@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.114
е РЕДНО БЕШЕ веќе да им текне
Македонија и Русија треба да ја продлабочат економската соработка
Македонија и Русија имаат можности за продлабочена економска соработка и натамошно зголемување на трговската размена, водејќи се од позитивните трендови во извозот на македонски производи во Русија, и од можностите за зголемувањето на руските директни инвестиции во земјава. Ова се дел од заклучоците на средбата помеѓу Претседателот Ѓорге Иванов и заменик шефот на руската дипломатија, Владимир Генадиевиќ Титов, соопштија од кабинетот на претседателот. Иванов изразил задоволство од активностите насочени кон поврзување на Македонија на стратегискиот проект Јужен поток, додавајќи дека со тоа ќе се отвори нова перспектива за економски развој на земјата.
Претседателот Иванов и заменик министерот Титов на средбата констатирале дека Македонија и Руската Федерација негуваат блиски и пријателски односи, со континуиран политички дијалог на високо ниво, што придонесува кон натамошното развивање на политичките, економските и културните врски.
Соговорниците на средбата размениле мислења и за актуелната состојба за надминување на прашањето со името, состојбите во регионот на Југоисточна Европа, европската финансиска криза и глобалната безбедност.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/80910/makedonija_i_rusija_treba_da_ja_prodlabochat_ekonomskata_sorabotka.aspx