Еве еден мој рецепт
Полнети тиквички (млади)
4 тиквици средна големина
150 гр шунка
сирење по желба
магданос
маслински сецкани
лук
зачин (вегета, сол црн пипер)
2 јајца
Подговотовка:
Ги миете тиквичките и ги сечете на половина (долгнавесто), средишниот дел го вадите и ситно го сецкате, истото го правите и со шунката, магданосот, и маслинките, сето тоа во длабок сад го мешате, додавате сирење и лук со помош на ренде, двете јајца или изматете ги прво или убаво со помош на (чиста) рака измешајте ги со состојките да добиете една хомогена смеса, накарај само зачинете и со смесата наполнете ги тиквичките, на претходно загреана рерна од 230 степени во голема тава исецкајте домати (или некои конзервирани) со една главица кромид, ставете ги врз сосот тиквиците и печете едно половина час, откако ке заруменат одозгора додајте ленти кашкавал вратете уште 2 минути да се растопи, на крај извадете ја тавата и со сосот врз кој што ги ставивте тиквиците полејте ги и БОН апетит!