запре одлуката бидејќи е незаконска” изјави Ванчо Шехтански, дир. на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

За денешното решение на министерот Бејта,од министерството за образование, велат извори на Алфа, ќе се произнесат откако ќе го добијат решението на Министерството за локална самоуправа.

Вероника Мароска Леова

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=47050
Ако ова го направите, во Македонските градови треба да има барем едно училиште Слободан Милошевич, Генерал Ранкович, а може и две три со Аркан.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.983
Поени од реакции
74.041
Тотално сум разочран како се одвиваат работите.
По продажбата на ЕСМ и по давањето на Струга, сум рекол на СДСМ нема никогаш да им го дадам мојот глас па што сака нека биде.
Гласав за ВМРо кога прв пат имав право на глас, ептен бев запален пошто конечно очекував некој да има муда да воведе ред во државава, ама џабе...
Ќе кажат луѓево барем се градело нешто, абе токмаци убаво е што во градов се променија многу нешта, ама знаете ли колкави кредити се земени за ова :facepalm:
Кој ќе ги враќа, ако не ние од нашите џебови :place:
Ќе се сликаме битно уште некоја година со спомкенициве (има и добри и доста несоодветни) па ќе бегаме во странство...
Од локалните избори се преориентирав на трета опција, али кандидатот едвај 50 гласа освои :pos:
Али ќе си гласам за нив, штета што никој друг не размислува дека постојат и други опции :)
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Епа оди пробај ти промени нешто, наместо вака лицемерно да тврдиш дека можеш да смениш нешто а всушност борбата твоја како и на членот што го цитираше се сведува само на пасивност.
Па подобро да пишувам како сакам да се промени тоа негативното отколку да се уништи државата во која живеам.
Јас велам треба народот да се обедини да направи нешто а не да се јаде гомна само.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.952
Поени од реакции
1.193
Уставен кога ќе им плесне една пресуда да си останат имињата на училиштата тек тогаш да ги видам !! Ова што го прават е класична дневна политика на Дуи уште Чаир им остана и Струга !! Мора да ги задржат ...
Одма ќе се закануваат со војна, а САД и ЕУ ќе им дават подршка, а ние македонците ќе си го јадеме стапот како и секогаш..
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Saber Rider добро бе брат биваше и ти на тема што нема врска со тоа спомениците да ги споменеш?
--- надополнето: 7 март 2012 во 20:14 ---
Одма ќе се закануваат со војна, а САД и ЕУ ќе им дават подршка, а ние македонците ќе си го јадеме стапот како и секогаш..
Тоа е муабетот, уште имаме ментална матрица на кротки јагниња. Се плашиме што ќе кажат грците, да не протестираат албанците, да не се налутат бугарите или србите...до кога? Па ти чим ретко сретнуваш националистички мислења на интернет каде што секој може анонимно да си каже што сака, што очекуваш во реалноста?
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.952
Поени од реакции
1.193
Saber Rider добро бе брат биваше и ти на тема што нема врска со тоа спомениците да ги споменеш?
--- надополнето: 7 март 2012 во 20:14 ---

Тоа е муабетот, уште имаме ментална матрица на кротки јагниња. Се плашиме што ќе кажат грците, да не протестираат албанците, да не се налутат бугарите или србите...до кога? Па ти чим ретко сретнуваш националистички мислења на интернет каде што секој може анонимно да си каже што сака, што очекуваш во реалноста?
Да знам дека странците нема да се мешат,тогаш јас сум за војна, ама кој ќе дава гаранција дека тие нема да се мешат како во 2001..
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Да знам дека странците нема да се мешат,тогаш јас сум за војна, ама кој ќе дава гаранција дека тие нема да се мешат како во 2001..
Е ако не пробаме нема да знаеме :) Мојот став е и ние да бидеме дрски спрема сите, да реагираме на се и сешто. Тоа е клучот на успехот за балканските држави и народи.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Дека ќе им ги усвојат, ќе им ги усвојат... Штом намислиле, ќе си остварат они, ни Грујо ни Бранко ни кој било да е на власт нема да ги сопре...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Па подобро да пишувам како сакам да се промени тоа негативното отколку да се уништи државата во која живеам.
Јас велам треба народот да се обедини да направи нешто а не да се јаде гомна само.

Работата е тоа што не може да се обедини.Така стојат работите во општеството; не е возможно тоа.Народот е веќе психички утепан, деморализиран е, и со целосно право од една страна.Од друга страна за какво обединување тука говориме?Иако поминаа десет години од војната ние не е возможно да се обединиме со Албанците на пример и по примерот на Француската буржоаска револуција 1783 год. да тргнеме во поход против се што е со „сина крв“.Веќе дваесет години се обединува овој народ и никако да се обедини.Единствено има обединување само на Меѓуградска автобуска станица кога се испраќаат најблиските на печалба во прекуокеанските земји.Во меѓувреме се моли последниот Македонец да го изгасне светлото на заминување.
Немаме веќе сили, а и да направиме сега нешто предоцна е.Времето кога требаше да се реагира помина.
И во држава каде и гробиштата се веќе партиски поделени (левите парцели на ВМРО, десните на СДСМ и средните на Титовите леви мадиња) ти бараш обединетост?
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Дека ќе им ги усвојат, ќе им ги усвојат... Штом намислиле, ќе си остварат они, ни Грујо ни Бранко ни кој било да е на власт нема да ги сопре...
Ќути барем на форум да правиме галама - ако дозволат да се сменат имињата на училиштата не гласам за ВМРО веќе и ако не реагира СДСМ ни за нив нема да гласам, а можно е да се собереме и на протест. Тоа е правилна реченица. А оваа твојава...им дава причина плус на нашиве да продолжат да прават отстапки.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom