Дали Асад ќе остане на чело на Сирија?

B

Black Guard

Гостин
Ух,
Не е баш својствено за САД како земја со контантна политика во последните 70 години да речеш дека нивна воена интервенција би зависела од политичката партија што е на власт.
.
Не ни реков само демократите ги сметам за помеки.

И сега, што има разлика помеѓу Пакистан, Северна Кореја и Иран?
Првите две се нуклеарни сили а третата настојува.

Не дека Нуклеарното оружје ќе им значи многу. Ниту пак дека ќе пробат да го употребат.
Како бе нема да им значи,свесен ли си што значи поседување на WMD-повеќе влијание а со тоа и остварување на своите интереси.

Одвраќање од агресор.

На крајот на краиштата, Русија прва би реагирала и на сама помисла Иран да употреби нуклеарка. И

зошто мислиш дека би наебале ако Иран влезе во клубот?
Како идна НАТО членка мислам дека би биле загрозени.

Северна Кореја е сега нешто појака? Ако сакаат да ја сјебат, мислиш дека неможат?
Можат,ама по која цена:)
СССР имаше најголем нуклеарен потенцијал, па сепак се распадна...
Дали некоја сојузна држава ќе постои или ќе се распадне тоа не зависи од нуклеарните капацитети.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Иран нема направено инвазија на друга земја во последните 250 години. Тоа е една од најмирољубивите земји, која иако е многу појака од своите соседи никогаш не направила напад. Ова со нуклеарната бомба е детерент од евентуална инвазија на америте врз нив по теркот на Либија. Исто така, ако имаш нуклеарка можеш да преговараш на исто рамниште со Израел.
p.s.Ако мислите дека Иран ќе биде лесен за освојување
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Абе и вие што будали сте бре аман, алоооо нуклеарките не се играчки, тие не постојат за да се употребува,тие постојат само за една црвста гаранција за една држава,макар што пак не е гаранција, и уште нешто не значи дека ако имаш нуклеарки ќе опстанеш, во времето СССР имаше нај многу нуклеарки во светот па пак се распаднаа, и плус силата на една земја не зависи само од нуклеарки, има многу нешта тука, економија,армија,геостратегија,надворешна политика итн, ево Германија, Јапонија,Бразил и Турција не се нуклеарни сили па пак силни се и моќни се, немојте да заборавате дека и Пакистан е нуклеарна сила, па пак земја е пустина, американците и терористите на АЛ-Каида ги дупет пакистанскине сили кога сакат....:tapp:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.519
Поени од реакции
27.335
Иран нема направено инвазија на друга земја во последните 250 години. Тоа е една од најмирољубивите земји, која иако е многу појака од своите соседи никогаш не направила напад. Ова со нуклеарната бомба е детерент од евентуална инвазија на америте врз нив по теркот на Либија. Исто така, ако имаш нуклеарка можеш да преговараш на исто рамниште со Израел.
p.s.Ако мислите дека Иран ќе биде лесен за освојување
Абе дечко, истите приказни беа за талибан, за Србија, За Садам, за Гадафи. Секогаш се истите приказни, со некое тајно оружје, јака армија и така натака. Нормално да има вакви видеа.

А што се однесува до агресија, не е дека не покушале, од 1982 до 1988 го напаѓаа Ирак. Е сега што била безуспешна агресијата и со 1.000.000 жртви зборува за нивната сила како армија и на нејзините генерали што праќале глинени голуби во смрт во името на Ајатолахот.

Све на све, ќе ги средат за неколку недели, само ако им се имаат есап. Ништо тие за џабе не праат, ниту за политика, ниту за идеологија, све е пари, и како ќе испадне сметката на крај.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Иран нема направено инвазија на друга земја во последните 250 години. Тоа е една од најмирољубивите земји, која иако е многу појака од своите соседи никогаш не направила напад. Ова со нуклеарната бомба е детерент од евентуална инвазија на америте врз нив по теркот на Либија. Исто така, ако имаш нуклеарка можеш да преговараш на исто рамниште со Израел.
Не се баш 250 години... :)
А дека е мирољубива, тоа тешко. Немаа никаков проблем да ги бомбардираат Ирачките градови и да убиваат цивили.

Тоа што не нападнале некоја земја долго време, не значи дека нема да го сторат тоа кога ќе им се пружи шанса. Јасно е дека Иран развива нуклеарно оружје, уште појасно е дека тоа не е насочено против Израел, туку главно против С. Арабија. А ако развие нуклеарно оружје, тоа ќе предизвика трка во вооружување, па и С. Арабија ќе почне да развива нуклеарки. А тоа не е добро, религиозно фанатици да мафтаат со оружја за масовно уништување.
 
Прво, се 250 години.
Второ,
ИЗгледај го овој британски документарец, и послем збори.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ќе остане.Тоа е во интерес на Русија, Кина и Иран.Русија цело време доставува оружје до режимот на Асад, а сега читам војската на Асад го освоила и најголемото бунтовничко жариште Хомс.Ако не остане Асад на власт, Русија ќе го изгуби најголемиот купувач на руско оружје а Иран пак на пр. ќе го изгуби својот единствен најголем сојузник во регионот наспроти другите земји кои не се баш пријателски настроени со Иран.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Прво, се 250 години.
Помалку од 200 години се, кога Иран (веројатно тогашна Персија) ја нападна Русија и беа поразени.
Последен пат кога пробаа да освојат територија, беше пред 30тина години, кога не жалеа ни војска, ни имаа милост во патот кон освојувањето.

Патриотизмот не им е од голема корист, кога еднаш ќе почнат да паѓаат бомби од "отворено небо". Технолошки и воено Иран е инфериорен во споредба со западот.
 
Иран требеше да се нападне уште пред 20 години, ево сега сме 2012, па пак ништо, слушаме секој ден само зборови вака ќе правиме така ќе правиме,,, ништо ново од Западот..:tapp:
Очигледно е дека Иран е голем залак за сите.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Иран требеше да се нападне уште пред 20 години, ево сега сме 2012, па пак ништо, слушаме секој ден само зборови вака ќе правиме така ќе правиме,,, ништо ново од Западот..:tapp:
Очигледно е дека Иран е голем залак за сите.
Се брзаш негде? Се чека само поволна ситуација. И Германците со Австро-Унгарија сојузот го оформија 35 години пред да повлечат потег и да предизвикаат светска војна.
Гледаш, постојано се убиваат Ирански нуклеарни научници, се случуваат експлозии во Ирански бази, сајбер напади... сето тоа е купување време.

Инаку за период од 20 години, Западот нападна 7-8 земји без никаков поголем проблем.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Се брзаш негде? Се чека само поволна ситуација. И Германците со Австро-Унгарија сојузот го оформија 35 години пред да повлечат потег и да предизвикаат светска војна.
Гледаш, постојано се убиваат Ирански нуклеарни научници, се случуваат експлозии во Ирански бази, сајбер напади... сето тоа е купување време.

Инаку за период од 20 години, Западот нападна 7-8 земји без никаков поголем проблем.
Абе ок ама малку се бламираат, медиумите пред неколку години пишуваа дека Иран ќе се нападне во 2005 година, па после се шпекулираше дека во 2008,па после тоа во 2010,2011, сега сме 2012 па пак ништо, ајде веќе нека ги нападнат, дур не произведуваат атомски бомби, после многу касно ќе биде.
А за болдот, мислам дека Иран не е како другите..
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.243
Сирија е една од најголемите купувачи на оружје од Русија, додека Асад е на власт во Русија ќе има пазар, а ако дојде западот ништо од бизнисот. :свиркам:Затоа е важно Асад да остане на власт за нив.

Иран воено нема што да се перчи. Со тоа перчењето може да им продава пуканки на соседите од типот на Азербејџан, Туркменистан и компанија. А не на големите играчи. Ахмадинеџад тоа го знае и тоа пувкање е само од дневнополитички аспект да го зајакне моралот внатре во државата.
Веќе однапред е пресметано, достижен е Иран за израелските авиони (со дополнување гориво во лет,) иако тие веќе водат војна со Иран.
Потенцијалните мети би им биле оние нуклеарни централи каде ги вградија третата генерација центрифуги за збогатување на ураниум, истото сценарио во Ирак 1981 година, со нивната нафта, и можеби се чека моментот кога Иранците ќе станат бесни на својот Ајатолах и неговата марионета,
И да, Америка сега се повлекува од Ирак, но вистинското прашање е:Дали се повлекува зошто веќе си ги остварија своите цели?
Школски пример за демократија :свиркам::свиркам::свиркам::свиркам::свиркам::свиркам::свиркам::свиркам::свиркам:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.519
Поени од реакции
27.335
Сирија е една од најголемите купувачи на оружје од Русија, додека Асад е на власт во Русија ќе има пазар, а ако дојде западот ништо од бизнисот. :свиркам:Затоа е важно Асад да остане на власт за нив.
Историјата докажува дека секогаш се отвораат нови пазари за оружје. Еве на пример Курдистан. Ако САД реши да го тргне Асад (а искрено мислам дека нема), тогаш нема да биде без амин од Русија. Истото важи и за Иран. Може да има викање перчење глумење лудило, ама во позадина ќе има пазар.

А јас не верувам дека ќе го тргнат Асад од причина што Сирија не е плодно тло за Арапската пролет. Тие луѓе колку и да зборат арапски, тие не се арапи, тие се поарабени Персијци, кои се врзани со Иран. Башка тоа режимот на Асад, не е налудничав попут оној на Садам или на Гадафи. Истовремено и единствена држава во блискиот исток која со декрет ги заштитува христијаните (2 милиони православно население има во Сирија кои цврсто го подржуваат режимот на Асад). Искрено мислам дека и колку да изгледа налудничаво, ми се чини дека дури ни Израел не се многу да се смени режимот (И покрај војните и отвореното непријателство), пошто секуларниот режим би се заменил со Исламистичка диктатура.

И да, Америка сега се повлекува од Ирак, но вистинското прашање е:Дали се повлекува зошто веќе си ги остварија своите цели?
Школски пример за демократија :свиркам::свиркам::свиркам::свиркам::свиркам::свиркам::свиркам::свиркам::свиркам:
Оваа мисла ме интересира.... Ако можеш да ми ја образложиш малце.
 
K

kaiser soze

Гостин
Пред една седмица,повеќемина претставници на курдските политички партии од Сирија беа во посета на ирачкиот Курдистан,на средби со тамошните лидери.Тоа што произлегло од средбите,како што подоцна беше објавено е пораката од Барзани за резервираност на курдското малцинство во однос на случувањата таму.Курдите сочинуваат 10% од вкупното население во Сирија,па јасно е колку би значело нивното поактивно приклучување кон отпорот спрема Асад.Кој ја иницирал средбата,можам само да претпоставам.
Мое мислење е оти западот не сака брза смена на режимот,тоа не им е приоритет,а ниту моменталните случувања на блискиот исток не повикуваат за брза смена на режимот.Покрај тоа,нема никаква опасност од режимот на Асад за околината,има толеранција кон различните религиозни групи,што со негова смена тешко би можело да опстане.Сметам оти и западот извлече поука од настаните особено во Египет после Мубарак и можното продирање на радикалниот ислам на тамошната политичка сцена.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.519
Поени од реакции
27.335
Богатите бегаат од Сирија, Тунис му нуди прибежиште на Асад. Изгледа дека се движат работите во смена на режимот. Најверојатно уште еднаш после Гадафи се излажав и го подценив влијанието на Арапите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom