Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Требаше да си носиш мп-4 плеер и да пуштиш снимка од ракометот или некоја зурла која ќе го омекнеше срцето цајканско...

Имам слушнато дека постоеле “квоти“ колку казни треба да бидат издадени од страна на полицијата, не знам колку е точно.

Што значи дека има нешто во тоа за квотите по значка на цајкан?

Another thing...веќе се помалку се зборува за бирократијата како таква а се повеќе за “рамковната бирократија“ со што медиумите успешно ја постигнуваат целта за дефокусирање на проблемот.
Демек “нерамковната“ бирократија е симбол на културата,писменоста,чесноста и самопрегорот, повеќе произведува отколку што троши ама овие “другите“ влегоа под државно, инаку ќе процветавме...

Да.

И види, немаше да процветаме без рамковните, ама нерамковните полицајци мораат да ги попунат квотите од нерамковни „должници“, оти не смеат на некој рамковен да му пишат казна. Пошто „че го пука“, и остали работи...

Лично сум се увреил, за исто дело ја бев казнет, рамковниот не беше... Така е и со многумина други.
 
Чекај сега, рамковните не прифаќаат да ги рекетираат своите, а нерамковните мува не ги лази кога рекетираат свои сонародници во сообраќајот?

Не се квотите проблем, треба да се бориме за рамноправност во рекетирањето.:icon_lol:
Ситуацијата како шо читам погоре била такво што скоро просечна плата била одредена како казна за паркинг-прекршок.
Не знам дали постои друго место на планетава каде треба да се работи месец дена за погрешен паркинг.
 
Рамковните го имаат тоа што ние го немаме, единство.

За ситуацијава, мал милион има вакви постојано. Лупаат секакви пријави, пола од нив не ни постојат правно. Али нашле овци ќе стрижат...

У нормални услови можеш на суд да се жалиш за ова, но кај нас и тоа е за никаде...
 
Завчера на ул.Железничка одам пешки и полицаец застана голф3ка. Сакаше да го казни за нешто и овој му бутка телефон од внатре, полицаецов ко дете вика, "шо е ова работа јас да земам телефон од унутра" Го зема телефонот напрај два реда муабет и го пушти. Сакав да го снимам ама ќе го јадев на лице место. Таква ти е ова држава. Се јачи буџетот и буџетарите.
 
Требаше да си носиш мп-4 плеер и да пуштиш снимка од ракометот или некоја зурла која ќе го омекнеше срцето цајканско...

Имам слушнато дека постоеле “квоти“ колку казни треба да бидат издадени од страна на полицијата, не знам колку е точно.

Што значи дека има нешто во тоа за квотите по значка на цајкан?

Another thing...веќе се помалку се зборува за бирократијата како таква а се повеќе за “рамковната бирократија“ со што медиумите успешно ја постигнуваат целта за дефокусирање на проблемот.
Демек “нерамковната“ бирократија е симбол на културата,писменоста,чесноста и самопрегорот, повеќе произведува отколку што троши ама овие “другите“ влегоа под државно, инаку ќе процветавме...
Не сакам да шпекулирам со работи што не сум ги слушнал, но на една седница(не беше седница, туку оние работни групи што ги имаат, или што и да беше), еден член од владата кажа меѓу другото:
....во буџетот се проектирани xyz денари од казни....

И се запрашав, како може да се проектираат казни.... Сега секој по сопствена воља може да си го поврзе со квоти по значка на цајкан :)
 
Логично, како инаку би се постигнала однапред зададената сума?
 
Су бил од секогаш оптимист за оваа држава иако работите никогаш не биле сјајни. Кај мене секогаш имало надеж дека ќе се оправит државата но оваа година ми стана крајно јасно дека од оваа држава не бидујт, барем не како што ја замислувам.

Не сум партиски врзан иако имам некоја идеолошка преференца но сме имале влади од двата водечки партии и сега ми стана јасно дека Македонијава е партиска држава, која партија и да дојде на власт, на прво место и е да ја цица колку може. Прво тие на чело на партиите, премиери, министри, пратеници. Па после надолу до месните комитети. Станавме држава во која не вреди тоа кој си и што умееш туку со кого си и за кого си.

Пак ќе кажам, су бил оптимист и да надополнам дека су немал вакви негативни доживувајна ко другиве членови но поред мене, од ова саглам држава не бидува.
 
Чекајте малку,па нели е ова против уставно...мислам квоти за казни,па и не е лага ако кажам дека државата не третира како животни.
 
Чекајте малку,па нели е ова против уставно...мислам квоти за казни,па и не е лага ако кажам дека државата не третира како животни.

Можеби е противуставно но во Македонија не владее правото. Има доста примери да не набројам дека прво закони свесно се кршат без последици и второ дека одлуките од Уставен Суд се и партиски мотивирани и не се почитуваат.
 
Ова со казните не е ништо ново државата сака да собере пари за да ги нахрани пензионерите и административците помирете се со тоа.

Нема друг начин за жал
 
Ова со казните не е ништо ново држава сака да собере пари за да ги нахрани пензионерите и административците помирете се со тоа.

Нема друг начин за жал

Ја дури би рекол дека е до некаде разберливо да се планира со парите од казни, пошто нели ако се прави буџет мора некако да се рачуна со казните како приход. Крајно сепак во наши раце е во најголем дел дали ќе прекршиме закон и со тоа отвараме можност да не казнат. Проблемот е што казните не се делат еднакво за сите кој го прекршиле законот и со тоа се прави неправда. А плус полицијата се понашава селективна и шерифкса, нема каде да се жалиш.
 
Ова со казните не е ништо ново државата сака да собере пари за да ги нахрани пензионерите и административците помирете се со тоа.

Нема друг начин за жал
Има има, не биди лку песимиста , на пример 120 литар безоловен
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom