S
Shellshock nam67
Гостин
Сe помалку вреди еден човечки живот во Македонија. Системот дозволува некој да посегне по човечки живот, верувале или не, и за само пет денари. Црните хроники секојдневно се полнат со насилство и бруталност, убиства. И тоа, како што врви времето, сe побрутални и неочекувани, убиства за банални причини. Во полицискиот бележник, за три години, е забележано дека се убиени 95 лица во Македонија.
Само за една недела, минатата година се случија пет убиства. Речиси секој ден по едно. Бизарните убиства, насилството и агресијата само го отсликуваат несигурното секојдневје, па од таму со право зачести прашањето колку вреди човечкиот живот во државава? Пет пари, стотина денари и евра или, пак, шише ракија и кубик дрва, паркинг-простор? Што е тоа што ги тера луѓето толку лесно да се фаќаат за оружје? Од каде им е дрскоста, среде бел ден, дури и во најфреквентните делови во градовите, да пукаат, убиваат, да ограбуваат? Од кога стана толку лесно да посегнеш по нечиј живот, само ако некој криво те погледне?
П. А. Лазарова
izvor:http://vest.com.mk/?ItemID=84E62565844DAC4DBE14187B84D66AE1
kolku vredi coveckiot zivot vo makedonija ???